дизајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 13:06:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дизајн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога ќе се спојат винтиџ елементи и живописни детали во 67 квадрати https://arhiva.vistina.com.mk/koga-ke-se-spojat-vintidh-elementi-i-zhivopisni-detali-vo-67-kvadrati/ Mon, 19 Feb 2024 13:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339259

Кога станува збор за уредување на ентериери наспроти неутралните и беж нијанси стојат ведрите и живописни бои и токму таков е следниот стан на којшто наидовме на Инстаграм.
Покрај боите, овој дом од 67 квадрати, го дефинираат и винтиџ детали, креативни лустери и интересни облици на мебел. Станот се наоѓа во Берлин и е пример за удобност со доза на разиграност.
Уметнички слики, керамички украси, необични лампи се споени преку меки линии со земјени бои и вибрантни детали. Сопственичката, блогерката Сабина редовно креира одлична содржина на својот Инстаграм профил на задоволство на фановите.
Во нејзиниот дом место наоѓаат и голем број на растенија коишто на некој начин го спојуваат ентериерот со екстериерот, односно малиот балкон. Светлината ја има во изобилство што е од голема важност, а впечатливи се и романтичните столни лампи, клуб масичката со уникатен дизајн и меката фотелја којашто наликува на teddy капут.
Извор: Точка
]]>

Џејла Рамовиќ ги засени светските убавици во Венеција: Пејачката прошета по црвениот тепих во комбинезон со интересен детаљ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dhejla-ramovik-gi-zaseni-svetskite-ubavitsi-vo-venetsija-pejachkata-prosheta-po-tsrveniot-tepih-vo-kombinezon-so-interesen-detal-foto/ Fri, 01 Sep 2023 08:09:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316284

Свечено беше отворен јубилејниот 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, кој ќе трае до 9 септември. На овој гламурозен црвен тепих синоќа покрај познатите ѕвезди се прошета и убавата Џејла Рамовиќ. Пејачката не остана незабележана, а еве што облече за оваа пригода. Имено, младата пејачка беше олицетворение на елеганција и софистицираност – иако не носеше фустан. Џејла Рамовиќ за филмскиот фестивал во Венеција се одлучи за розов комбинезон без прерамки кој одлично го обликуваше нејзиното деколте. Корсетот ја следеше нејзината витка линија додека правите нозе даваа ефект на уште подолги нозе. Посебно интересен детаљ беше „едностраната машна“, односно појасот што го истакнуваше струкот и долгиот „превез“ што направи комбинезонот од одредени агли да изгледа како фустан. Секако, детаљот кој ги привлече сите беше масивниот дијамантски ѓердан околу вратот и обетките со сличен дизајн. Џаила знае дека со ваков накит, шминката и фризурата мора да бидат потценети, па косата ја врза во мазна, ниска опашка, а шминката беше многу природна - со малку појак ајлајнер кој ги истакна нејзините зелени очи. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Џејла Рамовиќ]]>

Џенифер Анистон откри што би работела доколку не беше актерка – ова сигурно не сте го знаеле (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/dhenifer-aniston-otkri-shto-bi-rabotela-dokolku-ne-beshe-akterka-ova-sigurno-ne-ste-go-znaele-foto/ Thu, 31 Aug 2023 07:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316035

Домот на Џенифер Анистон е доказ дека популарната актерка има уште еден талент. Имено, дизајнот на ентериер е област во која таа се истакнува. Од создавањето на профилот на Инстаграм, Анистон им даде на фановите поглед на нејзината приватност и личен простор, откривајќи дека има голем интерес за дизајнот на ентериер.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @nina.clare

