доајен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 May 2023 08:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png доајен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На македонската фолк легенда Петранка Костадинова песната и беше живот, а животот несреќно и згасна непосредно по последната испеана песна (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonskata-folk-legenda-petranka-kostadinova-pesnata-i-beshe-zhivot-a-zhivotot-nesrekno-i-zgasna-neposredno-po-poslednata-ispeana-pesna-foto/ Fri, 12 May 2023 06:09:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301633

Петранка Костадинова, бисерното грло на македонската фолк музика и легенда на македонската новосоздадена фолк песна е родена е во Сомбор, Република Србија, како дете во семејство на бегалци од Егејска Македонија. Во нејзините детски години семејството прво се сели во Демир Капија, а тинејџерските и моминските години од младоста ги минува во Неготино. Песната ќе ја донесе во Скопје, каде што формира семејство и добива две машки деца. Кротката жена со топол глас, со кој знаеше да варира од рафиниран болежлив пискот, до нежно милување на ранети срца, толку типично и толку неизбежно во македонската народна песна, ги испеа најубавите македонски фолк рефрени како:  “Не кажувај либе добра ноќ”, “Кирјана”, “Слушни ја сестро песната”… Во својата триесетгодишна кариера, учествуваше на речиси сите фестивали на новосоздадена фолк песна, што никнаа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните: “Леонид со мајка вечера” од првото “Валандово”, “Мајсторе, мајсторе”, “Две калинки”, “Слушни ја сестро песната”, “Мајка”, дуетот со Ѓоко Дончев - “Името не го даваме”, хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- “Една куќа, две жени”… Во текот на својата богата пејачка кариера, нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук – аудио касети и ЦД-а.                                                                          Таа е една од оние појави во македонската народна песна кои ја преставуваат врзната нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената фолк музика. Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна. За првпат таа ги има испеано песните на легендарниот автор, и хармоникаш Наско Џорлев: “Не кажувај либе добра ноќ” и “Во Струмица на улица”, пред речиси триесет и пет години. Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисери, но како и секој вреден изведувач, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација. Нејзина песна беше “Кирјана”, иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со “Ја излези стара мајко”, “Едно малој моме”, “Трај душо трај”… И покрај врвните вокални кавлитети и извонредната интерпретација она што остана како неправда е дека речиси сиот свој живот Петранка била слободен уметник,                    невработена во ниту една инстутуција, иако својот живот го заврши како членка на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Но, таа за ништо не се жалела во животот. Била ненаметлива, тивка, скромна, приврзана за семејството. Со својата песна го имаше минато речиси целиот светсекогаш се потпирајќи само на својот неоспорен пејачки талент. Легенда со бисерно грло, жена со големо срце која и како мајка и како човек со бескрајна љубов со своето ненадејно заминување од овој свет оставила голема празнина во  животите на членовите на семајството, но и во макдонската фолк музика, зашто Петранка можеше уште многу да придонесе и даде. А трагедијата ќе се случи на 3 февруари 2002 година, во приквечерината на денот кога веста за нејзиното заминување ја остави Македонија во шок. Познатата пејачка се упокои по сообраќајната несреќа во центарот на Скопје, каде претходно таа била во музичките студија на МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал на новосоздадена фолк песна со патриотска содржина  -“Гоце Фест”. Судбина било таа воедно да е и нејзината последна снимена песна. Како што на Петранка Костадинова песната и беше живот, судбинта сакал непостредно по последно испеаната песна животот за жал и да и згасне. ]]>

Почина Ѓоко Дончев, доајенот на македонската фолк песна https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-gjoko-donchev-doajenot-na-makedonskata-folk-pesna/ Sat, 16 Jan 2021 13:50:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185506

Ѓоко Дончев, eден од доајените на македонската народна песна, ненадејно почина вчера, петок 15 јануари 2021 година во Скопје, соопшти денеска неговото семејство. Дончев беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика и нејзината новосоздадена фолк песна во првата деценија од почетокот на осамостојувањето на република Македонија. Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други. https://www.youtube.com/watch?v=4382EfBKAfg&feature=emb_logo Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар човек. Погребот ќе се одржи утре (недела - 17 јануари, 2021) на градските гробишта Бутел  во Скопје во 12.30 часот .]]>

Документарното видео за доајенот на македонската народна музика Благоја Дескоски https://arhiva.vistina.com.mk/dokumentarnoto-video-za-doajenot-na-makedonskata-narodna-muzika-blagoja-deskoski/ Wed, 22 Jan 2020 13:47:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130467

На 24 јануари (петок) 2020 година, со почеток во 12 часот, во Малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе започне одбележувањето на 20-годишнината на архивот БузАр 2000–2020 (Архив Бужаровски) на кое премиерно ќе биде прикажано документарното видео за доајенот на македонската народна музика, виолинистот, аранжер и композитор Благоја Дескоски. На сајтот buzar.mk може да се проледат кратки инсерти од видеата. Архивот БузАр претставува еден од најголемите дигитални архиви за македонското и балканското звучно културно наследство. Во него во моментов се дигитализирани 14 големи колекции со македонски и балкански музички фолклор, неколку илјади песни и игри, мелограми, приказни, обичаи и дијалекти,  аудио снимки од  110 концерти од кои 5 концерти се заокружени и како видео програми, поголем број видео спотови со дела од сериозната музика, Јени Јол видео, 170 кратки филмови од ИРАМ-овата Хроника, 14 документарни видеа за истакнати дејци од македонската музичка култура и документарно видео за програмата Темпус во Македонија, 119 програми на Студентското Интернет Радио меѓу кои и поголем број портрети на композитори и изведувачи, одржување на најстарата веб страна за македонската музичка култура и институции (поставена прв пат во февруари 1997 година), организирање на 18 меѓународни научни конференции, изработка на поголем број бази на податоци, дигитализирање на неколку илјади фотографии, текстови, книги итн. Најновото документарно видео за доајенот на македонската народна музика Благоја Дескоски е дел од проектот за реконструкција на настаните од втората половина на минатиот век и посебно за делувањето на Малиот народен оркестар при Радио Скопје. Овој оркестар, чиј нераздвоен дел е Благоја Дескоски, има одиграно клучна улога во обликувањето на македонската народна и традиционална музика. Документарното видео е извадок од снимениот пет часовен разговор со Благоја Дескоски на 15 декември 2019 година. Видеото трае 37 минути и е поткрепено со богат фотографски и музички материјал, при што одделни фотографии и музички инсерти ќе бидат првпат јавно прикажани. Покрај проф. д-р Димитрије Бужаровски во изработката на ова видео учествуваше и вонр. проф. д-р Трена Јорданоска. Посебно треба да се истакне дека и овој проект, како и целата дејност на БузАр, е изведена без никаква финансиска подршка, односно се основа на огромниот ентузијазам на неговиот основач и одржувач проф. д-р Димитрије Бужаровски и групата професори и студенти од ФМУ кои учествуваа во неговите бројни проекти.  
]]>