дочек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Feb 2024 12:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дочек – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еротска долна облека, жартиери, секси гаќички, провидни градници… вака се подготвуваа(т) за „Денот на вљубените“ познатите македонски убавици (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/erotska-dolna-obleka-zartieri-seksi-gakjichki-providni-gradnici-vaka-se-podgotvuvaat-za-denot-na-vljubenite-poznatite-makedonski-ubavici-foto-video/ Sat, 17 Feb 2024 10:26:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238847

14-ти февруари или Св. Валентин, за оние што ќе го прескокнат Св. Трифун. Денот на вљубените, во кој љубовта се споделува  повеќе од вообичаеното, се покажува со внимание, подароци, размена на чувства и нежности... Најчесто во пријатна ресторанска атмосфера, со добра закуска, чаша вино и влажни погледи на вљубените партенери. А потоа... второ полувреме. Она каде што волшебната игра на сетилата го започнува својот љубовен танц, па емоциите сами итаат во прегратка на страстите, чиј наплив предизвикува бура од слатки воздишки и кулминација од задоволства... Амор и Ерос кај и да е, наздравуваат со црвено вино, додека го прославуваат чинот, поскаувајќи тој што подолго да трае! Но за такавата претстава потребна е и посебна подготовка. Особено онаа која ја негува понежниот пол, кој е оној кој треба да се допадне, привлече, намами, предизвика, освои, „запали“... А дамите не само што не се имуни на ова, туку прават се да изгледат што попожелно и попривлечно,  за Денот на вљубените особено. Па уште ако имаат добар повод и уште подобра причина за тоа... Изгледот од соништата, особено оние еротските, уште во старт ги бранува страстите. А долната облека е таа што ја поместува границата и замаглува реалноста, претворајќи ја стварноста во страсна еротска бајка. Три познати македонски дами покажаа како се подготвуваат кога го чекаат Денот (или можеби ноќта) на вљубените. Во долна облека од еротските соништа, со различен вкус, но со стил кој го потенцира сиот нивен сексапил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Eleonora Kochovska (@__elle.m__)

Елеонора Нора некогаш Миљковиќ, сега г-ѓа Кочовска, најпознатата македонска ријалити учесничка, модел и ТВ РЕД водителка е секси зајачица, налик на оние од насловниците на најпознатиот светски машки магазин на сите времиња. Секси убавица која зрачи со еротски набој кој ја поместува тенката граница на она што ги дразни машките мисли и сетила… Елеонора слободно им допушта па дури и ги повикува да влезат во нејзините соништа, зашто таа ионака е веќе во нивните… Како и не би, кога штом ја видите таа е како „бисер во отворена школка“, провокативна, пожелна, привлечна, секси… до болка! На нејзините следбеници им остануваат само мечтите, а она реалното завршува како благослов во рацете на нејзиниот човек. Блазеси му на тој господин, со кој  го споделува овој чин на размена на нежности и за Свети Валентин! Кристина Димитри(евска), екс - македонската мисица и модел, а се' повеќе естрадна уметница, чија убавина излезе на виделина дури откако излезе од брачните прегратки на многу попознатиот сопружник. Оттогаш кариерата во подем, на неколку полиња, а убавината, зачинета со сета еротика која телесниот ракош и ја дозволува, како и нексротливиот сексапил со кој Бог на надарил. За Денот на вљубените Кристина посебно подготвена, за што самата се отвори и откри дека одново има добра причина ... Во долна облека од нежно бела провидна тантела со еротски набој кој ги дразни сите сетила и поглед кој повикува, ставајќи го нејзиниот среќник пред свршен чин...  Наместо да наздрави со Св.Трифун, „да му се фрли во жешки прегратки“ на  Св. Валентин!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nakit Bling Bling (@blingbling.mk)

