дј ицко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Jun 2020 12:49:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дј ицко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сопругата на починатиот ДЈ Ицко со проштален Фејсбук статус: „Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите“ https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-pochinatiot-dj-icko-so-proshtalen-fejsbuk-status-ti-blagodaram-shto-mi-beshe-drugar-soprug-prijatel-roditel-za-primer-i-drugar-so-golemo-d-za-site/ Wed, 17 Jun 2020 12:48:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154242

Ристо Меловски попознат под уметничкиот прекар ДЈ Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио, за жал ја загуби битката во борбата  со коронавирусот. Неговите колеги, другари, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии на социјалните мрежи со познатиот диџеј, и преку постирани статуси  да жалат и изразуваат сочувство на семејството за прерано згаснатиот живот. Но највпечатлив, најемотивен и најпотресен е секако статусот на неговата сопруга Наташа, која собра сили со проштален поздрав јавно да му се заблагодари и збогува со својот сакан Ицко. „Нема зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но  среќни сме затоа што  беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам, душичке моја, љубов моја. Благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но, морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене. Ке излеземе на прав пат, не се секирај  и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста“ - напишала неговата сопруга Наташа во прошталниот статус од својот сакан Ицко, на нејзиниот Фејсбук профил. ]]>

Познатиот македонски ди-џеј почина од коронавирус: Не напушти ДЈ Ицко од „Антена 5“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-makedonski-di-dzej-pochina-od-koronavirus-ne-napushti-dj-icko-od-antena-5/ Wed, 17 Jun 2020 11:06:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154182

Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. Станува збор Ристо Меловски попознат под уметничкиот прекар ДЈ Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио. Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.
„Скршени од болка, во најдлабока тага и жалост Ве известуваме дека почина нашиот најдраг колега, другар и пријател Ристо Меловски - ДЈ ИЦКО. Ице секогаш ке остане дел од нашата екипа во неизбришливи спомени. Најдлабоко сочувство до неговата фамилија и сите негови роднини, другари, пријатели и неговата верна публика“ - пишува во соопштението од колегите и негови пријатели од „Антена 5“ радио.
Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот. Тој ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена. Редакцијата на Вистина.ком.мк длабоко жали за прераното заминување на ДЈ Ицко и изразува искрено сочувство на семејството.
]]>