днк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 11:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png днк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ДНК собраа 690.000 денари откако ја дадоа статуетката од Златна Бубамара на хуманитарна лицитација за лекување на Леонид (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-sobraa-690-000-denari-otkako-ja-dadoa-statuetkata-od-zlatna-bubabara-na-humanitarna-litsitatsija-za-lekuvane-na-leonid-foto/ Tue, 27 Feb 2024 06:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340247

ДНК и Врчак ја добија статуетката  на „Златна Бубамара“ за Хит на годината за песната „Посреќна“, а со неа одлучија да се приклучија на хуманитарна акција. Тие откако ја дадоа на лицитација најавија дека парите ќе ги донираат за лекувањето на Леонид Индов во Австрија. На социјалната мрежа Инстаграм на профилот кај Панче лицитацијата за статуетката траеше четири дена, а секој можеше на учествува. Наддавањето за статуетката го завршија со 250.000 денари понуда од Митрески Кирче од Охрид, за кого Панчо кажа дека нема социјални мрежи. - На 3 часа пред завршувањето на лицитацијата за Лео, добивме повик од господинот Митрески Кирче од Охрид (нема социјални мрежи) и во име на неговата компанија “Топлина” ја добивме досега највисоката сума во износ од 250,000 денари“. „Драги наши. И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари. Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце“, стоеше во објавата на ДНК на Фејсбук профилот. Минатата 2023-та година тие парите од продажбата на статуетката кои ги собраа ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“. За нивната хуманост големо браво им упати и Миа Костова, македонската водителка и инфлуенсерка која и самата организираше огромна акција за лекувањето во Австрија на младиот Леонид. Кај неа се придружија бројни компании и поединци кои ги понудија нивните продукти, а на Инстаграм прашања таа одговори дека сумата надминала малку над 10.000 евра. Фото: printskrin/instagram/Facebook]]>

ДНК на октопод откри важни информации за мразот на Антарктикот https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-na-oktopod-otkri-vazhni-informatsii-za-mrazot-na-antarktikot/ Fri, 22 Dec 2023 13:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332152

Откритието помага да се одговори на прашањето дали ледената покривка на Западниот Антарктик (WAIS) се распаднала во овој период, според студијата објавена во списанието Science. Истражувањето на ДНК на октопод откри дека ледената покривка на Антарктикот најверојатно се распаднала пред 120.000 години кога температурите биле слични на денешните, велат научниците. Австралиските и новозеландските научници ги споредија генетските профили на октопод пронајден во морето Ведел, Амундсен и Рос на јужниот океан на Антарктикот и открија генетска врска која датира од последниот интерглацијал, кој се карактеризира со потопла клима од денешната, со повисоко глобално ниво на мориња и помали ледени плочи. Откритието помага да се одговори на прашањето дали ледената покривка на Западниот Антарктик (WAIS) се распаднала во овој период, според студијата објавена во списанието Science. „Оваа генетска врска би била можна само доколку се случи целосниот колапс на WAIS за време на последниот меѓуглацијален период, отворајќи ги морските патишта што ги поврзуваат денешните мориња Ведел, Амундсен и Рос“, рече во петокот водечкиот автор Јан Стругнел од австралискиот универзитет Џејмс Кук. „Ова ќе му овозможи на октоподот да патува низ отворен теснец и да разменува генетски материјал, што можеме да го видиме во ДНК на денешните популации“, вели постдокторскиот истражувач Сали Лау. Стругнел рече дека последниот меѓуглацијален период бил кога „глобалните просечни температури биле за 0,5 до 1,5 степени Целзиусови потопли од прединдустриските нивоа, а глобалното ниво на морињата било за пет до 10 метри повисоки од денешните“. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

ДНК, Нино Величковски и Драган Мијалковски… главни ѕвезди за дочекот на Нова Година и денот по неа во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-nino-velichkovski-i-dragan-mijalkovski-glavni-zvezdi-za-dochekot-na-nova-godina-i-denot-po-nea-vo-ohrid/ Tue, 19 Dec 2023 13:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331711