Хрисанта Монева е најмалку позната девојка. Не е јавна личност иако може да се смета на  некој начин за таква, секоја што ќе влезе во врска со „големиот брат“ од Куманово, ријалити ѕвездата, модел, инфлуенсер, трапер,спортски работник и општински советник, кумановецот Дарко - Спејко. Дека неговите прегратки и годат, а нему нејзиното извајано манекенско тело и сиот телесен раскош што го поседува, обајцата  веќе во неколку наврати јавно покажаа . Но, Денот на вљубените е момнетот кога треба на љубовта и љубовните страсти човек целосно да им се препушти, па вакавата можност затоа не смее да се пропушти. Раскошната убавица очигледно тоа добро го знае, зашто проверениот рецепт и претходно веќе го применила... Па затоа сликовито доловила како овој пат се подготвила на својот пастув да му приреди ноќ за паметење, во која ќе му подари уште една тура незаборавни мигови. Фото: Инстаграм принтскрин/eros.underwear/_elle.m/kristina.dimitry/hrisantam          ]]>

Лила Филиповска покажа како се чека Нова Година во интимна атмосфера за двајца: Твојот Дедо Мраз сум јас! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-filipovska-pokaza-kako-se-cheka-nova-godina-vo-intimna-atmosfera-za-dvajca-tvojot-dedo-mraz-sum-jas-foto/ Mon, 01 Jan 2024 08:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231541

Празници се ближат, празници се нижат... Нова Година  е веројатно најубавиот, најпосакуваниот, најблескавиот, најбајковитиот... Испраќање на страта и дочек на новата, полна со желби, надежи, очекувања... За децата, а уште повеќе за возрасните. И  едните и другите посакуваат Дедо Мраз да им го донесе она по што копнеат, па затоа секој има своја желба, слична, а сепак лична... Децата сигурно ќе го чекаат најдобриот дедо на светот да дојде во нивниот дом и под елката да им го остави очекуваниот подарок, а возрасните... Е кај нив може и поинаку. Најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска реши да не му одзема од времето на Дедо Мраз, туку да им го остави на децата, па покажа како изгледа кога се чека Нова Година во интимна атмосфера за двајца... Пред и откако ќе се поклопат стрелките на часовникот во полноќ, кога твојот Дедо Мраз сум јас! Претходно накитена елка, украсена и декориран ентериер на секој чекор во новогодишен декор, за атмосферата да биде навистина празнична, иако највозбудливото допрва следува... Не, не е подарокот, или всушност е, ама не само оној материјалнот кој Дедо Мраз го оставил под елката за драгата и сакана особа. Она другото е всушност она вистинското, она што се дарува со неодолива возбуда, а потоа радоста се памети довека. Затоа Лила покажа како треба да се изгледа во оваа  посебна прилика, за која  треба и посебна подготовка, или поточно комбинација на празнична облека, особено кога се работи за интимната... За лична самодоверба и комфорна зона на удобност, до степен на максимална возбуда на оној, со кој само вие двајца ќе ја чекате Нова Година. Водителката стокмена од раменици до петици,  сво свилена наметка на високи потпетици, само по градник и гаќички покажа како треба да се биде свечено и секси облечена за интимен дочек на Нова Година. Нежна, заводлива, сензуална, безвременска убавица, како секси дада мразица, подготвена за интимен дочек во 4 очи... А штом ќе се поклопат стрелките на часовникот  и на полноќ ќе чукне првиот час... твојот Дедо Мраз сум јас! Проверен рецепт како да се споделат новогодишните желби и честитки со љубовта и интимата... За да тргне годината! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska
 ]]>

Калиопи ја резимира 2023 година во екслузивно интервју за Вистина: „Без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-ja-rezimira-2023-godina-vo-eksluzivno-intervju-za-vistina-bez-ogled-na-toa-kakva-planina-mi-tezhi-na-pleshkite-jas-mirno-gi-zatvoram-ochite/ Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332923

