доилки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Apr 2023 10:15:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png доилки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бремените жени и доилките мора да ги избегнуваат овие производи за јадење и пиење https://arhiva.vistina.com.mk/bremenite-zheni-i-doilkite-mora-da-gi-izbegnuvaat-ovie-proizvodi-za-jadene-i-piene/ Mon, 10 Apr 2023 10:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297465

Mајчиното млеко е најдобро за бебињата, бидејќи ги содржи сите потребни витамини и хранливи материи. Но сепак, она што мајките го консумираат влијае на неговиот квалитет. Лекарите советуваат бремените жени и доилките да избегнуваат одредена храна или да ја јадат во ограничени количини, сè со цел бебето да се развие правилно и да биде здраво. Алкохолот е забранет за време на бременоста, но и по породувањето. Меѓутоа, ако не можете да одолеете, консумирајте минимални количини во поголеми интервали меѓу доењето затоа што сè што мајката конзумира влегува и во телото на бебето. Жалфијата, нането и јагликата, исто така треба да се избегнуваат, оти го намалуваат лачењето млеко. Лукот има силен и остар мирис, но и вкус, а тоа може да биде прилично одбивно за бебето. Истото важи и за зачинетата храна. Прекумерното внесување на цитрони, а со тоа и витаминот Ц може да му наштети на бебето, односно на стомачето. Ова предизвикува вознемиреност кај детето, но и чести повраќања. Би било препорачливо да се избегнуваат сите овие намирници за време на доењето, но сепак, може да се јадат во ограничени количини. Важно е вашето бебе да внесе доволно количество протеини, минерали, витамини, хранливи материи и хидрирани состојки заради подобар развој. Како што не смеете да претерувате, така мора да бидете сигурни дека бебето ќе добие сè што му треба. Извор: Курир.мк]]>

За трудниците, оние кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени: Марија Јаневска за вакцините и стравот од неплодноста https://arhiva.vistina.com.mk/za-trudnicite-onie-koi-dojat-ili-sakaat-vo-idnina-da-ostanat-bremeni-marija-janevska-za-vakcinite-i-stravot-od-neplodnosta/ Fri, 13 Aug 2021 09:25:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215191

Додека целиот свет е поделен на ЗА и ПРОТИВ ставови за вакцинирање против ковид-19, како особено засегнати по ова прашање се истакнуваат бремените жени, доилките и оние кои планираат бременост. Лажните вести, недоволната информираност или напливот на информации доведоа до премногу теории и страв од вакцините кај оваа категорија граѓани. Марија Јаневска- писателка и дипломиран фармацевт, која во моментов студира молекуларна вирусологија на престижен меѓународен универзитет и неодамна се пресели да живее и работи во Белгија, со детален статус објасни за полемиките околу неплодноста и вакцините. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост: „ЗА ВАКЦИНИТЕ И НЕПЛОДНОСТА“ Во последно време се воздржувам да навлагам во полемики за ковид и вакцините, меѓутоа бидејќи гледам дека никој не е доволно информиран, би сакала да објаснам неколку работи со цел да помогнам на многу од девојките кои се реално исплашени. 1. Нема научни докази за неплодност кај жените. Единствена теорија која антиваксерите ја имаа беше дека Ѕ протеинот на површината на коронавирусот е сличен по структура на протеинот Синцитин-1 (протеин во нашата матка кој е одговорен за задржување и вгнездување на плодот). Теоријата вели дека антителата создадени по вакцинација ќе се збунат и по грешка ќе го нападнат синцитинот мислејќи дека е Ѕ протеинот од коронавирусот и ќе го уништат, правејќи не нас жените неплодни односно неспособни да го задржиме плодот. Велат дека генетскиот код за Синцитинот е премногу сличен на Ѕ протеинот и дека поради тоа антителата ќе се збунат и ќе се врзат за Синцитинот и ќе го уништат. За да видите колку не е сличен, погледнете ја сликичката која ќе Ви ја прикачам подолу. Сѐ што е обележано со ѕвездичка значи поклопување на кодот (сличност). BatRaTG13 e вирусот од кој потекнува коронавирусот. Wuhan е коронавирусот кој прв се појави. HERVW е кодот за протеинот синцитин-1. Единствената минимална сличност е поради тоа што кодот за самиот Синцитин во нашето тело е внесен милиони години наназад со помош на вирус во еволуциското минато. Така го имаме ние кодот за Синцитин-1 во нашиот генетски код. Ваквиот ген има посебен назив и се вика ендоген ретровирусен елемент и по дефиниција претставува ДНК секвенца која потекнува од вирус, а постои во герминативна линија кај не-вирусен организам или во овој случај кај цицач/луѓето. “The