Охриѓани подготвуваат богата и интересна новогодшна програма која ќе ги забавува граѓаните на Охрид, туристите и сите оние кои Новата година планираат да ја дочекаат во ова наше познато туристичко место. Новогодишната програма ќе започне на 28-ми декември со програма наменета за најмладите, односно, на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид присутната публика ќе ги забавуваат Биби и Боби и „Светот на Биби“. Следниот ден пак, на 29-ти декември на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“. На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“. Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот. Што се однесува до забавниот дел за новогодишната ноќ и дочекот на Новата 2024-та година, на 31 декември, на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21 часот. На 1-ви јануари 2024 година точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски. Организаторите очекуваат одлична забава и задоволни граѓани и посетители од земјава и странство.]]>

Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-zhestoko-go-vperi-prstot-vo-poedini-kolegi-od-estradata-i-javniot-zhivot-site-koi-si-gi-promovirate-vashite-nastani-na-ovoj-den-ste-obichni-bedni-bezrbetnitsi-foto/ Wed, 06 Dec 2023 10:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330104

Огромната болка по невидената трагедија што деновиве ја потресе македонската јавност се' уште не стивнува. Можеби шокот и неверувањето полека се претвораат во соочување со реалноста од која нема враќање, но од трагедијата  треба да се извлечат поуките и направи се' вакво нешто никогаш и никому да не му се повтори. По трагедијата емпатија и сочувството беа речиси колективна одлика на целата нација која тагуваше по невината жртва, чиј детски живот наслино беше одземен. Но, како што вели старата поговорка: „Во секое жито мора да има и плевел“, го имаше и овој пат, во овој случај. Како што веќе пишувавме кога веќе политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер беа откажани, настаните и концертите – одложени, промоциите на нови песни и музички видеа - пролонгирани... Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето од естрадно-забавниот свет, иако некои не веднаш и не баш сите… Ова изнервира многумина кои коментираа на социјалните мрежи жестоко реагирајќи на тоа како може во вакви моменти на траор и тага некој да си тера забава, веселба, музика, да си промовира ивенти, настани, настапи... Ако веќе власта нема сенс за тоа дека во вакви околности Македонија барем 24 часа требаше да биде земја на тагата, како што тоа на пример го направи соседна Србија која се случи масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, тогаш секоја индивидува  мораше да има барем малку душа да ја сподели тагата за невино загубената детска душа. Еден од оние кој најмногу изнирверина најжестоко изреагира на социјалните мрежи вперувајќи го прстот во своите „неразумни и бездушни колеги“ од естрадата кои ја игнорираа болката и тагата по објвата за смртта на малата Вања, беше Панчо - ДНК. Владимир Блажев како што му стои во личната карта и овој пат имаше што да каже и кого да прозве крајно изнервиран од односот на некои свои колеги кон „траорната стварност“!  Изваден од такт, тој своите профили на социјалните мрежи ги опсипа со жестоки „комплименти“ оние свои колеги кои ниту смртта на малото девојче не ги допрела, па како да ништо да не се случило си ја терале својата испланирана агенда од промоции, настапи, ивенти, прослави, родендени... На таквите пејачки, старлети, инфлуенсерки... естрадни јавни фаци,  Панчо им порача:   Фото: Facebook/Vladimir Blazev]]>

„Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/posrekna-na-vrchak-i-dnk-e-mnogu-slushana-ama-pancho-objavi-deka-e-posreken-od-bilo-koga-zaradi-edna-sosema-druga-rabota-foto/ Thu, 23 Nov 2023 09:53:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328238