За нашата поп -пејачка Калиопи редовно се залепени епитетите дива, кралица, најдобра… што таа во неколку наврати кажала дека нема проблем да ги стави на лицитација. Сепак, ласкањето за тоа што е таа и она што го работи, сосема оправдано се надополнува. Неуморен професионалец, секогаш непосредна и отворена за своите фанови, без чувството дека таа е ѕвезда и е недостижна во денешниот естраден свет. Децениската кариера, бројните хитови и концерти ја прават она што е денес, а според обемот на се’ што направила во годината која ја испраќаме, ќе треба да одговори многу и да испишеме уште повеќе од ова и повторно да останаме недокажани. За крајот на 2023 година Калиопи во ексклузивно интервју за Вистина зборуваше за тоа како ја сублимира оваа 2023 година, се’ она со кое и беше исполнета приватно и професионално, како и тоа што следи во 2024 година. Како се чувствува Калиопи пред крајот на годината? -Невообичаено спокојна. И последниве денови до пречекот ги користам за убави и креативни моменти, додека за годинешниов дочек на Новата година си посакав мирна и тивка ноќ. Празничниот дух успевате да си го донесете сами или за тоа мора да има синергија од целокупното опкружување? -Секогаш за добро расположение мора да започнете од себе, а потоа секако продолжувате во духот на споделувањето. Опкружувањето е многу важно, но сметам дека горе-долу сите ние веќе однапред си го знаеме нашиот избор на луѓе. Кој е Вашиот рецепт за постојана насмевка и позитивна енергија како личен печат, секако покрај моќниот вокал по што сте и препознатливи? -Го гледам само она што сакам да го видам! Не дозволувам никој и ништо да ми го расипе моето гледиште на светот, бидејќи иако свесна во какво време живееме, мене очите и срцето ќе ми бидат водени од љубовта! И тоа сакам да го поделам со луѓето, а нема подобар начин од насмевката! Покрај мојот глас, луѓето ме препознаваат и по неа. Години наназад редовно ја добивате и апсорбирате непресушната љубов од публиката, но дали Калиопи е емотивно исполената и сакана кога ќе се симне од сцена и ќе остане сама? -Претпоставувам дека сите ние си живееме некаква наша "сцена", без оглед на професиите. И сите ние го имаме моментот кога остануваме сами со себе, а јас тој момент го сметам за многу продуктивен. Потребен е пред сѐ да си ги средиме мислите и да си помуабетиме искрено со себе. Јас добивам огромно количество на љубов и под светлата на рефлекторите, но и кога тие ќе се угасат... Вложувате многу во кариерата, музиката, публиката, а доказ дека задоволството постои е перманентноста од која немате отстапки години наназад. Каде се крие клучот на истрајноста, неуморноста, инспирацијата, посветеноста...? -Нема поголем влог од доследноста до она во што си верувал од секогаш. Да се биде свој, е клучот, но секако и најскапиот дел. Тоа чини многу... Но на крајот од денот, без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите, бидејќи знам, утрото ќе ме награди со нова сила за храброста и решителноста да бидам своја. Апетитите на публката никогаш не се задоволени од Калиопи и нејзината музика, а тие воопшто не се мали со оглед дека регионот не е мал и Ве обожава. Постојано на пат, од хотел до холел, од сцена на сцена, Вие се давате, но од каде е Вашиот духовен извор за да се издржи и постигне тоа? -Љубовта и вербата се мојот главен извор и сила за сѐ она што ме очекува на патот наречен живот. Затоа и ништо не ми е тешко. Во проблемот го гледам предизвикот, во искушениата си го тестирам трпението и така растам. А се додека публиката е погладна за мојата музика, мене ќе ме има... Годинава одржавте многу концерти низ регионот, добивте многу аплаузи, враќање на бис, цвеќиња, разни подароци... Кои беа најдрагите моменти кога би ги споиле во едно? -Завршното поклонување со мојот бенд, пред да ја напуштиме сцената... Не можам да ви го доловам тоа чувство преку збор, тоа мора да се доживее... Затоа до година и тука, кај нас ќе го поделиме тоа чувство, на концертите кои се во план во Македонија. Колку општествените случувања се одразуваа на инспирацијата и кративноста, независно дали се позитивни или негативни? -О, и тоа како се одразуваат. Моите песни не се само љубовни, тие опфаќаат и социјални теми, ангажирани песни, некогаш се чист коментар на одредени случувања. Уметноста е широк простор во кој се изговараат и отсликуваат најголемите вистини. Јас и Ромео сме токму затоа феноменален тандем, особено кога е во прашање точната мисла преточена во збор. Ако се осврнете наназад низ годините од почетоците на Вашата кариера до денес, како би го оцениле развојот на македонската музика /естрада, кои беа најплодните години, а кои најсушните? -Секое време земено и од социјален и културолошки аспект си носи извесни промени. За некој тие се позитивни, додека за друг се катастрофални. Токму од тој аспект не знам колку е паметно било што да кажам на таа тема, а да не бидам погрешно сфатена. Затоа мудро ќе молчам и ќе го користам правото своето мислење да го искажувам преку своите дела. „Не сакам да снимам дуети, тоа не е мој стил“ беше подвлечена една Ваша изјава во медиумите. Зошто е тоа така и тоа веднаш откако излезе последениот и најнов дует со Жељко Самарџиќ кој патем поминува одлично? -Изјава извадена од контекст. Секако, нелогично е да кажам такво нешто, а истовремено да дејствувам поинаку! Зборував за тоа дека немам многу дуети во мојата кариера, бидејќи дуетот е нешто што треба да се случи по чувство , а не по план. Песната можам да ја делам само со некој кој ги чувствува нештата, луѓето и животот на сличен начин како јас. Од каде треба да почнат промените за повторно да заживее македонската поп музика. Да бидат повеќе посетени домашните концерти, настапи и да не се штеди да се одделат пари за карта за она што е наше, домашно? -Промените почнуваат од самопочитта. Кога тоа ќе го освестиме, ќе започнат сите други општествени и институционални промени кои се потребни во секој сегмент на нашето живеење. Што стои во приватната и професионална агенда на Калиопи за 2024 година? -Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме... Ако Калиопи е Дедо Мраз и може една работа да им подари на луѓето во Македонија, што би било тоа? -СРЕЌА фото: Приватна архива/ Ѓорѓи Христовски/Мартин Шишковски]]>