Во 2011 година, Џенифер купи имот од 1965 година, а куќата беше естетски далеку од она што го сакаше. Имотот во Бел Ер вреди 21 милион долари. За да ја уреди околината на куќата, актерката собрала тим дизајнери на ентериер и екстериер и со нив ја создала својата оаза. Педесет и четиригодишната Џенифер Анистон веќе неколку пати проговори за нејзината страст кон дизајнот на ентериер и не е тајна дека таа страст можеби би ја претворила во кариера доколку не станела актерка. - Сакам да поврзувам домови и да создавам простори. Можам да отидам дома и да видам што и треба. Тоа е забавен процес. Јас напредувам во текот на тој процес - изјавила Анистон и открила дека таа и нејзиниот поранешен сопруг често се расправале околу украсувањето на куќата бидејќи понекогаш немале иста визија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Домот во кој Анистон живее со кучињата се простира на 8.500 квадратни метри и има четири спални соби, шест бањи, винарска визба и луксузен базен. Кога го украсувала својот дом, сфатила дека ја привлекува дрвото, каменот и бронзата, материјали кои имаат вистинска суштина и длабочина. - Колку и да е нешто убаво или гламурозно, тоа мора да биде топло и привлечно за да се чувствувате добро во просторот. Покрај тоа, парче мебел треба да изгледа секси, но удобноста сепак е на прво место – изјавила Џенифер. Фото: Принтскрин/Инстарам/Џенифер Анистон  ]]>

Мартин Филиповски од „Некст Tајм“ го дизајнираше новиот дрес на фудбалската репрезентација: Музичарот ги открива деталите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-filipovski-od-nekst-tajm-go-dizajnirashe-noviot-dres-na-fudbalskata-reprezentatsija-muzicharot-gi-otkriva-detalite-foto/ Mon, 27 Mar 2023 07:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295082

По „промашената варијанта со боите и рисот“ за историскиот настап на ЕУРО 2021,  новите дресови на фудбалската репрезентација  на Македонија овој пат се вистински погодок. На неговата промоција на мечот со Малта од првото коло квалификаци за настап на ЕУРО 2024, фудбалерите ја донесоа и првата победа за Македонија. Новата опрема изгледа одлично, новиот дрес одново е во препознатливите бои и елементи кои ја симбоилизираат Македонија: Стилизираното сонце од македонското знаме, чии краци се налик на отпечатови од прсти... Симболи по кои и тоа како ја пепознаваат државата, но и идентитетот на нацијата, односно Македонците и останатите етникуми кои живеат во неа.
Резервниот дрес во бело-жолта боја е исто толку впечатлив и автентичен,  како и третата варијанта на дресови и шорцеви е во темно-сива, речиси црна боја, која дополнително го нагласува сонцето и идентитетот како националната гордост. Многумина се запрашаа  кој  тоа овој пат ги дизајнираше дресовите, кој ја погоди суштината, автентично ја долови сржта на она што една репрезентација треба да го носи на својот дрес, а тој да ги отсликува националните симболи на земјата во целина? Уште повеќе сите беа пријатно изненадени кога дознаа дека автор на новиот дизајн на дресовите е познат македонски музичар! И тоа не било кој, туку Мартин Филиповски, од братското дуо близнаци од групата „Некст Тајм“, кој заедно со Рахила Илиев го потпишува автентичниот дизајн. Запрашан од каде тој во нешто што ни на сон публиката и воопшто јавноста не го очекувала, Мартин за Вистина.ком.мк одговори: „Со дизајн почнав да се занимавам пред неколку години за да си помогнеме како „Некст тајм“ за нас самите. ВО меѓувреме ја запознав Андреа (Белевска - ракометарката, која сега е негова свршеница) и почнав да креирам а неа некакви најави, промо материјали и сл. Нароавив дури и лого за клубот за кој играше во Романија, Валчеа мислам се викаше, кои стаснаа и прваци на својата земја и играа во Лигата на шампиони. Но тоа не го работев за пари, хонорарно, туку онака... Потоа си реков зошто не би продолжил. Правев логоас за неколку македонски фудбалски школи и еден ден ми се јави портпаролот на ФФМ,   Златко Андоновски и ме повика во нивните простории каде договоривме соработка за натпреварот со Косово. така почна соработката со ФФМ, каде работев на промо материјалите за некои натпревари, па снимивме рекламен спот - „Сега е наше време“ и уште неколку реклами... Така некако влегов во прикаскава со федерацијата и тие почнаа да ми веруваат. https://www.youtube.com/watch?v=YOmQeoRfaFo На прашењето дали редизајнот можел да се случи порано, наместо онаа “срамота“ пред ЕП 2021, Мартин вели: „Јас уште пред ЕП им понудив да го смениме дресот. Не да биде тоа сосема нов дизајн, туку да го, редизајнираме стариот, да го освежиме со нов материјал, нов крој, нови детали, но... По ЕП, по некое време одново ми се јавија и ми рекоа ако си сериозен, дојди да видиме што можеме да направиме. За два - три дена им понудив неколку варијанти, по што дојдовме до заеднички заклучок дека ќе одиме со овој дизајн што е денес“. „Рахила Илиев од ФФМ ми помогна да го скроиеме онака како што треба, бидејќи не бев запознаен со строгите правила. После тоа работевме три месеци на деталите, тука мислам на материјалот, кројот, фонтот,  ракавите и бојата. Во опција беа 4 бои, од кои трите се оние кои веќе се презентирани, додека жолтата варијанта остана како опција за изненадување, со која би можеле евентуално да ги изненадиме фановите кога ќе треба. И сето тоа го направив не заради некаква заработка, туку од љубов кон фудбалот, кој како дете  го тренирав и точно знам што посакува еден играч од дресот, каков материјал, какви одлики и перформанси да има“ - заклучува Мартин Филиповски, познатиот македонски музичар од „Некст тајм“ и спортски дизајнер. Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/martin_filipovski    ]]>

