додик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Sep 2021 12:09:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png додик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хрватската поп ѕвезда менува професија: Севе станува водителка на Те-Ве (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatskata-pop-dzvezda-menuva-profesija-seve-stanuva-voditelka-na-te-ve-foto/ Thu, 09 Sep 2021 12:09:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218511

Хрватската поп sвезда одлучи да ја промени професијата среде новиот делта бран пандемија на коронавирусот, бидејќи нема доволно настапи, за да може да го издржува својот син Александар, над кого неодамна беше обновено нејзиното старателство. Како што пишуваат српските медиуми, Севе неодамна се договорила со Игор Додик, синот на Милан Додик  дека таа ќе биде авторка на емисијата што ќе се емитува на регионалниот канал „ТВ Уна“ со седиште во Бања Лука. „Челниците на Уна ТВ, која треба да започне со работа до крајот на годината, веруваат дека Севе би била полн погодок за гледаноста бидејќи има армија обожаватели. Отпрвин, таа не беше сигурна дали сака да се согласи на ток -шоуто. Таа размислуваше долго време и на крајот сепак одлучи да работи како водителка, бидејќи доби понуда која не можеше да се  одбие! На крајот на краиштата, таа сега има огромна потреба од пари затоа што повторно нема доволно концерти поради новиот бран на коронавирусот“ - вели извор близок до пејачката. Ова нема да биде првпат пејачката да работи како водитека. Уште во 1989 година, таа беше водителка на музичкото шоу „Топ кап“ со нејзината колешка Ивана Банфиќ. И пред година и пол, додека беше затворена во Белград, во куќата на тогашниот свекор Драган Којиќ - Кеба за време на полицискиот час, таа го замисли и реализираше онлајн шоуто „Севетеве“, кое го емитуваше секоја сабота на нејзиниот канал на Јутјуб. Во таа емисија, таа вапцаше јајца, подготвуваше риба, пееше со Кеба, ја чистеше куќата, правеше интервју со Неле Карајлиќ ... Тоа им се допадна на нејзините обожаватели, па повеќе од 50.000 луѓе ја гледаа секоја епизода на „Севетеве“. И покрај одличната гледаност, по неколку епизоди, таа го прекина шоуто затоа што имаше жестока расправија со сопругот Игор! За време на полицискиот час, таа избега од куќата на Кеба, поради што беше приведена. Потоа се врати во Хрватска и одлучи да се разведе од Којиќ, што неодамна и го направи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Severina (@severina)

Фото: Инстаграм принтскрин/severina]]>