длум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Jul 2023 12:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png длум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Oд 3-ти до 9-ти јули: „Скопски урбани приказни – во 5 и 17“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-3-ti-juli-do-9-ti-juli-skopski-urbani-prikazni-vo-5-i-17/ Mon, 03 Jul 2023 12:29:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308695

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и Културно информативниот центар (КИЦ) – Скопје најавуваат дека ќе се придружат на сеќавањето на 60 години од скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов, два големи јубилеја кои се значајни за 2023 година. Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, „Во пет и седумнаесет“, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. „Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител на идејата, покани уметници (23) кои низ класичен, но и интердисциплинарен и мултимедијален пристап, ќе изложат свои дела на неколку локации во централното градско подрачје на Скопје. Низ соработка со Скопско лето, ДЛУМ влегува во програмата за 2023 година“, соопштуваат од КИЦ. Отворањето ќе започне во КИЦ во 17 и 17 часот, во паркот и продажната галерија, каде ќе бидат поставени дела од 10 уметници. Потоа, движењето продолжува кон Францускиот Институт Скопје – излог галерија, каде се поставени дела од 2 уметници, продолжува кон приватната галерија ГРАЛ – мала галерија и билборд пано, таму се поставени 7 уметници. Движењето продолжува кон улицата „На липите“, во Дебар маало (Буњаковец), со објект инсталација од еден уметник и движењето завршува кон градската кафеана „Пелистер“, каде ќе бидат поставени 2 уметници и како гости на овој проект ќе учествуваат соработници од училиштето „Партенија Зографски“, каде текстот на Ацо Шопов, „Во 5 и 17“ ќе го презентираат на видео на знаковен јазик. „Изложбата ќе се одвива во периодот од 3 јули – 9 јули 2023, со почеток и отворање токму во 5:17 (17.17) часот се до вечерните часови, а изложбите ќе бидат достапни за посета во работното време на институциите секој ден, се до 9 јули“, велат од КИЦ. Учествуваат уметниците: Марина Лешкова, Вана Урошевиќ, Нина Гештаковска, Жанета Вангели, Маја Стефановскa, Тања Таневска, Соња Димовска, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Марија Сотировска, Игор Сековски, Маја Кировска, Дејан Иванов – Маргуш, Ѓорѓе Јовановиќ, Борче Богоевски и Тања Ристовска, Кристијан Јованоски, Драганчо Таневски, Ива Станковска, Душан Стефановски, Динев Ѓорѓи, Стефан Јакимовски.]]>

„Интернационално графичко биенале 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/internacionalno-grafichko-bienale-2022/ Fri, 23 Sep 2022 12:38:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268507

Во тек е четвртото издание на биеналната изложба „Интернационално графичко биенале“ кое се реализира како on-line изложба на социлајната мрежа Facebook, секој ден во периодот од 15 до 30 Септември 2022. ДЛУМ има тенденција да повикува графичари, уметници од разни земји кои графиката ја негуваат во својот класичен третман но и активно експериментираат. Дигиталната ера ја овозможува оваа on-line поставка да биде достапна на голем број публика. Но се чини дека дигиталната ера го окупира и уметникот да создава и експериментира со новите технологии и можности. Класичните графички техники на ова издание на графичкото биенале се во богатство на понуда од линорез, литографија, бакропис, акватинта, мезотинта, сува игла, сито печат, но голем е бројот и на уметници кои работат во медиумот на дигитален печат. Понудените конкуренти од различни земји имаат свој специфичен ракопис, индивидуална или препознатлива преокупација од денешницата. Ако задача на уметникот е да го забележи времето сегашно, да ги претстави сопствените визии и актуелни размисли, тогаш она што тие го кажуваат е поттик за размисла, провокација за гледачот. На изложбата се претставени дела од 35 уметници од различни земји и тоа : Босна и Херцеговина Катарина Галиќ ; Бугарија – Ѓорги Ашиков , Христо Николаев Георгиев , Ирина Владимирова Михаилова , Марија Тодорина , Снежина Бисерова , Росен Станоев ; Кипар – Мариана Кафариду ; Литванија – Адам Чех , Кристина Даниунаите, Угне Зилјут, Вајдотас Јанулис; Македонија – Ана Спасова , Ана Трајковска , Валентина Илијевска , Горан Ристески , Дијана Томиќ Радевска , Златко Глигоров, Маја Рауник, Марија Светиева, Роберт Михајловски, Стефан Младеновски ; Мексико – Лилиа Лухан ; Норвешка – Магдалена Бак ; Полска – Кжиштоф Румин , Мариа Амброз , ПаулинаБобак , Ана Чмјелник , Дариус Затка , Моника Столарска ; Хрватска – Јошко Саблиќ , Ива Штефанец , Ена Бајук и Црна Гора – Јелена Јованчов . Стручно жири од 7 члена Маја Рауник Кирков, Гордана Вренцоска, Маја Кировска, Шќипе Мехмети, Христијан Санев, Марија Светиева и Дијана Томиќ Радевска ги селектираше пристигнатите дела и донесе одлука да додели 3 рамноправни награди на: Магдалена Бак, Норвешказа „Знајна-незнајна СкреиаII”, сито печат, Паулина Бобак, Полска ,,БлискостIII”, етканица, мезотинта, Кристина Даниунаите, Литванија ,,Кон слободата”, C3, C5, бакропис и акватинта.]]>

