добри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Jan 2023 13:36:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png добри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Причини зошто мажите понекогаш ги оставаат добрите жени https://arhiva.vistina.com.mk/prichini-zoshto-mazhite-ponekogash-gi-ostavaat-dobrite-zheni/ Fri, 27 Jan 2023 13:36:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286252

Мислите дека сè се одвива во најдобар ред. Кроите планови за иднината, имате практично совршена врска… кога одеднаш, целиот свет се урива врз вас. Партнерот ви раскинува од „нигде никаде“… прашањето е – зошто? Зошто мажите им раскинуваат на добрите девојки без особени проблеми во врската? Чувствува дека е под притисок и дека не е доволно добар за вас Дали вие го „бркавте“ него на почетокот? Дали се трудевте секогаш малку повеќе? Дали баравте повеќе внимание, повеќе романтика, повеќе секс? Чувствувате ли дека вие бевте онаа која секогаш настојуваше да ги поправи работите во врската? Доколку се препознавте во овие неколку категории во вашиот однос владеела нерамнотежа, а партнерот се чувствувал притиснат „во ќош“ и недоволно добар за вас. Но, важно е да знаете–ова не е ваша вина. Поголемиот дел од мажите не можат да се соочат со емоционалниот притисок. Партнерот смета дека што и да направи, не е и никогаш нема да биде вреден и доволно добар за вас. Голем дел од мажите радо би се затвориле во себе и би кренале високи ѕидови околу нив, отколку да се соочат со притисокот кој го чувствуваат и да разговараат со партнерката во врска со чувството на недоволност. Ја чувствува врската како натпревар Во некои врски партнерите наместо да се надополнуваат се натпреваруваат едни со други. Имаат замислено дека еден мора секогаш да води, да е подобар, да е доминантен, да е победник. На крајот, најмногу страда врската, а ваквата динамика на однесување е карактеристична во следните ситуации: Дружба со пријателите. Дали пред нив постојано се расправате кој е „во право“? Финансиски. Кој носи повеќе пари дома? Кој заработува повеќе? Доколку одговорот е жената, како мажот се чувствува во врска со тоа? Дали смета дека неговата машкост е повредена? Носење одлуки. Без оглед на тоа дали станува за нешто сериозно како купување стан или кој филм да се гледа вечерва, дали вие како жена најчесто ги носевте сите одлуки во врската? Доколку вашиот партнер ве чувствувал како противник наместо како сојузник, тој едноставно никогаш не се почувствувал комфорно да го отвори своето срце пред вас. Затоа, најлесно е да се прекине врската. Не се чувствува доволно почитувано Мажите едноставно не можат да градат живот со жена која не ги почитува. Тој мора да ја чувствува поддршката од партнерката и потребно му е таа да го прифати таков каков што е, дури и во најтешките мигови. Жената е клучна за успехот на мажот. Мажот кој сака да го отвори своето срце, (а тоа подразбира и споделување на нежноста и желбата за посериозно обврзување) сака да знае дека е почитуван. Кога ќе биде сигурен во ова, врската дефинитивно не е во опасност. Но, во ситуации кога му се потсмевате, го омаловажувате и едноставно не покажувате доволно почит, тој нема да се колеба да ви каже збогум. извор:popara.mk]]>

Топ 3 причини зошто мажите ги оставаат добрите жени: Една особено ќе ве изненади https://arhiva.vistina.com.mk/top-3-prichini-zoshto-mazite-gi-ostavaat-dobrite-zeni-edna-osobeno-kje-ve-iznenadi/ Fri, 25 Feb 2022 14:30:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240791

Во дел од врските раскинувањето е сосема очекувано и очигледно, но во некои доаѓа како „гром од ведро небо“. Кога се работи за овие вторите, постојат 3 главни причини заради кои мажите бегаат од добрите врски со квалитетни жени.

Тој чувствува дека е под притисок

Дали постојано го „бркате“? Дали сакате повеќе љубов, внимание и секс отколку што ви дава? Дали постојано нешто „средувате и поправате“ во односот? Ако се пронајдовте во некое од овие прашања, тогаш голема е веројатноста дека мажот, порано или подоцна, ќе почувствува притисок заради незадоволство. Повеќето мажи се во константна емотивна борба, па незадоволството на жената е нешто што не можат да го издржат. Затоа и бегаат од оние кои постојано бараат нешто повеќе.

Врската му изгледа како натпревар

Ако мажот мора да се бори за контролата во врската, тогаш тој смета дека нема доволно простор да ја покаже машкоста. Ова не значи дека тој треба да има одврзани, а вие заврзани раце, но секоја страна треба да „води“ одредени сфери од животот. Не треба апсолутно сè да зависи од мажот, но не треба ниту сè да прави жената сама. Мажите сакаат да се чувствуваат корисно и потребно.

Не чувствува почит

Никогаш нема да можете да изградите сериозна врска со мажот кој не го почитувате. Мажот сака тогаш кога е најслаб да добие поддршка – не осудување. Доколку не ја добие, подготвен е да ја напушти секоја врска. извор: попара.мк]]>