ДНК, Нино Величковски и Драган Мијалковски… главни ѕвезди за дочекот на Нова Година и денот по неа во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-nino-velichkovski-i-dragan-mijalkovski-glavni-zvezdi-za-dochekot-na-nova-godina-i-denot-po-nea-vo-ohrid/ Tue, 19 Dec 2023 13:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331711

Охриѓани подготвуваат богата и интересна новогодшна програма која ќе ги забавува граѓаните на Охрид, туристите и сите оние кои Новата година планираат да ја дочекаат во ова наше познато туристичко место. Новогодишната програма ќе започне на 28-ми декември со програма наменета за најмладите, односно, на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид присутната публика ќе ги забавуваат Биби и Боби и „Светот на Биби“. Следниот ден пак, на 29-ти декември на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“. На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“. Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот. Што се однесува до забавниот дел за новогодишната ноќ и дочекот на Новата 2024-та година, на 31 декември, на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21 часот. На 1-ви јануари 2024 година точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски. Организаторите очекуваат одлична забава и задоволни граѓани и посетители од земјава и странство.]]>

Тамара Ѓуриќ на новогодишен дочек се појави полугола: Сите погледи вперени во градите на српската стралета (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-gjurikj-na-novogodishen-dochek-se-pojavi-polugola-site-pogledi-vpereni-vo-gradite-na-srpskata-straleta/ Wed, 04 Jan 2023 12:28:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282766

Старлетата Тамара Ѓуриќсе појавила  на новогодишната реприза во еден познат хотел во Белград, каде гостите за „патерица“ ги забавувала пејачката Александра Пријовиќ. Сите погледи на гостите наместо во пеејачката, беа вперени во Тамара поради провокативниот стајлинг што го одбрала. Имено, таа за оваа прилика избрала црн фустан во кој повеќе беше гола отколку облечена. Старлетата гордо ги покажа своите бујни облини, а доминацијата на гигантските силиконски гради беше повеќе од евидентна. Телесниот раскош на Тамара боде очи, а погледот само на едно место „се кочи“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Djuric (@tamarastar89)