Новата  заедничка песна на ДНК и Врчак - „Посреќна“  е многу слушана. од нејзиното излегување за миг стана ултрахит, со огромен број преслушувања, вртења по радиостаниците ширум Македонија иилјадници прегледи на Јутјуб и по социјалните мрежи. Полн погодок како и досега, со тоа што интересот за враќањето на Врчак на сцената кое сите долго го очекуваа, на Андреј и Панчо и дополнително им ја крена популарноста. Радоста секако неизмерна, а Панчо истата не ја криеше, па ја обзнани, како и благодарноста за поддршката до нивните обожаватели и фанови! Арно ама Владимир Блажев, како пшто му стои во личната карта или само Панчо како што го знаат на естрадата, кога не е ар ен би изведувач е и ДЈ и тоа познат под уште еден уметнички прекар како ДЈ Шорти! Кога нема обврски со ДНК, пушта музика. По кафулиња, ноќни локали, клубови, дискотеки, приватни забави... Секаде каде што ќе го повикаат. И додека добар дел од останатите ДЈ-и можеби ги бираат и селектираат настапите, Панчо покажа зошто периодов е неизмерно горд, радосен и среќен. Да,  можеби „Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа. Имено, тој како ДЈ Шорти имаше свој настап на едно навидум сосема невообичаено место, иако студентските забави не се ниту непознати, ниту невобичаени и тоа наназад со децении. Можеби не е баш секојдневна појава некоја позната ѕведа на нив да се појави со своја изведба, сеедно дали е пејач, пејачка, група или ДЈ, кој е познато име и презиме на естрадата! А токму Панчо или во случајов ДЈ Шорти беше тој на кој студентите широко му отворија порти на нивната студентска забава во скопскиот студентски дом „Пелагонија“. Панчо не само што не ги изневери, туку и самиот беше изненаден, воодушевен и горд на својот настап токму на ваква локација за една нова студентска генерација, која како и тој покажа дека зне што е тоа добра забава и фантастична размена на позитивна енергија! По ДЈ сетот  за студентите и забавата која долго ќе им остане во сеќавање и ним и нему, Панчо не одлеа приказната да не ја обзнани на социјалните мрежи, со свое видување и став околу неговиата одлука да биде ДЈ на студентска забава, па еве што на својот Фејсбук напиша: „Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом….. Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место. Обожавам вакви места, ја сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти. И да бидам искрен, сите кој беа присутни беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти бре, чисти души! Местото е мало но има поубава енергија од најубавите и најскапите локали низ Македонија, а најбитно од се, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче) не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои “големи газди“ ! Студентски “ПЕЛАГОНИЈА” ве ОБОЖАВАМ!!!“ - споделил во својот емотивен статус Панчо по неговиот прв, се надеваме не и последен, студентски ДЈ сет. Фото: Instagram/djshortypofficial/ Видео: Facebook/Vladimir Blazev]]>

ДНК го „вратија“ Врчак во музичкиот свет: Слушнете ја заедничката – „Посреќна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-go-vratija-vrchak-vo-muzichkiot-svet-slushnete-ja-zaednichkata-posrekna-video/ Mon, 20 Nov 2023 11:56:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327690

Тоа што многумина со нетрпение го очекуваа - Раде Врчаковски  - Врчак и официјално да се „врати“ на македонската музичка сцена, се случи. На сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и дуото од ДНК  со наслов „Посреќна“ , кое допрва треба да покже дали вредело што јавноста чекаше толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе. Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години. Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година не беа творечки активни, па така ова  е нивна песна по пауза од речиси една година. За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна. Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано - „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други... Инаку ова е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нивните најнови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види... Слушнете ја песната и погледнте го спотот за „Посреќна“ во видеото во продолжение: ]]>

Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-do-kamerata-dali-e-do-skalite-ili-do-dolgite-manekenski-noze-ne-mozheshe-da-se-iznachudi-ni-samiot-rade-kako-toa-toj-e-povisok-od-nea-a-manekenkata-mozhe-burek-od-glava-da-mu-jade-foto/ Tue, 07 Nov 2023 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325732

