до зори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 May 2019 11:31:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png до зори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наум Петрески со нова песна на турнеја во Австралија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-petreski-so-nova-pesna-na-turneja-vo-avstralija-video/ Tue, 21 May 2019 11:31:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89036

Наум Петрески сними нова песна со наслов „До зори“. И овој пат инспирација за песната се кафеаните и дружењето со пријателите кои долги години се секојдневие во животот на големиот боем и ’грло ненапеано’ Наум Пертрески.Текстот и музиката за песната ги напиша Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Песната е снимена во студиото Анастасија. Гласот на Наум Петрески, веселиот и брз ритам на песната која е снимена со еден од нашите најдобри блех оркестри мајсторите на трубата УСКА КАН кои се добитници на златна труба на интернационалниот трубачки фестивал во Гуча ветуваат хит кој ќе ги освои срцата на сите љубители на добриот звук и веселата песна.
Песната е во продукција на долгогодишните соработници на Наум Петрески „Аворд“ продукција кои беа организатори и на неговиот голем јубилеен концерт на кој Наум одбележа 30 години на естрадата.Видео спотот за песната го направи „Арт студио“,а снимен е во атрактивниот амбиент на новиот ресторан „Рагуса 360“. Промоцијата на новата песна се совпаѓа со заминувањето на Наум на двомесечна турнеја во Австралија на која Наум ќе одржи концерти во повеќе градови во организација на социјалното друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн. https://www.youtube.com/watch?v=UScvn-nGBBg&fbclid=IwAR1Hqx1od_kYyZ2DjIMhW9kTDbVzrJ0SoneEg72cf-CUlJEB3HpvOPuFkRo]]>

Додека Стево тера кампања и за секој глас се бори, Никола Димитров лумпува до зори (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-stevo-tera-kampanja-i-za-sekoj-glas-se-bori-nikola-dimitrov-lumpuva-do-zori-foto/ Thu, 18 Apr 2019 10:59:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83748

Откако со Заев ја ујдисаа државата, прекројувајќи и го името по свое, името на министерот за надворешни работи Никола Димитров беше во игра како еден од главните фаворити за претседателската кандидатура кај владеачката гарнитура.
Арно ама, како што обично бива кај СДС, едно се зборува друго се мисли,  а трето излегува, така и Димитров извиси. Дали шефот се премисли или никогаш и сериозно не го есапеше, туку само му беше добра мамка и покритие за она што подоцна го сервираше како свое мнение за претседателско решение, знае само Заев.
Веројатно затоа Никола Димитров исто како и Шеќеринска е отсутен од претседателската кампања на социјалдемократите. Од кумановско Нагоричане и Агино село до струмичко Муртино и Босилево, никаде го нема во кампањата на Стево! Ама затоа Димитров со гордост може да се пофали дека го има по скопските локали! Последен пат виден вчеравечер, или поточно, денес рано наутро, околу два и пол по полноќ, во скопскиот ноќен клуб „12 -12“.
И тоа машала, во добро друштво, што потврдува и фотографијата направена некаде пред фајронт! Дали Димитров се фрлил на провод заради утеха за недобиената кандидатура или од чиста забава решил да ја почести дамата со по некоја тура? Што и да е, само министерот си знае. Евидентно е само едно: Дододека Стево тера кампања и довербата за глас повеќе на народот по Македонија „ја купува“, Никола Димитров среде Скопје, до зори лумпува!  ]]>