до-ре-ми студио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Jul 2022 10:53:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png до-ре-ми студио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жаклина Стевковска ќе ве потсети дека животот нема реприза и секој ден е – „Посебен ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zaklina-stevkovska-kje-ve-potseti-deka-zivotot-nema-repriza-i-sekoj-den-e-poseben-den-video/ Fri, 08 Jul 2022 10:52:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257780

Македонската кантавторка и актерка, Жаклина Стевковска која повеќе од четири децении е активна на македонската музичка сцена, по пауза од една година се враќа со нова песна. Последното од неа го слушнавме во 2001-ва година на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2001“ каде настапи со песната „Мојот град“. Сега таа се враќа со драматичната балада „Посебен ден“, на која таа самата е автор на музиката и текстот, додека аранжманот го направил Кокан Димушевски - клавијатуристот на легендарните „Леб и сол“, а песната е снимена во студиото „До-Ре-Ми“. Музички исклучително зрела, аражмански беапрекорно спакувана, со моќни стихови кои длабоко емотивно допираат до душата, преиспитувајќи го сопственото его, стравовите и смислата на сопственото постоење и опстојување во двојка,  во секој ден кој е важен и посебен.  „Посебен ден“ е своеиевидна урбана беседа за љубовта која толку многу ја посакуваме, а толку себично или ја чуваме за себе или безсмислено ја расфрламе. По нејзината легендарна „Писма неотворени“, се чини дека ова е една од најсилните теми на Стевковска со која акустичарската кантавторка се преставува себе си и своето музичко творештво. Темата е визуелизирана со едноставно, но доволно добро видео кое ја пренесива силната порака вткаена во песната и нејзините стухови: „Чувајте се себеси, своите сакани и блиски секој ден, зашто животот нема реприза и... секој ден е посебен!“ Проследете ја  во продолжение „Посебен ден“ на Жаклина Стевковска:  ]]>