Фото: Ataimages/ tamarastar89

Тара Симов со разголени гради во Скопје ја дочека 2023-та: Ријалити ѕвездата со македонско потекло имаше силиконска промоција за Нова година? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tara-simov-so-razgoleni-gradi-vo-skopje-ja-docheka-2023-ta-rijaliti-dzvezdata-so-makedonsko-poteklo-imashe-silikonska-promocija-za-nova-godina-foto/ Tue, 03 Jan 2023 08:47:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282471

Старлетата со македонско потекло Тара Симов неодамна реши да ја надгради својата „тенка предница“, па стави силикони. Нешто да направиш,  а да не се пофалиш,  исто како да не си го направил, вели една стара скопска... Затоа контроверзната македонска ријалити ѕвезда и однеодамна ТВ водителка реши да ги промовира новите гради, а кога е најдобро време ако не за Нова Година. Поранешната учесничка во реалното шоу  „Задруга“  реши да ја дочека Новата година во Скопје со ново момче, а нејзиниот стајлинг беше особено впечатлив или подобро реќено наменски, зашто она што на себе го носеше Тара многу повеќе покажува отколку што крие. Впрочем, ништо и не крие зашто проѕирната црна мрежеста гардероба на јавен увид го става она што Тара го надополнила во сега веќе солидниот граден кош.   Новите силиконски гради се за гордо покажување, ам само онаму кде го избрала местото за славење на најлудата ноќ - еден познат скопски ноќен клуб. „Кој рече дека Господ не е жена“ - претенциозно споделила  старлетата која очигледно со новата силиконска кубикажа се чувствува самоуверена како да е божица. Можете да замислите како ќе се однесува кога ќе дојде лето?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tara Simov (@tarasimov)

Сепак, мрежата во која „пливаат“ голите гради на оваа скопска ријалити риба,  не е проѕирна за сите нејзини следбеници, па на фотографиите направени пред прославата, убавицита ставила емотикони во форма на ѕвездички и срца преку набрекнатите брадавици. „Нова година, нова јас, напиша Тара“, асоцирајќи на комплетната промена која непосредно пред Новата Година ја направила по пат на низа козметички корекции. Филери во усните, корекција и носот, а сега и силикони во градите, иако... Тара никако не признава дека новата предница и е силиконски ремонтирана и надоградена... Напротив, таа тврди дека сега е само добро нахранета и поправена, па застоа изгледа понадарена!? Арно ама, кој да и верува?! Коригирана или не, евидентно е декаТара Симов сега е баеги поцицлеста. Останува да видиме дали во новата 2023-та атрактивната старлета ќе го коригира и карактерот, кој според многумина кај Тара е многу променлив, како и однесувањето кое на моменти е толку контроверзно, што се граничи со дијагноза! Фото: Инстаграм принсткрин/tarasimov  ]]>

Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора дочекана како вистинска „жена од султана“, а пејачката покажа дека има и глас и стас, ама и душа широка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-milentijevikj-vo-skopska-crna-gora-dochekana-kako-vistinska-zena-od-sultana-a-pejachkata-pokaza-deka-ima-i-glas-i-stas-ama-i-dusha-shiroka-video/ Mon, 15 Aug 2022 11:55:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262652

