добри причини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Aug 2020 11:48:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png добри причини – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 5 добри причини зошто треба да јадете семки од лубеница https://arhiva.vistina.com.mk/5-dobri-prichini-zoshto-treba-da-jadete-semki-od-lubenica/ Fri, 07 Aug 2020 12:00:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162337

Можеби не сте навикнати да ги јадете семките од лубеница, но нивната хранлива вредност ќе ве убеди да ја промените таа практика. Семките од лубеница имаат малку калории и се богати со хранливи материи. Семките од лубеница содржат малку калории Голем грст семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи околу 23 калории, а печените семки се навистина здрава закуска.

2. Тие се богати со магнезиум

Магнезиумот е еден од неколкуте минерали што се наоѓаат во семките од лубеница. Во 4 грама семки има 21 мг магнезиум, што е 5 % од препорадневната дневна доза. Националниот институт за здравство препорачува возрасните да внесуваат 420 мг од овој минерал дневно. Магнезиумот е клучен за многу метаболички функции на организмот и е потребен за одржување на нервните и на мускулните функции,

3. Содржат железо

Еден грст семки од лубеница содржи околу 0,29 мг железо или околу 1,6% од препорачаната дневна доза. Можеби не изгледа како многу, но возрасните треба да внесуваат 18 мг железо на ден. Железото е важна компонента на хемоглобинот и му помага на вашето тело да ги претвори калориите во енергија. Но, семките од лубеница содржат и фитат, кој ја намалува апсорпцијата на железото и ја намалува нивната хранлива вредност.

4. Добри масти

Семките од лубеница се добар извор на мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Овие масти се корисни во заштитата од срцев и од мозочен удар и го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.

5. Цинк

Семките од лубеница се добар извор на цинк. Во 30 грама семки има околу 26% од препорачаната дневна доза. Цинкот е важна хранлива материја, неопходна за имунолошкиот систем. Тој е неопходен и за нормално функционирање на дигестивниот и на нервниот систем, за растот и за поделбата на клетките и за функционирањето на сетилата за вкус и мирис. извор: кафепауза ]]>