Изложба „Современа скулптура“ на ДЛУМ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-sovremena-skulptura-na-dlum/ Tue, 31 May 2022 12:47:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252606

Изложбата со наслов „Современа скултура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се отвори на 01 јуни во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ , ГТЦ 2 кат, локал 306 во Скопје со почеток во 20 часот. Изложбата се реализира со финасиска поддршка на Министерството за култура и сите љубители на уметноста може да ја разгелдаат до 10 јуни во работно време на галеријата од 11-18 часот. Изложбите на ДЛУМ од програмските планирања се можност за групни рецентни претставувања. Бележење на современоста во медиумот скулптура бара континуитет во работата, истражување, и експериментирање низ материјали и можности. Уметникот низ возбудата на творештвото истражува низ формата и изразот, и таа негова авантура се материјализира до конечниот став на идејата. Ако скулптурата е поврзана со просторот и времето на доживувањето или пак совладувањето на формите, тогаш, ќе биде возбудливо на нашето око да му дозволиме, во амбиентот на оваа групна синтеза на претставување да се движи и мечтае. Ќе приметиме класична употреба на материјали во процесот на лиење (бронза, алуминиум), обликување на метал (инокс), комбинирани техники во метал, обработка на мермер и дрво, но и успешни идеи низ еколошки пристап на рециклирање на материјали сé до остварување на концептот. Свежината на тие идеи се можеби поттик да се делува во актуелноста на современите движења не отстапувајќи од сопствениот идентитет на творец. Оваа година се пријавија и учествуваат 12 уметници, Анѓел Димовски-Чауш, Димитар Илиевски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела Јанковска, Ненад Тонкин, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски и Слободан Милошевски а како покровител на наградата ,,Боро Митриќевски”, поставено е и дело на еден од доајените на современата скулптура, Боро Митриќевски. Семејството Митриќевски доделува награда секоја година за најдобра скулптура, оваа година наградата ја доби Ангел Димовски Чауш за делото со наслов „Танчерката на Дионис VII“ .]]>

Уште една врвна ликовна манифестација во „Чифте амам“: 19-то издание на „Зимски салон“ на ДЛУМ https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-vrvna-likovna-manifestacija-vo-chifte-amam-19-to-izdanie-na-zimski-salon-na-dlum/ Wed, 09 Feb 2022 13:56:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238401

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, а во соработка со Национална Галерија на Р.Македонија вечерва во отвора 19-то издание на „Зимски салон“ кое што ќе се одржи  во Национална Галерија на Р.Македонија објект – Чифте Амам со почеток во 20 часот. „Зимскиот Салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ е врвна ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми и прифатена во културниот живот со огромен интерeс и голема медиумска поткрепа. Денешната физиономија на „Зимскиот Салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум а тоа е конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна. Годинешниот „Зимски Салон“ е 19-ти по ред, селектор е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“. На изложбата учествуваат:  Коле Манев, Вана Урошевиќ, Кирил Гегоски, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Илина Арсова, Филип Фидановски, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Слободан Живковски, Пандора Апостолоска Саздовска,Златко Бојковски,Христина Зафировска, Стефан Димовски, Ацо Таневски, Мирослав Вељковиќ-Мишо, Јана Луловска,Ангелца Стоиљковиќ, Ивона Велковска,Марина Цветановска Мартиновска, Моника Десоска Каргова, Зуљеха Зубери Али, Бојана Артиновска Трпческа, Драган Верговски Алпи, Душан Георгиевски, Ангел Димовски Чауш, Сашо Саздовски,Слободан Милошески, Ненад Тонкин,Маја Танева, Нела Јанковска, Росица Лазеска, Дијана Томиќ Радевска, Ана Ивановска, Марија Мицова Гацова, Тања Таневска, Јана Манева Чупоска, Страхил Петровски, Мице Јанкуловски, Ирена Паскали и Златко Глигоров.]]>

