до даска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 09:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png до даска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Разоткријте ја „до даска“: Тамара Тодевска се соголе „до коска“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/razotkrite-ja-do-daska-tamara-todevska-se-sogole-do-koska-foto/ Sat, 09 Mar 2024 08:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335735

Тамара Тодевска... Заедно со Калиопи и Каролина несомнено нашата најголема музичка поп ѕвезда. Во моментов можеби и најинтересната за јавноста не само заради одличните нови песни и фуриозните настапи, туку и заради приватниот живот кој  кај неа постојано немирно тече како „Нијагара“, а нез него многу често провејува диво „Торнадо“. Од нигде никаде љубов, па неочекуван брак, едно дете, брачна криза, па друго дете, развод и... одново, нова љубов! Циклус кој периодично се повторува со сите останати поситни превирања кои ја прават не само музички интересна, туку Тамара ја ставаат постојано во фокусот на јавноста и тоа на онаа, која и не е нешто многу по музиката, ама затоа е прва кога се во прашање туѓите животи, трачевите, кулоарските муабети, озборувањата... А таа на моменти „на лажиче“, на моменти „со кутлача“ им дава материјал за таква „забава“! Но, дали баш сите што ја (оз)боруваат добро ја познаваат Тамара? Дали она што го покажува и (не)свесно им го сервира како материјал за муабети е нејзината суштинска личност, нејзиното вистинско лице, правиот карактер на личноста или само површина под која се крие само сличноста со онаа Тамара која не ја познавате? За да нема недоумици пејачката реши да искористи една апликација со која малку си поигра, па им овозможи на сите „љубопитни“ да ја разоткријат „до даска“, откако Тамара Тодевска јавно се соголе „до коска“! Ова или оноа, ваква или таква, каква е навистина, самата проба да објасни во неколку збора. Е сега, колку е сето ова верно на вистината и колку вистински ја разоткрива суштината на карактерот на пејачката, знаат само оние што одблизу ја познаваат. Екстровертна -  екстровертните личности најчесто ќе ги препознаете по тоа што сакаат секогаш да бидат опкружени со многу луѓе, но ова понекогаш може да влијае голем дел од нивното време да го потрошат на непродуктивни разговори и состаноци;  забавни се, енергични, шармантни, често се во центарот на вниманието на секој настан, но, понекогаш, може да бидат многу напорни и да изгледаат како арогантни; динамични се и важно им е да се случува нешто ново, а задачите кои се монотони се, всушност, исцрпувачки за нив; префрлање од една тема на друга додека зборуваат не мора да значи дека заборавиле на тоа што претходно го кажале, туку од многуте мисли и идеи кои ги имаат во моментот не сакаат нешто да остане некажано. Десно - или што би рекле „не е лева“ иако на моменти можеби така изгледа... Ама изгледот најчесто знае да излаже. Едноставно - ако се облекувањето, имиџот, стајлингот... во прашање, можеби и може да се каже, ама за сето останато... Дека Тамара баше е едноставна...? Сонце - дождот носи тага, мисли, носталгија, спомени,  сеќавања... А сонцето позитивна енергија, радост, динамика, ги буди сите пориви... што веројатно на Тамара многу повеќе и приличи. Ноќна птица - и логично и разбирливо, па дури и неопходно... И заради природата на професијата и заради природата на личноста, на која ранобудноста никако не и е својствена. Пораки - повиците имаа своја магија, ама истата бргу исчезнува, веднаш штом ја спуштиш слушалката. Пораката останува, како пишан збор, како доказ,  како спомен, потсетник, како нешто лично што може да се сподели... Веројатно затоа и пораките и се подраги! Зајдисонце - изгрејсонцето и мугрите се волшебни, но зајдисонцето за „ноќните птици“ значи почеток на возбудата, забавата, проводот, авантурата, а во случајов и работата... Штом сонцето почне да заоѓа, почнува да се буди и магијата!  Онаа - ноќната! Секогаш доцни - или што би рекле  - „влечка“. Тоа и е во крвта, во карактерот, кој тешко се менува... Таква е и готово! Тоа што другите се „колатерална штета“  на сметка на тоа, е само нуспроизвод на нивното дружење или блискост со пејачката, за сите други убавини кои од таа блискост произлегуваат. Куче - заради верноста и неизмерната и безусловна љубов што ја даваат... Мачка во нејзиниот живот се покажа дека... „не вирее“ долго! Сонувач - отсекогаш била и тоа голем, но не и нереален, зашто соништата најчесто успеала да си ги претвори во стварност. Можеби не во толкава количина колку што заслужува, но за тоа не е потребно само да се сонува... Сепак романтичната нота во нејзината душа постојано провејува, на моменти и доминира, понекогаш чинејќи ја Тамара реалноста да ја „плати поскапо“ од што навистина треба  и заслужува! Возење - иако во последно време пејачката „се стопи“, а линијата ја доведе речиси до перфекција, Тамара сепак не е спортски тип во душа. Теретаната повеќе и е мака отколку радост, пешачењето напор отколку задоволство иако прошетките и тоа како ја радуваат... Ама очигледно само додека вози или се вози! Зад воланот сепак изгледа е многу повеќе своја! Епа, ова или оноа? Ако успевте барем малку да ја разберете, ќе ја сфатите суштината на личноста и карактерот на Тамара Тодевска... Барем онаква како што самата се опишала иако... Можеби неа најдобро ја опишуваат стиховите на нејзината песна „Немирна“: „И кога мислиш си успеал да ме имаш за себе, тогаш вешто ме снемува, јас сум немирна ко ветер. Секој ден за мéне е нов почеток и нова приказна без крај. Секој ден е неизвесен, јас сум немирна ко ветер...“! Фото: Инстаграм/tamaratodevska]]>