Вчеравечер,  14. август 2022 година (недела)  се одржа завршната вечер на која  се одигра големото финале, на кое беа прогласени победниците и доделени наградите на најдобрите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ во с. Глуво, на падините на Скопска Црна Гора. Настанот кој е е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево, како и на граѓаните на село Глуво и овој пат беше настан за локалното население, но и за многумина кои дојдоа да уживаат во фудбалските мајстории и естрадно-музичкиот  дел на програмата, па не само трибините на фудбалското игралиште, туку и целиот околен простор беше преполн со публика. Имено, покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот. Така, годинава  по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, специјална гостинка беше уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која  го увеличи големото финале и повеќе од два часа ја забавува публиката со својот  концертен настап. Организаторот и мештаните и овој пат се покажаа како повеќе од добри домаќини, а и атрактивната гостинка не само што им возврати со одличен настап, туку со полно срце  покажа дека  има и глас и стас, ама и широка душа! Имено, во часовите додека се одвиваше финалниот натпревар на турнирот, надалеку прочуениот етно-ресторан „Рибилимус“ ја угости пејачката и нејзиниот музичко-менаџерски тим. Тијана Милентијевиќ во Скопска Црна Гора беше дочекана како вистинска „жена од султана“. Специјално подготвената софра од разновидни домашни специјалитети зачинета со името на пејачката направено од букви од тазе месено домашно лепче во фурна. Гест и глетка што никаде ги нема ја воодушевија пејачката која не можеше да ги сокрие изненадувањето и задоволството од несокојдневното и необично топло гостопримство. Додека Тијана М. и нејзината екипа се гостеа со специјалитетите на куќата, сопственикот на ресторанот ја раскажа приказната за настанокот и декорот од разни семејни етно реликвии во локалот, кои потекнуваат од неговите предци и секоја од нив има свое значење, свое потекло, своја приказна... Во меѓувреме музиката ја следеше со соодветни песни атмосферата, а пејачката во еден момент погодена од песната, но и од целокупниот амбиент покажа дека има не само глас и стас, туку и широко срце и душа. Имено, Тијана стана, од паричникот извади евро-банкнота и пријде до колегата музичар кој таа вечер свиреше и пееше во локалот, па го почести со богат бакшиш. Гест кој на ретко која музичка ѕвезда и се случува, зашто тие се оние кои го собираат бакшишот, а Тијана е една од ретките која знае и да го подели... Очигледно Тијана М. знае како и колку тешко естрадниот леб  се заработува, па не жалеше да одвои од себе за колегата. Подоцна уште еднаш истото го стори и еден од музичарите од нејзината придружба, а позитивната атмосфера од  дружбата пред настапот, се пренесе и на самиот настап на пејачката. Тијана М.  и нејзината музичка придружба дадоа се' од себе финалето на меморијалниот фудбалски турнир да го увеличаат со одлична забава до доцна во ноќта, а домаќините уште еднаш покажаа колку е нивното гостопримство срдечно и големо. Фото и видео: Вистина.ком.мк/Приватна архива  ]]>

Опозицискиот политичар Бошко Обрадовиќ жестоко ја прозва, Карлеуша брутално му возврати: „Јас како родена белграѓанка не сум сигурна дека сме родени во ист град, кој го нарекувате „свој“! https://arhiva.vistina.com.mk/opoziciskiot-politichar-boshko-obradovikj-zestoko-ja-prozva-karleusha-brutalno-mu-vozvrati-jas-kako-rodena-belgragjanka-ne-sum-sigurna-deka-sme-rodeni-vo-ist-grad-koj-go-narekuvate-svoj/ Tue, 04 Jan 2022 11:05:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233717

Јелена Карлеуша одговори на прозивката на опозицискиот политичар Бошко Обрадовиќ, кој нејзиниот новогодишен настап го нарече антимузички и промоција на хомосексуалноста. „Белград, главниот град на Србија, повторно се посрамоти од антимузичкиот настап на Јелена Карлеуша и промовирањето на хомосексуалноста со која ги мамат младите во пресрет на фискалната Нова година, сето тоа емитувано на националната фреквенција. Злобниот Весиќ го понижи повторно нашиот Белград и Србија“ - напиша Обрадовиќ на Инстаграм, а Карлеуша брутално му возврати одговарајќи: „Вие сте ми мене супер, многу ми е жал што таков музички стручњак како тебе не е нов член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“! А и згодни сте, сигурно би направил одличен рејтинг со овие „кул“ фашистички испади кон своите граѓани и јавните личности (Цеца е премногу досадна). Од каде сте? Јас како родена белграѓанка не сум сигурна дека сме родени во истиот град што го нарекувате 'свој'. Ние белграѓаните никого не мразиме, за нас сите се добредојдени во овој град, вклучително и вие“, напиша Јелена и додаде: „Смрт на фашизмот - слобода на народот“. Карлеуша се осврна и на забелешката на Бошко Обрадовиќ за заменикиот градоначалник на Белград, како што го нарече „злобниот Весиќ“: „А тој злобниот Весиќ, како што го нарекува овој човек, го направи Белград центар на светот во новогодишната ноќ, донесе 100.000 туристи од целиот регион на дочек и покажа дека сме град со големо срце што не ги дели луѓето по националност, вера или сексуална ориентација. Го сакам Белград“ - заклучи Карлеуша. Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