Како што вети, Раде Врчаковски - Врчак ветеното по се' изгледа почна и да го остварува и полека да се враќа на естрадната сцена, со што израдува многумина. Особено припадничките на понежниот пол се посреќни, зашто русокосиот рапер беше нивни идол, со неговите песни растеа, се радуваа, плачеа, вљубуваа, водеа љубов, раскинуваа... А многумина од нив и во него самиот беа „зацапани“! Некои, веројатно се'  уште и се! Врчак со помош на своите стари пријатели од времето на продукција „Република“, Андреј и Панчо од ар ен би дуото ДНК, деновиве престојуваше во Белград. Таму го снимаа видеото за нивната најнова заедничка, за Врчак и повратничка песна, која претходно ја снимија во студиото на проверениот хитмејкер и музички продуцент, Лазар Цветковски. Спот како спот, несомнено ќе биде на нивото кое ДНК  досега го прикажуваат, а во видеото како по обичај мора да има и убави девојки, што на Андреј и Панчо исто така им е вообичаена пракса. Впрочем, стројните манекенки и топ модели отсекогаш ги имало во нивните спотови, па од тоа не отстапиле ниту овој пат. Јавноста не можеше да биде „Посреќна“ (како што им се вика и новата заедничка песна) откако ја дозна веста и ги виде најавните фотографии од снимањето. Тројцата стари пајташи одново заедно еден до друг, рамо до рамо во новото видео. Арно ама, сижето на прикаската е такава, што „рамо до рамо“ или поточно, „лице в лице“ одблизу мора да бидат и главниот протагонист и неговата партнерка во видеото, во случајов стројната манекенка. И види сега неволја или барем нејаснотија, на која никако не може да и се изначуди ни самиот Раде: Како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе, има ли некој да одгатне, мили Боже? Во прашање е „оптичка илузија“ или чиста конфузија кога се сантиметрите во прашање, што воопшто и не е така важно? Важно е да има љубов, па макар и на спот, зашто гледано во глобала, телата се изедначуваат кога ќе се најдат... „во хоризонтала“! Тогаш воопшто не е важно дали е повисока, важно е да е... „Посреќна“! Фото: Инстаграм и Фејсбук/djshortypofficial/Раде Врчаковски  ]]>

Раде Врчаковски прво „ги искара“ новинарите, па повторно ја стави јавноста во недоумица: Врчак како Врчак… се враќа или сепак не се враќа на сцената? https://arhiva.vistina.com.mk/rade-vrchakovski-prvo-gi-iskara-novinarite-pa-povtorno-ja-stavi-javnosta-vo-nedoumitsa-vrchak-kako-vrchak-se-vraka-ili-sepak-ne-se-vraka-na-stsenata/ Wed, 18 Oct 2023 10:06:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322793

Откако никој жив освен најблиските со години не знаеа и се прашуваа што се случува со некогаш големата македонска рап ѕвезда Врчак, која преку ноќ исчезна од естрадната сцена и со години го немаше, веста дека Ламбе Алабакоски и Раде Врчаковски заедни застанале на сцена на една приватна свадбена забава во Охрид и испеале песна во дует ги воодушеви сите. И присутните на свадбата и јавноста. Јавноста пак едвај со душа  дочека по долгата пауза Врчак одново да го види на сцена, кој заедно со Ламбе овој пат ја испејаа песната „Спасете ме другари“ која  ја снимија заедно во далечната 2006 година.
И самиот Ламбе Алабакоски видеото го сподели на својот Инстаграми воодушевено напиша: „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже, вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“ - објави Алабакоски, а медиумите цитирајќи го, тоа го пренесоа. И кога сите помислија дека Врчак конечно се враќа на сцената, Врчак како Врчак... Најпрвин „ги искара“ новинарите за нивните објави, а потоа повторно ги стави јавноста и своите обожаватели во недоумица: Се враќа или сепак не се враќа на сцената? Имено, Раде Врчаковски на својот Фејсбук профил споделил соопштение во кое „малку ги подгрева, малку ги убива“ надежите дека повторно ќе го гледаме. „Bрчак и Ламбе на приватна прослава. Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам.... Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам - ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Гиговска, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Ламбе утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна (му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи... И ќе снимаме песна и со Ламбе)“ - споделил меѓудругото Раде. Останатото е во доменот на неговите визии за глобалната грижа за човештвото и директно нема врска со музика и нечија кариера! Сепак, ден - два подоцна, следната споделна информација и фотографија влева надежи дека Врчак сепак можеби ќе се врати...? Веројатно на инсистирање на колегите и пријателите од музичката фела... Барем според приложената фотографија на која се заедно во студио Врчак, Панчо и Андреј од ДНК и композиторот и продуцент Лазар Цветковски... Е сега во прашање е нова песна на ДНК, ама дали во неа го има и Врчак? Или само е таму заради дружба и обид  после музичка апстиненција „од еден век“ другарите да го „спасат“ и убедат на кам-бек? Веројатно ќе зависи во многу што од неговите „чудни правила“ дали „тајните ангели“ ќе ја завршат својата мисија успешно или Врчак ќе го продолжи својот музички „манастирки сон“... Засега, за него се' уште „како времето да стои“, како за  некоја „заспана убавица“! ]]>

