до преѓе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 May 2019 12:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png до преѓе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Самостоен концерт на „Брука“ на 28 мај во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/samostoen-koncert-na-bruka-na-28-maj-vo-mkc/ Tue, 14 May 2019 12:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87835

Македонската реге/рага/ска/рап дружина „Брука“ минатата година го промовираше своето првенче насловено „До преѓе“, а материјалот ќе биде и концертно претставен на 28 мај во МКЦ. На изданието се сместени вкупно 10 песни, вклучувајќи ја и последната „Кривина“,  која со видео беше претставено неодамна. „Ние од наша страна ќе подготвиме двочасовно, музичко, автохтоно, македонско реге, позитивна вибрација и многу изненадувања, од вас се очекува да дојдете и да уживате во звукот и атмосферата на единствената група БРУКА, која ќе се претстави во полн состав: два вокали, гитара, бас, тапани, перкусии, клавијатури, труба, алт-сакс, тенор-сакс, тромбон, ќе се свират песните од нашиот прв албум, но и некои нови од престојниот втор кои се во процес на создавање. Секако дека ќе има и поддршка од неколку диџеи, како и специјални гости музичари кои биле и се дел од ова наше битисување“, порачуваат музичарите, а билетите се веќе пуштени во претпродажба во билетарницата на МКЦ, додека на самиот ден на концертот влезниците ќе бидат за 30% поскапи.
Како најава за самиот концерт албумот деновиве беше објавен и на Јутјуб, а во продажба е и како цеде по промотивна цена. Музиката е на јадрото на бендот: Дарко Масларковски (вокал), ЖаркоМасларковски (вокал), Љубиша Симоновски (тапани), Александар Савовски (гитара), Валентин Видовиќ (алт и тенор-сакс), Зоран Велковски (бас-гитара). Аранжманите се на бендот, додека текстовите ги потпишуваат Дарко и Жарко. Албумот е сниман во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски – Штраф, кој се потпишува како продуцент, како и микс и мастер на композициите. Во албумот ќе слушнете весели мелодии, реге-грув, хумористични и саркастични лирики со широка тематика која го опишува и исмева животот и ситуации типични за Македонија.]]>

„Брука“ го промовираат првиот албум „До преѓе“ https://arhiva.vistina.com.mk/bruka-go-promoviraat-prviot-album-do-pregje/ Fri, 14 Dec 2018 09:11:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63076

Конечно по долги 4 години од започнување на нивната авантура наречена „Брука“, со радост и гордост ве известуваат дека на 18.12.2018, Вторник со почеток од 19:30 ќе се случи слушачка промоција на првиот албум на бендот, насловен како првиот сингл и голем хит “До преѓе”. Во центарот на градот, во добро познатиот Џус Бар *(Juice Bar) на улица Ленинова, ќе имате можност да го слушнете 33 минутниот деби албум со 10 композиции, како и да го купите Цд-то по промотивна цена.
Албумот е сниман во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски – Штраф, кој се потпишува како Продуцент, како и микс и мастер на композициите. Алшар започнува и со издавачка дејност па природно ова издание е 001 во многуте изданија кои следат во 2019.
Музиката е на јадрото на бендот : Дарко Масларковски(вокал), Жарко Масларковски (вокал), Љубиша Симоновски (тапани), Александар Савовски (гитара), Валентин Видовиќ (алт и тенор сакс), Зоран Велковски (бас гитара). Аранжманите се на бендот, додека текстови потпишуваат Дарко и Жарко. Во албумот ќе слушнете весели мелодии, реге грув, хумористични и саркастични лирики со широка тематика која го опишува и исмева животот и ситуации типични за Македонија.
Во снимањето на албумот освен јадрото учество земаа и: Антонио Насевски (Канон, Црногорска филхармонија) - клавијатури, Димитрија Митровски (Пука Козметика) - диџеј, Маријан Петровски (Стил Темпл) на бас гитара, Бранко Илиевски (Суперхикс, Македонска филхармонија) на тромбон, Александар Илиевски – Шајо (Конкверинг Лајон, Градски оркерстар) на труба, Арсо Јаневски – Раста (Тумбао Салас Бенд) на перкусии.
Наскоро треба да излезе и третиот видео запис за песната “Кривина”, а бендот се надева дека својот прв самостоен концерт ќе го има негде на пролет 2019 година. Брука досега има свирено на многу познати и признати фестивали, манифестации и забави, а би ги издвоиле: Пиволенд, Демофест – Бања Лука, Д Фестивал, МАН- македонски алтернативни награди, Боб Марли Б-ДЕЈ, Плоштад Прилеп (новогодишна забава), Лузер фест и многу други.
„Во гаража веќе се работи на следниот албум за кој се надеваме да не чекаме повторно 4 години и да илзеле во 2019 година“ - велат членовите на бендот канејќи ве на претстојната промоција.]]>