Со изложба на 292 автори ДЛУМ слави 75 години постоење https://arhiva.vistina.com.mk/so-izlozba-na-292-avtori-dlum-slavi-75-godini-postoenje/ Tue, 30 Nov 2021 10:50:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229465

Со голема изложба на своите членови од основањето до денес, Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) во среда, 1 -ви декември ќе одбележи 75 години постоење. Јубилејот ќе се слави со поставки во два објекта на Националната галерија – Чифте амам и Мала станица. Свеченото отворање е во 20 часот во Чифте амам, а истиот ден може да се посети и поставката во Мала станица.
„На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се' до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј“ -  соопшти организаторот.
Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19-21:50 часот.  ]]>

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ во КИЦ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-mal-format-2020-na-dlum-vo-kic/ Tue, 22 Dec 2020 13:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182112

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура денеска ја отвораат изложбата „Мал формат“ која ќе биде поставена во Културно Информативниот Центар (КИЦ), салон Имеријал 1, во Скопје и ќе трае 10 дена. Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на годината, а можеби и прилика да пред-празничниот период го збогатиме со уметничка понуда. Темите се слободни и можеме да забележиме замор од оваа тешка и специфична година, па така забележуваме враќање кон природата, кон пејзажот,но колорит и композиции кои ќе не замислат.
„Индивидуалниот ракопис и пристап на изработка кај секој од авторите ја бележи нивната потреба за творење, или пак бегство од реалната апатија и дотолку повеќе се значајни овие колективни изложбени претставувања кон патот до гледачот. Таа слобода на изразувањето, која ја почитуваме кај нашите колеги, со оваа изложба, ви ја претставуваме“, велат од ДЛУМ. На изложбата учествуваат 33 автори членови на ДЛУМ: Ана Ивановска, Ана Спасова, Ангелца Стоиљковиќ, БлашкаМиева, Дејан Иванов, Дијана Томиќ-Радевска, Дита Старова, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, ЗулељехаЗубери Али, Ивона Велковска, Игњат Шќекиќ, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Љубица Мешкова-Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитреова, Маја Кировска, Марија Светиева, Марина Цветановска-Мартиновска, Марјана Костојчиновска-Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Никола Смилков, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Слободан Милошевски, Стефан Димовски, Стефан Хаџи-Николов, Тања Таневска, Шќипе Мехмети.
Уметничкиот совет на ДЛУМ наградата за „Мал формат“ му ја додели на Дејан Иванов – Маргуш за делото ,,Осоговски пејзаж”. Со енергично насликаните мотиви од македонските скриени убавини, на кој авторот им се посветува подолг период, тој провоцира трагање со погледот, а поставува воздушна перспектива во која го внесува гледачот. Прочистениот израз, едноставниот богат потез и возбудливата текстура го збогатува чувството на оптимизам и нашата припадност кон природата. Од страна на КИЦ беа доделени три награди: Награда „Адем Кастрати“ на Златко Бојковски, награда Костантин Коце Мазев на Марија Светиева и нагарада Вангел Коџоман на Дита Старова Ќерими.]]>

Годишна изложба на ДЛУМ во „Мала Станица“ на која учестуваат 57 автори https://arhiva.vistina.com.mk/godishna-izlozba-na-dlum-vo-mala-stanica-na-koja-uchestuvaat-57-avtori/ Tue, 20 Oct 2020 12:42:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172320

Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) ќе се отвори вечерва, 20 октомври 2020 година, во 19 часот во објектот „Мала Станица“. На отворањето ќе може да присуствуваат ограничен број посетители, а изложбата ќе биде поставена и ќе може да се види до 30 октомври. На изложбата учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, кои се претставуваат во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Наградата за сликарство ја доби Мирослава Микица Трујкановиќ за делото „Молитвеник за сите“, наградата за скулптура - Слободан Милошески за „Запознавајќи се себеси“, а наградата за нови медиуми ѝ припадна на Ана Ивановска за делото „Без здив“. Годишната изложба на ДЛУМ се одржува од 1945 година.]]>