gene encoding this protein is an endogenous retroviral element that is the remnant of an ancient retroviral infection integrated into the primate germ line. In the case of syncytin-1 (which is found in humans, apes, and Old World but not New World monkeys), this integration likely occurred more than 25 million years ago. Syncytin-1 is one of two known syncytin proteins expressed in catarrhini primates (the other being syncytin-2) and one of many viral genomes incorporated on multiple occasions over evolutionary time in diverse mammalian species.” Значи синцитинот самиот по себе има вирусно потекло и затоа е до некаде минимално сличен со Ѕ протеинот на коронавирусот. Дополнително, ако ова беше вистина, по таа логика сите жени што прележале ковид и сега имаат антитела треба да се неплодни, не? Тотална глупост. 2. Така гледано, кодот за колаген е далеку посличен со Ѕ протеинот отколку кодот на Синцитинот. Колагенот е протеин кој го има насекаде во нашето тело, тоа не значи дека сите што прележале ковид или се вакцинирани, сега имаат алергии или се исфрлани насекаде по телото/кожата. 3. Дополнително на сите овие факти, во биологијата не е сѐ така лесно, баш напротив организмот има толку многу начини на контрола и ништо не се одвива случајно и по грешка. Прво, за да едно антитело делува крос-реактивно нештото треба да е слично 99%. Ова е случај кај два вируси од исто потекло, на пример два соја на коронавирусот. Доколку имате антитела кон британскиот коронавирус, а Ве зарази јужно-африканскиот или индискиот сој, најверојатно вашите антитела ќе делуваат крос-реактивно и 90% ќе ве заштитат од овие два слични вируси. Зошто? Бидејќи нивниот код е речиси идентичен, односно тие се разликуваат во една или две мутации (една или две букви). Затоа се вели дека вакцините делуваат и покрај тоа што има нови соеви на коронавирусот, зошто новите соеви се разликуваат за “една или две букви”, односно тие се 99% слични со оној вирус за кој сте примиле вакцина. Во биологијата сѐ функционира по принцип на клуч и брава и нашите тела се многу паметни. Не може антителата туку така да одат и да напаѓаат што и да им текне. Ништо не е оставено на случајност. 4. Исто така, дури и да кодовите беа исти, поврзувањето на антителото и рецепторот се случува на протеинско ниво, а не на ниво на ДНК секвенца. Ова значи дека неправилно здиплување на протеинот може лесно да доведе до НЕврзување на антителото со синцитинот. 5. За крај, сѐ ова што ви го набројав се теоретски факти, но постојат и практични докази. Кога почнаа клиничките студии за вакцините многу од волонтерите жени случајно останаа бремени. Овие бремености никогаш не беа прекинати, туку напротив беа земени како шанса за да се истражи ефектот на вакцините врз бременоста и плодот. На кратко, ќе ви набројам процент на спонтани абортуси кај вакцинирани и кај невакцинирани со различните вакцини, и ќе ви оставам линкови од студиите подолу за да прочитате доколку сакате повеќе. линк: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33169234/ Ова не значи дека сега сите трудници треба да се вакцинираат. Напротив, сѐ уште се вели да почекаат до породувањето зошто и овие докази не се доволни за едно бебе кое сѐ уште не е родено. Но, девојки кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени нема потреба да се плашат од вакцинација. So, believe in science and get vaccinated!“ - заклучи за крај Јаневска. ]]>

Која храна треба да ја избегнуваат доилките https://arhiva.vistina.com.mk/koja-hrana-treba-da-ja-izbegnuvaat-doilkite/ Tue, 14 Aug 2018 17:44:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42731

Мајките кои ги дојат своите деца мора да се хранат здраво и избалансирано, што подразбира зголемен внес на здрави намирници и намалување или потполно избегнување на оние намирници кои можат лошо да влијаат на бебето. Ако вашето бебе често има дијареја,грчеви или осипи, погледнете кои намирници се виновни за тоа. Кафе Кога пиете кафе, чај или газирани сокови), еден дел од кофеинот завршува во вашето млеко. Со оглед на тоа што бебињата не можат да го обработат и да го исфрлат кофеинот толку брзо и ефикасно како возрасните, вишокот на оваа супстанца во нивното тело може да доведе до раздразливост, несоница и иритација. Решението е едноставно, иако не е лесно за секого - намалете го внесот на кафето и кофеинските пијалоци. Колку и да сте поспани, плачливото и раздразливото бебе кое не може да спие само ќе ја влоши ситуацијата. Пробајте кафе без кофеин, и ако не можете да се откажете од овој пијалок, погрижете се да пиете барем после доењето.