Љупка Митрова повторно „светна“… и тоа „до даска“? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lupka-mitrova-povtorno-svetna-i-toa-do-daska-foto-video/ Wed, 23 Aug 2023 09:38:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314924

Една од најубавите струмичанки, моделот, модна блогерка и инфлуенсерка Љупка Митрова летово го минува уживајќи „за сите пари“. А неа парите како што е познато, не и недостигаат. Далечни дестинации, егзотични локации, скапи ресорти, луксузни вили, хотели со пет ѕвездички и сите останати удобства и задоволства што ќе си ги замисли и поска, Љупка летово решила да си ги приушти. Во меѓувреме, малку престој дома, на убавиот македонски туристички бисер Охрид, од каде ги почести своите следбеници со нов видео-едиторијал со кој одново „крена“ прашина на социјалните мрежи. Имено, Љупка и овојпат продолжила да соработува со нејзиниот пријател и стар соработник, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Стојановски – Зонде, со кого направија уште еден проект кој многумина остави и без зборови и без здив… Уметночко-поетски видео-едиторијал зачинет со блага еротска компонента во кој главната улога покрај кадрите и поезијата секако ја има сексапилната струмичанка. Тој ја разбира, затоа и не пропушта со неа да соработува, а таа знае дека низ фокусот на неговиот објектив, нејзиниот неодолив сексапил и сензуалната еротска убавина најубаво излегуваат на виделина.
Но, ова никако нема да ја задоволи Љупка, особено не нејзиниот глад и потреби за нови блесоци, па расната струмичка убавица продолжува да споделува нови фотографии провокативни видеа од секоја следна дестинација каде престојува. Во секси танга бикини во плиткото на чистото кристално море, чии бранчиња се милуваат со нејзината извајана фигура или на терасата пред една од лускузните вили во кои престојува, Љупка Митрова едноставно блеска зрачејќи со предизвикувачка убавина во секој кадар. Конечно, за да не се чувствува притаено како под маска, „се' што требаше е некој доволно храбар да и рече - светни, ама до даска“! Блескот во кадарот пред вилата доволно силен да ги разбуди сите пориви и  поттикне „волшебната игра на сетилата“. И оној однапред, од погледот па се' до песокот на стапалото и оној одназад, отсликан во одразот на огледалото. Конечно, уметноста на летното живеење по нејзин терк, надарената инфлуенсерка  ја финишираше под топлите млазеви на тушот... До душа, овој пат во костим за капење кој не открива се' до крај, ама кој знае... Можеби следниот пат Љупка и без него одново ќе блесне во полн „натурален“ сјај. Впрочем, се' што треба е само некој  доволно храбар да и рече: „Светни... ама овој пат стварно до даска“! Дотогаш, религиозните ќе го забележат големиот тетовиран крст на грбот на сексапилната струмичанка, оние пак што се уште поблизу до Бога и златните обетки со крстче на ушите, а сите заедно сосе останатите, најмногу она што не е ниту тетовирано, ниту прикачено, туку  на неа извајано и од Бога дадено... малку подолу! Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova      
 ]]>

Македонската актерка блесна и како манекенка: Само по бела кошула, Катерина Шехтанска е неодоливо секси и заводлива „до даска“! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-akterka-blesna-i-kako-manekenka-samo-po-bela-koshula-katerina-shehtanska-neodolivo-seksi-i-zavodliva-do-daska/ Mon, 03 Jul 2023 05:28:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308578

Несудена балерина, некогашна членка на „златната генерација“ на балетското студио „Ребис“, денес актерка Катерина Шехтанска, кoja има успешен приватен и професионален живот. Иако  е сопруга и мајка на две малолетни деца, на Кате годините како ништо да не и можат, зашто за атрактивната актерка тие се очигледно само бројка. Дека се' уште изгледа божествено, а убавината и особено сексапилот кој извира од секоја пора на нејзиното тело и тоа како знае да го носи, актерката покажа деновиве кога налик на светските манекенки со сигурен чекор на газела се прошета по модната писта. Имено, Шехтанска беше дел од модната  ревија налик на модно шоу на познатиот дизајнер од Македонија со светска слава, Изет Цури, на кое македонската актерка совршено си ја одработи улогата на манекенка. Променета само во широка бела кошула, Кате се прошета по модната писта по која толку сигурно и суверено чекореше, што многумина прокомнтираа  дека штета што не е професионален модел. Убавите тенки нозе, ангелскиот лик и става, како и движењата со колковите, возбудата ја вклучија на најсилно, а машката публика просто ги „залепи погледите“ за убавата актерка, во случајов секси манекенка. Љубопитноста дали Кате носи нешто под кошулата или под неа е само нејзиното голо тело, онакво какво што и го дала природата, уште повеќе ја зголеми возбудата, посакувајќи атрактивната актерка да чекори по пистата до недоглед, зашто со секој нејзин чекор вистинските мажи „ја собекуваа со поглед“! А таа толку многу смирена и самоуверена, уште еднаш покажа како да е од Бога предодредена за уметноста и останатите „фини нешта“.  Катерина Шехтанска, неодоливо секси... и заводлива „до даска“!
Фото: Инстаграм принтскрин/katerinasehtanska]]>