„Ново сонце изгреа”: Еве од каде е инспирацијата за дизајнот на дресовите на фудбалската репрезентација на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/novo-sontse-izgrea-eve-od-kade-e-inspiratsijata-za-dizajnot-na-dresovite-na-fudbalskata-reprezentatsija-na-makedonija/ Wed, 22 Mar 2023 13:44:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294624

ФФМ вчера го претстави новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. -Дизајниран од нашата Рахила Илиев и Мартин Филиповски, новиот дизајн останува верен на македонското фудбалско наследство, велат од ФФМ. Резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите. Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост. ]]>

Ќерката на Исидора Бјелица со прва исповед по смртта на мајка си: „Време е да се искажам…“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-isidora-bjelica-so-prva-ispoved-po-smrtta-na-majka-si-vreme-e-da-se-iskazam-foto/ Tue, 30 Mar 2021 07:21:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196539

Ќерката на Исидора Бјелица и Небојша Пајкиќ, Вила Еванџелина Пајкиќ, се обиде да биде надвор од јавната сцена и медиумите, но сега сепак реши да зборува за нејзината покојна мајка. Вила сега откри дека се запишала на моден дизајн и дека Исидора и помогнала да најде колеџ во догледно време. - Досега добро ми оди, се запишав на втора година на колеџ. Јас сум презадоволна од професорите и од наставата, особено што учам што ме интересира. Првата година имавме предмети поврзани со цртање и сликање, додека сега ги совладуваме основите на кроење, шиење и моделирање - рече Вила.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @vilapajkic

- Секако, поради пандемијата, многу работи се случуваат на интернет, но има работи што не можат да се направат од дома. Имаме дванаесетмина на час, затоа се организираме во помали групи и така присуствуваме на часовите - вели Вила и додава: - Јас сум уметнички тип, како дете најмногу ме интересираше да цртам. Моите родители забележаа рано, тие беа свесни дека нема да се најдам во повеќето училишни предмети. Чекаа време да студирам и конечно да започнам да правам работи што ми овозможуваат да се изразам онака како што сакам. Мајка ми го пронајде и факултетот каде што студирам. - Таа секогаш ме поддржуваше. Таа ме советуваше да бидам своја и слободна. Таа сакаше да го работам она што ме прави среќна, а фактот што одбрав да се занимавам со дизајн и беше особено пријатен. Беше среќна што ми ја пренесе љубовта кон уметноста и модата - рече таа. Оваа млада дизајнерка додаде дека планира да го развие својот бренд.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @vilapajkic