Чоколадо Бидете внимателни ако чоколадото ви е омилен десерт. Исто како кафето и газираните сокови, така и чоколадо содржи одреден процент на кофеин, иако значително помалку од овие пијалоци. Ако се сомневате дека чоколадата може да биде одговорна за непријатните симптоми на вашето бебе, обидете се неколку дена да не јадете воопшто. Колку и да ви паѓа ова тешко, ако забележите дека во тие неколку денови вашето бебе подобро спие и дека е подобро расположено, исфрлете го чоколадото од вашата исхрана додека доите.
Цитруси Вкусните и здрави овошја, како портокалот и грејпфрутото, може да содржат одредени материи кои не им влијаат добро на бебињата. Имено, овие супстанции можат да предизвикаат неразвиеност на гастроинтестиналниот систем, а бебињата да добијат дигестивни проблеми, повраќање, а во некои случаи и појава на осип. Направете го истиот тест како со чоколадото и проверете дали проблемот е во цитрусите. Ако се утврди дека проблемот е во цитрусите, тогаш исфрлете ги од исхраната. Не само овошјето, туку и овошните сокови кои ги содржат истите иритирачки материи. За да ги надополните витамините кои ги содржат цитрусите, започнете со внес на други намирници кои се богати со витамин Ц.
Брокули Можеби вашите лекари ви рекле дека не треба да верувате во стари и лажни приказни за тоа како конзумирањето брокули, карфиол и други зеленчуци кои предизвикуваат гасови може да доведат до грчеви и гасови кај бебето. Но, прашајте мајка која има искуство со влијанието на брокулите врз бебето, и ќе слушнете друга приказна. Ако мислите дека вашата салата со брокула може да биде крива за симптомите на детето, одморете од оваа билка неколку дена. Но, наместо целосно да ја исфрлиш од исхраната, полека можете да ја вметнувате по малку, и да видите како ќе реагира бебето.
Алкохол Ако понекогаш пиете чаша вино на вечера, нема причина да се грижите за тоа. Повеќето експерти се согласуваат дека еден или помалку пијалоци дневно немаат ефект врз детето. Но, ако имате навика да пиете повеќе, тогаш ова може да биде сериозен проблем за детето. Американската педијатриска академија тврди дека пиењето алкохол може да има непријатни последици за детето.
Лута храна Ова зависи од мајка до мајка. Некои жени можат да додадат лути пиперки во речиси секое јадење, а сепак да имаат среќно и задоволно дете. Но, некои мајки забележуваат дека дури и најмалиот додаток на лути зачини во храната може да доведе до раздразливост и нарушување кај бебето што цица. Ако сте забележале дека вашето бебе реагира вака, избегнувајте лути зачини, Наместо тоа, користете зачини кои даваат посебен и интересен вкус, без лутина. На пример, сок од лимон или ѓумбир.
