„Доѓи да те волим“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Sep 2023 08:56:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „Доѓи да те волим“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марко Николиќ албумот првенец „Доѓи да те волим“ ќе го промовира и во Скопје (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marko-nikolik-albumot-prvenets-dogi-da-te-volim-ke-go-promovira-i-vo-skopje/ Fri, 22 Sep 2023 08:55:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319222

Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот на поп и народната музика, на јавноста ѝ го претставува деби албумот со наслов „Доѓи да те волим“. Станува збор за музички проект со 10 песни полни со љубов, романтика и нежни ноти, а кој освен што се промовира во соседството ќе биде претставен и кај нас. Идејата албумот да ѝ го претстави на македонската публика, вели Марко, доаѓа од неговата љубов кон нашата земја за која го врзуваат прекрасни спомени од детството. „Македонија, нејзината историја, богатото културно наследство и музиката исклучително ги ценам и почитувам од мали нозе. Кога бев мал доаѓавме на Охридското Езеро, а во нашиот дом на прославите мама и тато често пееја македонски песни. Не можам да не го споменам ниту Тоше Проески, кој, според мене, беше и остана најдобриот пејач на овие простори, вели Марко, чии песни и спотови веќе може да се чујат и видат на сите дигитални платформи. Марко, инаку е доминантен автор на овој музички проект, а меѓу имињата со кои соработувал се и Марина Туцаковиќ, Саша Милошевиќ – Маре, Билјана Спасиќ и Нада Бучевиќ. Освен одличните текстописци во снимањето на материјалот вклучува и реномирани музичари од Лондон, Њујорк, Рим, Берлин, Белград и Загреб, а миксот и мастерингот за еден дел од албумот „Доѓи да те волим“ е правен во познатото студио Abbey Road во Лондон, каде е снимена и „лајв“ верзија. Музичката кариера на Марко, инаку почнува уште во детството кога во дуетот Мармаја заедно со сестра му Маја Николиќ (позната пејачка и честа гостинка на домашните фестивали) настапувал по бројни детски фестивали и освоил многу награди ширум цела поранешна Југославија. Завршил музичко училиште во Ниш, каде е и роден, а во 1997 година ги започнува студиите во Грац, каде дипломирал на отсекот Џез и соло пеење. Од тогаш активно компонира и пишува текстови за некои од најголемите музички имиња во соседството како Драгана Мирковиќ, Дејан Матиќ, Бобан Рајовиќ, сестра му Маја, а неговата музика потпишува и бројни ТВ-спотови и документарни филмови. Особено е горд на музиката за документарецот за кралското семејство и дворецот Вадуз во Лихтенштајн. Во 2002 година се сели во Виена каде и денес заедно со сопругата Ана Бучевиќ, познат мотивационен говорник, и семејството живее и твори. Марко како композитор четири пати бил дел од националниот избор за песна на Евровизија во Србија, а во 2021 година настапува и како солист со песната по која е насловен албумот „Доѓи да те волим“. Македонската промоција на студискиот материјал на Марко, што дефинитивно е вистинско музичко освежување на просторите на цела поранешна Југославија е планирана за ноември. Првата песна од албумот која беше пуштена во етерот е „Чаробан дан“, тоа е композиција за која Марко вели дека е радио ‘френдли’ тема, весела, приемчива за слушање, па се надевам дека ќе уживате во неа и дека ќе имате магичен ден. ]]>