- Планирам независно шоу што ќе биде големо изненадување. Се надевам дека дотогаш ќе ја убедам Лава да се појави на пистата, но не во костум и вратоврска. Мама знаеше дека планирам шоу, многу ми помогна. Би била многу горда - заклучи Вила за „Хелоу“.]]>

Избор на вистински простор за вашиот бизнис – најчести грешки кои ги прават компаниите https://arhiva.vistina.com.mk/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/ Wed, 13 Nov 2019 11:02:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118231

Непланирање на иден развој

Една од најчестите грешки кои ги прават компаниите при изборот на деловен - канцелариски простор е непланирање на можностите за иден развој и потребата за дополнителен простор во иднина. Работиме на динамичен пазар, со брзи промени во трендовите каде флексибилноста на просторот се наметнува како стандардно барање од кое во голема мера ќе зависи и успешноста на една компанија. Една од клучните работи при изборот на канцелариски простор е соодветно и колку што е возможно да се предвиди идниот развој и согласно на тоа да се избере простор кој ќе биде флексибилен и кој најдобро ќе може да одговори на сите промени и потреби на компанијата.

Цена на закуп – фактор број 1 при изборот

Избор на деловен - канцелариски простор базиран само на висината на цена на закуп е пракса кај голем број на компании. Несогледување на таканаречените скриени трошоци (трошоци за одржување, идни поправки итн.) придонесува планираните трошоци во голема мера да отстапуваат од реалните по изборот и вселувањето во деловниот простор. Локацијата, квалитетот на просторот и деловната зграда, патната инфраструктура и достапноста се само дел од факторите кои заедно со цената и вкупните трошоци треба да се земат в предвид во процесот на избор на канцелариски простор.

Дизајн на просторот

Флексибилност на работниот простор и уредување кои овозможуваат оптимални услови за работа можат да ја зголемат продуктивноста и креативноста на вработените. Светските трендови покажуваат дека сè повеќе компании ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа. Уредувањето на канцеларискиот простор од страна на стручни лица во областа, а во линија со специфичните потреби на компанијата ќе придонесе за поголема ефикасност, позадоволни вработени и поуспешен бизнис.

Водење на комплетниот процес на избор во рамките на компанијата

Процесот на изнаоѓање на вистински деловен – канцелариски простор е многу повеќе од само едноставен избор на простор. Секој чекор од процесот изискува специфично знаење и искуство од одредена дејност - брокери, консултанти, правници, архитекти, инженери. Професионален пристап и тим од стручни лица од областа на недвижностите ќе овозможат да се изнајде најдобриот простор кој во целост ќе ги задоволи сите потреби на компанијата.

За крај

Деловниот простор во кој секојдневно ги извршувате работните обврски влијае директно како  на вработените така и на вашите клиенти, а со тоа и на целокупниот ваш бизнис и успех. Оттука, изборот на идеален деловен-канцелариски простор е комплексен процес каде многу фактори треба да се земат в предвид. Со помош и ангажирање на стручни и искусни специјализирани компании за недвижен имот како ФМС, ќе добиете професионална услуга и вистинско решение за сите ваши потреби за канцелариски простор.]]>

БМ Дизајн Моника во подготовки на нова уникатна колекција https://arhiva.vistina.com.mk/bm-dizajn-monika-vo-podgotovki-na-nova-unikatna-kolekcija/ Fri, 01 Mar 2019 21:09:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75514

