дј мице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Jun 2022 11:07:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дј мице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Михаил Бошковски: Замина Мице – диџеј, официјално првиот ДЈ во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-mihail-boshkovski-zamina-mice-didzej-oficijalno-prviot-dj-vo-makedonija/ Thu, 09 Jun 2022 05:42:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253671

По кратко боледување во средата наутро на 08. јуни 2022 год. не напушти првиот официјален диск-џокеј во Македонија, легендарниот Михаил Бошковски (75), кого сите го познаваа како Мице диџеј. Својата богата дискотека, која брои над 7.000 плочи почнал да ја создава како осумнаесетгодишник, кога за роденден ја добива својата прва плоча „The twist“ од Чарли Чекер. Како диск-џокеј почнува да работи 1964 година кога е отворен Клубот на дискофили во Работничкиот универзитет во Скопје, каде во вторник и во петок се одржувале диско-шоу програми. Во Радио Скопје е од 1967 година и водел и по пет емсии неделно. Во 1971 година композиторот Димитар Масевски за потребите на емисијата „Диско 7“ која одела и на тогашната ЈРТ, го ангажира Коле Ангеловски како водител, а Мице пуштал музика. Тогаш Масевски ја напишал песната „Еј, еј Мице диск-џокеј“, која цела година одела како одјавна шпица. Неговата популарност расте до 1972 година кога се појавува таканареченото „Писмо на Тито“ и настрадале многумина, а меѓу нив и Мице и неговите емисии. Го обвинуваат дека е „неподобен, империјалистички настроен и оти на младите им пушта капиталистичка музика“. „Јас само сакав и ние да бидеме во тек со времето. За десетина дена ми ги укинаа сите емисии на радио. Таа негативна еуфорија траеше дваесетина дена и потоа спласна, но јас од револт не се појавував на радио повеќе години“ – ќе рече своевремено Мице. Како диџеј за Мице било најубаво времето кога пуштал музика во скопскиот клуб „Мусандра“, кој тогаш важел за култно место во Скопје. „Во „Мусандра“ останав цели 20 години, од 1971 до 1991, кога повторно се вратив во радио Скопје. Тоа беше една од најубавите дикотеки во некогашна Југославија и доаѓаа скоро сите пејачи од регионот кои гостуваа во Скопје. Имаше одлична акустика, направена според светски стандарди, современа ди-џеј кабина во чие креирање и самиот учествував, а имамвме и своја химна, песната „Џиџи ла Морозо“ што ја пееше Далида. Во сеќавање ќе ми остане гостувањето на Боби Фарел од „Бони Ем“, поранешен македонски зет, кој најпрво бил диџеј, а тоа и го покажа на дело. Се соададе одлчичлна атмосфера, а „Вардар филм“ сними документарец за него токму во „Мусандра“ – ќе изјави  Мице. Кога замина во пензија велеше дека годините тежат, но со музика полесно се живее. До сполдениот ден од животот Мице беше активен на социјалните мрежи и објавуваше текстови за најголемите домашни и светски муички ѕвезди. Секогаш беше расположен за разговор и да даде свое мсилење за својата професија,за музиката, за старо Скопје. Беше активен и во Здружението на инвалиди на Македонија. Како голем професионалец, но пред се добар човек, Михаил Бошкосвски беше дел од животот на многу генерации скопјани, а со својот радиофоничен глас преку емисиите на Радио Скопје беше чест гостин во домовите на љубителите на музиката во целата земја. Погребот на Михаил Бошковски ќе се изврши денес, 9. јуни 2о22 год. на градските гробишта Бутел во Скопје. Извор: НоваМакедонија]]>