дискриминација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Jun 2021 13:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дискриминација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Музика сега“: Дискриминација е музичарите само на свадби да може да свират https://arhiva.vistina.com.mk/muzika-sega-diskriminacija-e-muzicharite-samo-na-svadbi-da-moze-da-svirat/ Wed, 02 Jun 2021 13:06:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205340

ЗУПМ „Музика Сега“ повторно јавно се обраќа до Владата барајќи олабавување на мерките за музичарите, да нема дискриминација во било кој сегмент на нивниот колегиум и конечно после 15 месеци да можат да отпочнат со работа сите музичари.
Искрено се надеваме дека овој пат ќе бидеме сослушани и сериозно сфатени, во спротивно ќе се надоврземе на нашето Отворено писмо до јавноста од 28.05.2021, а доколку нашите молби не бидат ислушани и нашите барања за укинување на мерката од (Службен весник бр.240 Прилог број 7 и 8 точка број 13 и 15) овој петок 04.06.2021 година најавуваме протест на сите музичари и музички работници во Република Македонија, се вели во јавното соопштение.
„Музика Сега“ вели дека како Здружение за унапредување на правата на сите музичари без разлика на националност и етникум, досега во целост се труделе да изградат коректен однос со надлежните институции следејќи ги сите протоколи во комуникацијата, конструктивно и достоинствено. Истовремено одговарајќи на сите нивни задачи и предлози за наша организација, со цел да послужат како стожер во изградбата на функционална инфрастуктура во корист и заштита на цела една професија од непроценлива културна вредност.
За жал исходот од нашите културни напори за позитивни резултати и со помош на државните органи да ја ублажиме болката од стрмниот финансиски пад и деградација на цел еден еснаф, го знаете сите, стои во реакцијата.
И покрај нивни напори, велат тие, не успеле да ја раберат логиката на последната официјална објава по одлуката на владата за олабавување на мерките.
Зошто свадбите и музичарите кој настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафичи, ресторани, ноќни клубови, барови, кафани, и други угостителски објекти) кои ви ги предадовме изминатото лето? До кога ќе трае оваа дискриминација, бидејќи за тоа се работи, за дискриминација?“, стои во реакцијата.
Според „Музика Сега“, со оваа последна одлука од Комисијата за заштита од заразни болести „овие половични мерки ќе создадат хаос во работењето и новото секојдневие, и да не испадне утре во сите угостителски објекти секојдневно да се организираат свадби и прослави“.]]>

Итно формирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva.vistina.com.mk/itno-formiranje-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ Fri, 13 Dec 2019 12:40:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123872

Во мај 2019 година беше усвоен новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација со кој се создадоа нормативни претпоставки за подобрување на системот и институционалните механизми за заштита од дискриминација. Притоа, новиот закон предвидува значително подобрување на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, преку проширување на нејзините надлежности на полето на промоција на еднаквоста и подигање на свеста на јавноста, како и јакнење на нејзината независност, компетентност, транспрентност и отчетност. Меѓутоа, во пракса изостанува спроведувањето на новиот закон поради неформирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во законски предвидениот рок во август 2019 година. Ваквата ситуација придонесува за опстојување на дискриминаторните практики во нашето општество, при што лицата кои се дискриминирани немаат каде да се обратат за помош и поддршка за заштита на своите човекови права. За таа цел, апелираме до Собранието на Р.С.Македонија, односно Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, во најкус можен рок, да спроведе транспарентна постапка за избор на новите членови на КСЗД преку: – Распишување на јавен оглас за избор на членови на КСЗД во најмалку два дневни весника кои се издаваат на целата територија на државата, како и објавување во Службен Весник и на интернет страницата на Собрание; – Организирање јавна расправа со учество на сите засегнати страни, на која јавноста ќе биде информирана за пријавените кандидати и нивните биографии, по што ќе биде утврдена предлог-листа за усвојување од страна на Собрание на Р.С.Македонија; – Избор на членови на КСЗД врз основа на законските критериуми и почитување на принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. Дополнителни податоци за уредникот: Здружението ЕСЕ во соработка со Институтот за човекови права и со поддршка на Британската амбасада во Скопје, подготвија Проценка на законскиот мандат и на надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во оваа проценка детално се утврдени сите предуслови за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работата на новата Комисија, кои треба да бидат преземени пред, како и непосредно по изборот на новите членови на ова тело. Повеќе информации за проценката и предусловите за ефективна имплементација на новиот закон може да најдете на следниот линк.]]>