  1. На што ќе биде ставен акцентот на новата колекција?
Со задоволство ви ја најавувам мојата нова пролет лето колекција, на која акцентот ќе биде ставен на корсети и фустани, наменети за посебни прилики во овој период од годината. Секако неизбежни ќе бидат уникатните цртани маички по кои што луѓето најмногу ме препознаваат.
  1. Која е инспирацијата на оваа колекција?
Овој пат инспирацијата е природата. Почнувајќи од чистата кристална вода на која небото се отсликува, до светло сините кристали кои ни помагаат да размислуваме и да се релаксираме во нашето прифаќање на животот што го имаме во секојдневието, притоа користејќи ги светло сините кристали за да се развие една трпеливост и усогласеност во разликите.
  1. Ако велиме инспирација од природата, тогаш што би ни препорачале од модни парчиња за оваа сезона?
Со нетрпение ги чекам топлите денови и сонцето и најмногу тие ми ја даваат енергијата за креирање. Во мода повторно ќе бидат шарените цветови на маици и елеци, синиот светол џинс, како и белата боја задолжителна во секоја комбинација.
  1. Веќе 3 години успешно се претставуваш на сцената како уметник, но и моден дизајнер. Што ново би можеле да очекуваме?
Оние кои ме следат во мојата работа, мислам дека веќе се навикнаа да гледаат ново и ново од мене, прашувајќи ме како имам време се’ да постигнам. Но, ете кога нешто правите со љубов, тогаш не ви се спие. Неодамна го почнавме проектот „SEWING“ односно стартуваме од 0 за резултат 10. Само 2 секунди одвоени за вашата мерка. Бм Дизајн започнува да ја изработува вашата уникатна идеја преку изработка на модна илустрација, шиење и краен ефект, цртање. Оваа идеја се роди токму од моите клиенти кои што сакаат да добијат комлетно решение за нивниот изглед.
  1. Се ближат матурите, ќе може ли да ни кажете некој моден совет за матурантите, кои сигурно периодов се во потрага по своето модерно парче облека?
Искрено и јас се сеќавам на мојата матура за која сигурна бев дека морам да сошијам фустан и дека тој фустан ќе биде еден и единствен. Токму поради тоа еве еден мој краток совет  за оние кои планираат да направат модно парче облека почнувајќи од 0, тоа да биде едноставно, решено минималистички со еден детал. Доколку пак се решат да купат готово парче, би препорачала да е надополнето со интересен принт, цртеж, не плашејќи се и да е во повеќе бои, бидејќи последниве години, сигурно се носи и на светската модна сцена.

Хелена Мојсиќ: Талентираната архитектка која го создаде дизајнот на луксузното „Мое студио Дадар“ https://arhiva.vistina.com.mk/helena-mojsikj-talentiranata-arhitektka-koja-go-sozdade-dizajnot-na-luksuznoto-moe-studio-dadar/ Wed, 18 Oct 2017 12:42:45 +0000 http://vistina.mk//?p=406

