дно дна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Dec 2020 09:15:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дно дна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Велевска со „доказ“ регираше на „дното“ на таканареченото новинарство: „Колку болен треба да е човек за да измисли вакви невистини?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-so-dokaz-regirashe-na-dnoto-na-takanarechenoto-novinarstvo-kolku-bolen-treba-da-e-chovek-za-da-izmisli-vakvi-nevistini-foto/ Fri, 11 Dec 2020 08:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180271

Во ова држава дефинитивно не се знае „кој пие , кој плаќа“? За жал цехот, на крајот го плаќаме сите ние, а најмногу оние што најмалку треба... Ни криви ни должи! Дефинитивно го допревме дното во многу нешта, во кои за жал, предничат медиумите и новинарската професија. За пристрасност, необјективност, платени „политички пискарала“, новинарски „питбули“, партиски медиуми, „копи-пејст“ неписмени препишувачи и шерувачи на туѓи вести... и слично, оддамна приказната е позната.  Повеќето „новокомпонирани“ медиуми, се буквално токму тоа. Тежок „турбофолк“, шунд од најнизок ранг во некогаш благородната професија, гордо наречена „седма сила“, која сега не е ни илјада и седма, а камо ли седма, а за сила и да не зборуваме. Зашто ако е силата да бидеш туѓ климач со глава, безгласен и безрбетен соопштувач на туѓи мислења, платен „дворски шут“ на политичкиот двор или естрадна „дворска будала“, само затоа што мислиш дека така ќе бидеш „прв човек до царот“ или до народот сеедно, мора да си идиот... И тоа од од најнизок ранг, во морална смисла секако! Ваквата состојба е некако најизразена во онлајн медиумите на новото време, порталите, кои кај  нас се' уште неподлежат под строга законска регулатива, па така нерегулирани, всушност го уништуваат еснафот кој ионака политиката го обезличи, изгнаси и клекна на колена. Така засилени дека се' им се може, без грам човечка, а камо ли новинарска етика, без достоинство, норми и  граници до каде, што се' може и во колкава доза, поединци земаа таков замав, што си земаа за право на нивните порталчиња да осамнуваат наслови и написи со најдолни гнасотии. Дно-дна од најнизок вид, статии кои всушност не се ни тоа, туку збирштина од лични навреди, понижувања, омаловажувања, гадости, гнасотии... за кои се во најмала рака се казнува. По маалски со ќотек, правно со судска тужба, прекршочна или кривична пријава, со санкција во вид на парична или затворска казна... Ама да имаше асална држава, судство и закони како што треба... Вака, останува на самонаречените пискарала од дома  да им се може да „плеснат“ што ќе им падне на тоа малку што го имаат во главата, и никому ништо... Се додека не налетаат на некој „рунтав под носот“, па по маалски да им „укаже и превоспита“! Последниот случај на една од најреномираните и најпопуларни македонски фолк пејачки Елена Велевска е уште еден пример во низата, „уште една цигла во ѕидот на срамот“ на македонското онлајн новинарсто, ако така можат ваквите небулози и тие што ги чкртнале да се наречат. Имено, пејачката на својот Фејсбук профил се пожали на она што осамнало во неколку наврати за неа на еден ист портал, обзнанувајќи ги насловите и написите кои навистина се граничат со новинарско дно. Збирштина на лични навреди и понижувања кои ни приватно, „of the record“ не би ги кажале, а камо ли напишале и јавно објавиле во нешто што треба да се декларира како медиум, а всушност излегува дека  „ѕиден весник на срамот“... На оној сопствениот, секако, кој сакајќи да го извалка ликот на естрадниот уметник, само ја валка професијата, уште повеќе тонејќи ја во калта, а себеси во „септичката јама“ на сопствениот примитивизам и простотилук. Зашто тука од новинарски еснаф - нема ни „Н“! Велевска со право реагирала и тоа прилично културно и коректно, во однос на за неа напишаното и објавеното, само кусо посочувајќи ги принскриновите од „писаниата“ како „доказ“ со нејзин коментар на истите: „Колку болен треба да е човек за да измисли вакви невистини... Дно кое може само ваков портал да си го дозволи“ - искоментирала пејачката. И со полно право... Но, вистинскиот коментар или подобро,  вистинското прашање е како може државата да си дозволи вакви медиуми (ако тоа вопшто и се) да постојат? Метаморфозираните бришачи на „неподобни вести и видеа“  бришат од Фејсбук и Јутјуб се' што и пречи и ја загрозува власта, а глумат етичари, истата таа власт се заканува дека ќе апси и казнува за ширење лаги, навреди и говор на омраза, новинарските здруженија и синдикати се најгрлати кога некој ќе им чепне во „спокојот на политичко - медиумските платеници“, естрадните здруженија организираат протести за немање можност да си го зарботат лебот само кога се загрозени колективно, а поединечно...? Ќе имаат ли сега сите тие доблест да реагираат на ваквите недолични понижувања на новинарската професија, на естрадниот еснаф и на личноста и нејзиното пред се', човечко достоинство, кое во случајов е најмногу загрозено и погодено? Ало, Кривичен, МВР, ЗНМ, МАН, СЕММ - Совет за етика во медиумите, Синдикат на новинари, Естрада на Македонија... се слушаме ли? Или треба да ве слушаме само кога Вас ве боли, а за тие заради кои постоите кога најмногу ќе ги заболи - „баш ве боли“?  ]]>

„Дно дна“ – ова е песната на Ѓорѓе Балашевиќ која заради текстот му ја забранија во Србија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dno-dna-ova-e-pesnata-na-gjorgje-balashevikj-koja-zaradi-tekstot-mu-ja-zabranija-vo-srbija-video/ Tue, 09 Jan 2018 10:46:56 +0000 http://vistina.mk/?p=9209

„Панонскиот морнар“, легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ објави нова песна. Овојпат таа не е љубовна. Има политичка, човечка, општоцивилизацика универзална... порака во себе. Но, некои во неа видоа повеќе од музика и поезија. Видоа неподобна политичка закана, па дел од  радио станиците во Србија  му ја забранија за емитување симнувајќи ја од својата програма.
Кантавторот од Нови Сад во новата песна „Дно дна” проговорил за состојбата во политиката и во општеството воопшто во Србија, а изгледа дека во неа се пронашле многумина од политичката елита, па или тие дале налог или автоцензурата во главите на уредниците проработила, па  ја забраниле песната на Балашевиќ за емитување на радијата. Колку за да ја потврдат тезата од неговите стихови дека с(м)е... „Дно дна“! Еве ги стиховите и забранетата песна на „Панонскиот морнар“: https://www.youtube.com/watch?v=5H3mZmRwNnA]]>