дкц карпош – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 May 2021 12:50:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дкц карпош – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“ https://arhiva.vistina.com.mk/12-izdanie-na-megjunarodniot-festival-za-gitara-tremolo/ Mon, 17 May 2021 12:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202814

Од денеска до 23 мај ќе се реализира 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“. Во рамки на фестивалот ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Фестивалот ќе се одржи со поддршка на Градот Скопје, а како што посочуваат организаторите, како централен настан е натпреварот на кој учествуваат талентирани млади луѓе. Меѓу концертите планирани за годинава први се оние на Давид Стрбац – Србија/Австрија и на Адам дел Монте – САД, кои ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Македонската филхармонија. Потоа следува „Дуо Дениција“ – Македонија/Германија и на Герхард Герхард Рајхенбах – Германија, најавени за 21 мај во „Куршумли ан“, како и на Нејц Кухар – Словенија/Австрија и на Габриел Бјанко – Франција, чии настапи на 22 мај, исто така, ќе бидат во малата сала на Македонската филхармонија. Организаторите најавуваат учество на гости од странство, од кои дел ќе бидат и членови на интернационалното жири Адам дел Монте од САД – еден од водечките фламенко и класични гитаристи и композитори од неговата генерација, добитник на награди „греми“, Габриел Бјанко од Франција – признат како еден од најдобрите денешни класични гитаристи, победник на престижни меѓународни натпревари, во Сан Франциско, САД и во Кобленц, Германија, Герхард Рајнхенбах од Германија, кој веќе 40 години настапува како солист и заедно со оркестри на сите важни меѓународни фестивали на гитара. Од македонска страна во жирито членуваат Дарко Багески – нашиот познат гитарист, кој моментално работи како редовен професор на Факултетот за музичка уметност, уметнички директор на „Тремоло“, основач е на Летната академија за гитара во Охрид и претседател на македонската заедница за класична гитара; Борче Наумоски – доцент на Факултетот за музичка уметност, кој ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитара, а предава и како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и Љубомир Наќевски – професор по класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, чии ученици активно учествуваат на фестивалите во регионот и се добитници на државни и меѓународни награди, како и директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска. „Овој фестивал е прв посветен на уметноста на класичната гитара во нашата земја. Низ годините, прерасна во престижна културна манифестација што ги обединува љубителите на класичната гитара. Во текот на изминатите години многу еминентни солисти и педагози, светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност. Секое издание од овој фестивал е своја приказна, инспирaција за младите генерации во нивната културна формација“ - соопштија организаторите.]]>

ДКЦ Карпош наместо на скопскиот плоштад, организира онлајн „Априлијада“ на Фејсбук https://arhiva.vistina.com.mk/dkc-karposh-namesto-na-skopskiot-ploshtad-organizira-onlajn-aprilijada-na-fejsbuk/ Tue, 31 Mar 2020 12:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142486

Детскиот културен центар “Карпош” најавува дека и во услови на пандемија, нема да дозволи најмладите да останат без прослава на најшарениот и најразиграниот ден во годината. Имено, на 1-ви април со почеток од 12 часот на фејсбук-страницата на “ДКЦ Карпош’ ќе се одржи пренос во живо на градската априлијада, со цел децата да можат да бидат дел од неа и да не ги запостават своите грижливо избрани маски. “Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, за прв пат на несекојдневен начин ја организираме априлијадата. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов”, се вели во соопштението на ДКЦ Карпош.  ]]>