Скопјани ќе ја дочекаат Нова година на плоштад „Македонија“ со ДНК, Нокаут, Наум Петрески и Зуица Лазова https://arhiva.vistina.com.mk/skopjani-kje-ja-dochekaat-nova-godina-na-ploshtad-so-dnk-nokaut-naum-petreski-i-zuica-lazova/ Fri, 31 Dec 2021 09:49:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233331

Градот Скопје ја објави програмата за новогодишната ноќ, што ќе се одбележи на плоштадот „Македонија“. Според објавеното, дочекот на Новата година ќе започне уште во 20:00 часот. Од Градот информира дека три одговорни компании, се одважиле „во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година“. -Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година. Програма на 31.12.2021 година: 21:00-22:00 – Пука Козметика 22:10-23:10 – ДНК 23:20-00:20 – Нокаут 00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова 01:00-01:30 – ДЈ Славе, стои во соопштението од Градот Скопје.]]>

Претскажување судбина, гатање, срж од желка и млеко од палма за вечера, забава со панаѓурска фолк пејачка и журка до мугри со радио „Техеран“: Дали е ова најбизарниот дочек на новогодишната ноќ на Балканот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pretskazuvanje-sudbina-gatanje-srz-od-zelka-i-mleko-od-palma-za-vechera-zabava-so-panagjurska-folk-pejachka-i-zurka-do-mugri-so-radio-teheran-dali-e-ova-najbizarniot-dochek-na-novogodishnata-nokj-na-b/ Thu, 30 Dec 2021 11:02:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233154

Највеселата и најлуда ноќ, онаа новогодишната секако, луѓето ќе ја поминат во различен амбиент, со различно друштво, различна трпеза, музика, прослава, расположение... Секој на свој начин, дома, на гостим, во некој угостителски локал или објект, на отворено, на некој плоштад, или во хотел, кафеана, кафуле, клуб, дискотека... Секоја од споменатите варијанти има свој начин на славење, свој терк на дочек, своја музика, трпеза, мени... И секое различно, ама слично, но она што се нуди во понудата за дочек на Нова Година во еден балкански ресторан кој и онака има „мрачно име“ е веројатно најбизарниот дочек на Нова Година на Балканот. Имено, ресторан от „Црн фенер“ на својата клиентела и нуди дочек на Нова Година со видовити. И тоа со бесплатен влез! „Влез во сигурна иднина во 2022 година“ - гласи слоганот на ресторанот за новогодишниот дочек, со видовитите ѕвезди: Клеопатра, пророкот Рашо, Шехерезада, ЉубишаТрговчевиќ, видовитата Зорка, Лав Гершман, видовитата Бранка и настапот на панаѓурската фолк пејачка и ријалити ѕвезда Весна Вукелиќ - Венди. Уште поинтересен е протоколот, односно програмата во новогодишната ноќ, која оди по следниов редослед: - Сликање и автограми со видовитите - Козарачко коло - Услужно претскажување на судбината, истерување на стравот и гатање за Среќна Нова Година - Ужичко коло со настап на споменатата панаѓурска турбофолк пејачка Венди - Избор за Мис и Мистер меѓу гатачите и видовитите - Журка до мугри со радио „Техеран“ Менито пак, составено од уште почуден микс на домашна традиционална храна и пијалак и бизарна гастрономска понуда: - За вечера 1: прасечко и сливова ракија - За вечера 2: срж од желка и млеко од палма. И сето ова во организација на списанието „Зона на самракот“. Ако некој знае или слушнал за побизарен новогодишен дочек на целиот Балкан, нека ни јави... Следува пакетче од уредникот... Маскиран по ваш избор!    ]]>