Перманентноста која познатиот македонски стилист Александар Билјановски-Дадар ја има низ годините наназад во полето на својата работа, го донесе до остварување на својот сон, а и оној на клиентите со отворањето на новиот луксузен салон во Скопје. Дизајнот и ентериерот од уредувањето во салонот е вистинска оаза за сите сетила, а за истиот да изгледа така беспрекорно и гламурозно, се погрижи македонската архитектка Хелена Мојсиќ. Талентираната архитектка има дипломирано на Архитектонскиот факултет во Скопје и магистрирано на истиот на тема проектирање хотели, а моментално е на докторски студии на Државниот факултет TUW во Виена. Во интервју за Вистина.мк таа откри како е да се соработува со Дадар, каков е како клиент, од каде ја црпи инспирацијата, како успева да ги задоволи желбите побарувачката и сл…   Новиот салон Мое Студио Дадар  го изработивте по светски терк . Преовладува луксузот, елеганцијата , гламурот … колку Дадар вмеша прсти во вашите идеи , што ве инспирираше за просторот?
  • За салонот на Дадар ме инспирираше самиот тој и неговата работа.Сакав ентериерот да биде огледало на неговата работа , поточно целата таа убавина , луксуз и елеганција е компаративна со тоа како Дадар работи, како клиентите се чувствуваат кај него од самиот влез во студиото, престојот и задоволството што го имаат по третманот .
Каков клиент е Дадар. Како би го опишале?
  • Со Дадар соработуваме од 2012 год. Тој е перфекционист,  уметник со јасно дефиниран стил, знае точно што сака, има преголема доверба во луѓето со кои што одлучува да работи, која пак произлегува од неговата самодоверба .
Настојувате да ја најдете врската меѓу просторот и личноста што таму треба да живее или работи. На кој начин го постигнувате тоа?
  • Откривањето  на врската помеѓу личноста и просторот во кој што таа треба да живее и работи е процес и настанува преку комуникацијата со клиентот .
Со кои приоритети се водевте при дизајнирањето. Што има предност , функционалноста или визуелниот изглед ?
  • Естетскиот момент е тој што се забележува на прв поглед, но јас секогаш се водам на прво место од функцијата која понатака во процесот на создавањето ја обликувам естетски . Сите мои проекти се флексибилни, со изваден максимум од потенцијалот на тој простор, со можност на модифицирње според потребите што ги носи работата, животот и времето .
  На што се заснова вашата работа на полето на архитектурата и на што работите тековно?
  • Јас сум специјализирана за проектирање на хотели и хотелски комплекси. Мојата фирма Хелена Мојсиќ Архитектс моментално работи на три проекти за хотели. Се работи за комплетни проекти за градење кои вклучуваат и проекти за ентериер.
Која особина е круцијална за да се успее како дизајнер на ентериери, особено кај нас ?
  • Јас ентериерот го работам со посебна љубов и внимание . Според мене важно е да се открие желбата и потребите  на клиентот за тој простор и таа естетски да се визуализира и обработи.
Како изгледа според вас совршено уреден ентериер?
  • Совршено уреден ентериер е ентериер кој ги врши своите функции, а воедно  е  естетски максимално  чудесен. Оној каде  луѓето се чувствуваат прекрасно, а намената на тој простор е комплетно искористена, со тенденција и вештини на архитектот како создавач на просторот  да   успее визуелно со архитектонски детали истиот да се зголеми уште повеќе.
Опишете ни ја поврзаноста на модата и архитектурата ?
  • Модата е мојата втора љубов после архитектурата. Имам завршено курс за моден дизајн на Accademia Italiana во Фиренца во Италија . Многу светски познати креатори се архитекти. Токму ентериерот е тој кој најповеќе ме доближува до мојата љубов кон модата и можеби и затоа  мојот стил во проектирањето на ентериерите е специфичен и препознатлив.
Колку брзо се менуваат трендовите кога е во прашање уредувањето?
  • Трендовите се менуваат исто како и во модната индустрија, но во уредувањето потребно е да ја имаме базата на просторот така испланирано да одговара со потребите на луѓето во голем временски период а деталите да може да се менуваат трендовски доколку луѓето преферираат да ги следат.
Што е за вас непресушен извор на инспирација ?
  • Луѓето ме инспирираат , за нив ги создавам просторите во кои тие треба да живеат и создаваат . Нивната среќа и успеси во тие простори ме прави и мене задоволна и среќна . На секој проект се посветувам максимално без разлика дали е тоа дизајн на мебел , проект за ентериер или проект за хотел .
Кога би можела да ја проектираш канцеларијата или домот на некој од познатите личности , за кој би било тоа и како би го направила?
  • Никогаш не сум размислувала така и луѓето не ги делам на познати и непознати . Би била среќна кога во тој простор што сум го проектирала луѓето ќе имаат прекрасен живот , многу успеси и напредок на сите полиња, а ако посакуваат и да станат познати . Моја до сега неостварена  желба е во иднина да работам на сценографии за ТВ спотови , па дури и филм .
На кој проект сте најгорди ?
  • Тоа е мојот основен проект за градење за  Хотел Вардар Палас , хотел 16500 м2 , 5 ѕвезди хотел со 170 соби , најголем Спа центар на Балканот и многу содржини. Според мене најголем и најлуксузен хотел во Македонија и по содржини . Се наоѓа  во центарот на Скопје на Кеј на река Вардар . Наскоро почнува со градба. Проектот вклучува комплетен проект за градење и проект за ентериер за целиот хотел . Огромно е задоволството дека ќе го видам изведен .