дискотеки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Apr 2022 07:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дискотеки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нека гори Балкан: На Игор Џамбазов „му изгоре“ желбата да пее на исто место со полуанонимни „турбо певаљки“, пет пати поплатени од него (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/neka-gori-balkan-na-igor-dzambazov-mu-izgore-zelbata-da-pee-na-isto-mesto-so-poluanonimni-turbo-pevaljki-pet-pati-poplateni-od-nego-foto/ Tue, 26 Apr 2022 07:13:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247445

Македонија отсекогаш била Мека за естрадата... Сечија, најмногу комшиската, но не и за сопствената. Во останатите делови на регионот „нивните“ царуваат полокалите и клубовите, а нашите не можат ни да припирисаат. неможат ни да помирисаат  табановце да го минат, со чест на ретките исклучоци, чии настапи се на прсти да ги изброиш. Затоа пак нашите естрадни ѕвезди овде ја имаат најжестоката конкуренција.  И меѓу себе дома и од оние „големите“ ѕвезди однадвор, од целиот регион, а странците и да не ги споменуваме. Овде секој викенд доаѓа да пее  „шуто и рогато“ и „глуво и слепо“... Важно е добро „да меша“ и да изгледа „лепо“! Од полуанонимни турбо певаљки со една позната песна,  до разни „полумент(ол)и“  и  „шабани“  кои хараат по македонските клубови и кафеани за дебели хонорари и тоа во кеш! За сите овие години бројката се мери во милијарди денари ако не и евра, неоданочени пари  во готовина изнесени  надвор од државата, во име на добрата журка и забавата. А, журката со шунд и кич бекграунд,  зачинета со „Техеран саунд“... Не знаеш кој од кого повеќе „завива“  додека рајата во пијан транс наводно ужива од мерак, во атмосфера на колективен севдах! А, македонските ѕвезди, ништо помалку добри, дури и од многуте дојденци поквалитетни, ама „отепани“... И тоа од сите страни! На главните телевизии во ударните термини - ги нема... Чат-пат им даваат „на лажаче“ по некое минутче во ниедно време. На радио ги пуштаат од што мора, па логично е дека и локалите, особено клубовите и дискотеките повеќе ги преферираат „Гранд“, „Пинк“, „ДМ Сат“, „Пајнер“... или кои веќе од комшиските пејачи! И тоа за пет-шест пати поголеми хонорари! А државата „не ја боли уво“  за многу поважни нешта, а камо ли што домашната естрада страда! Токму затоа македонскиот шоумен и блузер Игор Џамбазов, реши повеќе да не биде неоправдано „лузер“, па на газдите на македонските локали лутито им порача дека повеќе нема да настапува... Не секаде, се разбира, туку на исто место со оние кои не се достојни со него да застанат на иста сцена, а газдите им плаќаат пет пати повисока цена! Колку ќе остане доследен, ќе видиме... Дали дур е жив, како што рече или... Ќе мора да попушти под налетот на отворените деколтеа, танцот на колковите и задниците  на “турбо певаљките“ кои можеби дури и полошо пејат, ама затоа од него сто пати подобро „мешаат“ на сцена... А и вон неа! И ќе „мешаат“... дур се живи! Се' дур има „сељобери“! Па, нека гори Балкан...! Очигледно и ние сосе него!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic/igordzambazov
]]>

Еве како изгледа ноќниот живот во Киев среде војна: Дискотеки во бункери, забава во скривници и подруми (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-izgleda-nokjniot-zivot-vo-kiev-srede-vojna-diskoteki-vo-bunkeri-skrivnici-i-podrumi-video/ Thu, 07 Apr 2022 08:13:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245585

Антон Птушкин, блогер кого на Јутјуб го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот  ноќен живот во Киев за време на руската инвазија во Украина. Тој шета низ градот и вели дека се чувствува како да е во паралелна реалност додека поминува покрај урнатини на продавници и аптеки што ги посетувал последните десет години. Антон исто така интервјуира луѓе што се кријат во тунели на подземни железници, во подруми, но и во ноќни клубови каде што пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие тешки времиња. Антон посетил и болница, каде што сретнал деца што биле повредени и чии родители починале штитејќи ги. Видеото на Јутјуб набргу се прошири на социјалните мрежи. Твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е важно и поучно. ]]>

Српската естрада „исчуре“: Заради ширење на коронавирусот Црна Гора ги затвори ноќните клубови… настапите се откажаа, тезгите им пропаднаа https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-estrada-ischure-zaradi-shirenje-na-koronavirusot-crna-gora-gi-zatvori-nokjnite-klubovi-nastapite-se-otkazaa-tezgite-im-propadnaa/ Fri, 23 Jul 2021 10:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212323

Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука да ги затвори дискотеките и ноќните клубови од 23 јули до 2 август поради ширење на пандемијата на корона вирусот, што значи дека се откажани и сите веќе закажани концерти и ноќни настапи на српските и регионалните  ѕвезди на црногорското крајбрежје. Корона пандемијата особено ја погоди естрадната фела, која не можеше да настапува речиси една година, а кога мерките се олабавија, тие летово најмногу ги закажуваа своите настапи ширум Србија, но и во странство, а најмногу од нив се потпираа  на летната сезона во Црна Гора. Саша Ковачевиќ, Сенида, Аца Лукас, Маја Беровиќ, Александра Пријовиќ, Дара Бубамара, „Хурикејн“, Едита, Сандра Африка, Ѓани, Тропико бенд, Сека Алескиќ, Ацо Пејовиќ, Дарко Лазиќ, Слоба Радановиќ... и многу други естрадни ѕвезди останаа без стотици илјадници евра поради новите мерки на црногорската влада. Инаку, како што пренесува „Вијести“, по 2-ри август 2021 година, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде дозволен. Фото: Promo, Printscreen, ATA Images, Kurir Televizija, Dragana Udovičić]]>