Некогаш даваше чесен Титов пионерски збор, а денес е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика: Можете ли да го препознаете, денес е ДЈ и 1/2 од познатото македонско ар-ен-би дуо? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-davashe-chesen-titov-pionerski-zbor-a-denes-e-muzichka-zvezda-koja-dava-se-od-sebe-na-stsenata-za-svojata-publika-mozhete-li-da-go-prepoznaete-denes-e-dj-i-1-2-od-poznatoto-makedonsko-ar-en-b/ Tue, 10 Oct 2023 07:54:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321791

Детството е велат, најубавиот дел од животот. Уште ако е  исполнето со семејна топлина, љубов и радост, безгрижно и среќно, е тогаш навистина нема ништо поубаво отколку да си среќно дете. А повеќето од нас тоа и биле, па со радост неретко си го враќаат филмот, патуваат по спомените и сеќавањата на годините кога зачекорувале во животот и светот на возрасните. Тогаш како слатки мали момчиња или девојчиња, подоцна секој по својот пат, со својот к'смет, умеење и знаење, низ трње до ѕвездите, некои за жал и обратно... Оформувањето на личноста и карактерот доаѓа со воспитанието од дома, едукацијата на училиште, друштвото на улица, искуството... Ама затоа пак трансформацијата на ликот е природен процес чија метаморфоза зависи од годините, возраста, генетиката, животните околности во кои си растел, си се развивал, си живеел... Некои и денес личат на себе или барем потсетуваат во ликот, па не е тешко да ги препознаете, некои баш и не, зашто физички тотално се промениле. Ако се' уште не успеавте да го препознаете  оваој мал „жолтоклунец“ - некогашен Титов пионер, да ве потсетиме дека денес изгледа прилично поразлично... Можеби не пораснал многу во височина, ама затоа пораснал до небо кога е неговата музичка кариера во прашање. Затоа, ако некогаш даваше чесен Титов пионерски збор,  денес е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика. Без оглед дали ќе се појави на истата таа сцена како клубски ДЈ или како 1/2 од познатото македонско ар-ен-би дуо! Еднаш е ДЈ Шорти, друг пат Панчо, ама секако во документите за лична идентификација е Владимир Блажев, кого сите го знаат како од ар-ен-би дуото ДНК! А кога сме веќе кај детството и генетиката... Можеби на сликава ќе пепознаете некој што многу личи на оној малиот „пионер“ од старата фотографија погоре, односно на овој во средина со сончевите очила? Фото: Инстаграм/djshortypofficial]]>

„Послушајте патриоти“ – овој пат словото го кажуваат ДНК и Наум Петрески (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/poslushajte-patrioti-ovoj-pat-slovoto-go-kazhuvaat-dnk-i-naum-petreski-audio/ Thu, 31 Aug 2023 10:50:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316127

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески. Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града. „Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум. „’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Распоред на концертите: Штип – 6 септември Битола – 13 септември Велес – 20 септември Прилеп – 27 септември Кочани – 1 октомври Тетово – 4 октомври Кавадарци – 8 октомври Скопје – 11 октомври Почетокот на концертите е во 20 часот! Уживајте во „Послушајте патриоти“ и изведбата на ДНК и Наум: ]]>