Лук Колку и да ви е вкусен лукот, вашето бебе не мора да се согласува со вашето мислење. Имено, лукот може да го промени вкусот на млекото, а научниците велат дека ова ароматично растение може да остави вкус во млекото дури и два часа по оброкот. Затоа некои бебиња може да прават гримаси или да одбијат да цицаат, ако ја почувствуваат аромата на лукот во мајчиното млеко.
Кикирики Дали вие, или членовите на вашето семејство, имате чудни алергии? Ако одговорот е да, тогаш треба да бидете внимателни со конзумацијата на кикиритки додека доите. Кикириките се прилично чести алергени, а препораката е внимателно да се јадат бидејќи бебето може да биде алергично. Ако јадете кикирики, и се потврди дека бебето е алергично, ќе забележите симптоми како што се осип, егземи и тешко дишење.
Пченица Ако забележите дека по оброкот со леб или тестенини, доењето на детето резултира со плачење, очигледна болка и запек или крв во столицата, ова може да биде индикатор за алергија на пченица. За да проверите дали станува збор за тоа, елиминирајте ја пченицата од менито на две, три недели. Ако симптомите се подобрат или исчезнат, ќе знаете дека сте го нашле главниот виновник - и ќе продолжите да ја избегнувате пченицата.Од друга страна, ако бебето сеуште има непријатни симптоми, елиминирање по еден прехранбен производ од листата се додека не дознаете што е проблемот. Ако на бебето нешто му пречи, веројатно се наоѓа на листата.
Млечни производи Познато е дека на многу бебиња им пречи адаптираната млечна формула базирана на кравјо млеко. Но, ако мајката пие млеко и јаде млечни производи како што се: сирење, сладолед или јогурт, истите алергени можат да стигнат до мајчиното млеко, а потоа и до бебето. Симптомите на алергија или хиперсензитивност на млеко се грчеви, повраќање, несоница и егзема.
Пченка Алергиите од пченка се чести кај малите деца, но како може да бидете сигурни дека симптомите како што се грчеви, плачење и осип се резултат на пченката што ја јадевте за вечера? Ако не сте сигурни дека пченката е храната што сакате да ја отстраните, почнете да водите дневник на исхрана. Во него запишувајте кога ќе изедете нешто од пченка и како изреагирало вашето бебе. Ако забележите дека постои некој шаблон по кој вашето бебе има грчеви и непријатност само кога јадете пченка, веројатно е добра идеја да започнете да ја елиминирате оваа храна.
Школки Школките се познати по тоа што предизвикуваат алергии, а научниците покажаа дека колку што е почеста алергијата во семејството, толку е поголем ризикот дека детето ќе има алергија и дека ќе се појави многу рано. Иако школките и другите морски суштества, како што е јастогот, не се толку чести во нашата исхрана, сепак, треба да се грижиме и за овие работи. Значи, ако таткото на вашето дете има алергија, но вие немате - можеби сепак е најдобро да ги избегнувате школките додека доите.
Јајца Алергијата на јајца, која обично претставува хиперсензитивност на белките, се повеќе се јавува кај децата. Меѓутоа, голем проблем е тоа што јајцата се во речиси сè - од леб, преку закуски до сладолед. Затоа оваа алергија лесно може да се превиди.
Соја Многу деца кои имаат проблеми со кравјо млеко не ја толерираат најдобро и сојата. Ова се лоши вести за оние мајки кои мислеа дека млекото во кафето може да се замени со соја млеко. Ако се сомневате дека бебето реагира лошо на сојата, обрнете внимание производи конзумирате. Имено, протеинските шејкови и енергетските плочки, во кои се наоѓаат изолирани соини протеини, можат да бидат многу поголеми алергени од ферментираните производи.
Она што им се препорачува на сите доилки кои се сомневаат дека детето има алергија е да ги исфрлат сите главни алергени од исхраната. Тука спаѓаат: млеко и млечни производи, соја, јајца, пченица, кикирики и школки. По две недели, овие намирници почнуваат да се додаваат една по една, во период од околу четири дена. Добро обратете внимание како реагира вашето бебе по секоја нова храна.]]>