диско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Dec 2022 11:59:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png диско – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за – „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-snimi-duet-so-tamara-todevska-a-snimashe-spot-bez-nea-za-samo-ti-mi-falish-video/ Fri, 09 Dec 2022 11:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279310

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно  е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и  изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како штое и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска. Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.  Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови - фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година. Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски - Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас.... ...Или Калина Велковска,  Полина Тасева, Лаура Крлиу... како придружни вокали на пример. Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот - Тамара Тодевска!? Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале... „Само ТАА фали“! Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање. Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“ (КЛИКНИ ТУКА):

Повеќе на vistina.mk]]>

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно  е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и  изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како штое и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска. Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.  Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови - фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година. Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски - Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас.... ...Или Калина Велковска,  Полина Тасева, Лаура Крлиу... како придружни вокали на пример. Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот - Тамара Тодевска!? Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале... „Само ТАА фали“! Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање. Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>
Дојде братот од САД, се собра старата „естрадна екипа“: По дома може сите, а за во диско… женетиот „несуден советник“ остана дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-bratot-od-sad-se-sobra-starata-estradna-ekipa-po-doma-moze-site-a-za-vo-disko-zenetiot-nesuden-sovetnik-ostana-doma-foto/ Mon, 25 Oct 2021 07:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224316

Секоја генерација си има свои естрадни ѕвезди, свои идоли, свои љубимци на публиката која расте и созрева со нив, а и тие со неа... Тие тројца тоа и се - генерација македонски поп пејачи која стануваше популарна некако во исто време. Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Александар Тарабунов...  Во исто време  се појавија, се пробиваа, учествува по разни фестибвали., манифестации, музички натпреварувања и доам и надвор од Македонија, почнаа да редат хитови, прават албуми, снимаат спотови, освојуваат награди... Се' додека животните и професионални патишта не ги рапрснаа на различни страни, па некои од нив се иселија од земјава, како Дарко Илиевски кој се ожени за ќерката на македонската ДЈ легенда Славе Келешоски и остана да живее во САД, а музиката речиси и ја батали. Димитар Андоновски исто така вплови во брачните води и се вреати во родната Битола, а и тој како и Дарко стана и сопруг и татко, почна да работи и друга професија, и се придружи на групата „Тајфата“ со која настапува, а на овие локални избори реши да се обиде и во политиката како кандидат на советничката листа на СДСМ во Битола, но не успеа сцената да ја замени со општинската говорница и советничката фотелја. Александар Тарабунов и понатаму е музички најактивен, снима, сега и микса и продуцира, има неколку нови песни и видеа и среде корона пандемија... Кога на тројцата „стари музички мускетари“ ќе им се придружи најмладиот, надежната македонска „Гранд ѕвезда“ од семејството Џорлеви, младиот Огнен Здравковски, музичкото „триото-фантастико“ станува „квартет од соништата“, овој пат собран крај софрата! И тоа во домашна атмосфера, на гости кај „несудениот општински советник“ во Битола. Братот Дарко дојде од САД, па време беше да се седне... Сите заедно на едно видување за потсетување на старите добри времиња и она што носи денешнината, секако со богато мезе и по некоја пијачка, по дома. А кога ќе се собере екипата добро позната стара, неизбежна е песна и гитара за уште подобра домашна атмосфера, во која свој тон ќе даде и најмалиот Огнен, како „ново дете“ во тимот за уште подобар штимунг. И кога сите чинии и чаши ќе се испразнат и сите драги песни ќе се испеат, доаѓа време за второ полувреме. Екипата се сели во друга сфера, од домашна во клубска атмосфера. Колку за потсетување на младоста на оние малку постарите и одржување на формата на помладиот и неженетите. Арно ама, како што може да се забележи по споделените фотографии на социјалните мрежи, „на диско“ заминале само ергените, ако се смета дека и Дарко е овде дојден сам. По дома може сите, за за во диско, женетиот „несуден советник“, дали „по совет“ на младата сопруга или  причината некоја друга, останал дома! Така квартетот одново заврши како трио, како три тела - една душа, која се веселеше до фајронт! Четвртиот остана само на добриот домаќинлук и гостопримство што им го приреди на другарите, ама тоа е... Во кого душа да остане...? А, и кој да ти признае?! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/dimitarandon/ognenzdravkovski/aleksandartarabunov/ilievskidarko

]]>
Мерјем Узерли на филмскиот фестивал во Берлин во металик издание: Диско Хурем сите ги шокира! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/merjem-uzerli-na-filmskiot-festival-vo-berlin-vo-metalik-izdanie-disko-hurem-site-gi-shokira-foto/ Tue, 20 Feb 2018 10:52:15 +0000 http://vistina.mk/?p=13372

Мерјем Узерли, која домашната публика ја памети по улогата на султанката Хурем во схит еријата „Сулејман Величествениот“, пред неколку дена се појави на Берлинскиот филмски фестивал и направи голема модна грешка. Впрочем, погледнете го нејзиното модно издание. Дали изгледа како пристојна комбинација достојна за на црвениот тепих во Берлин? Не изгледа дека ќе е така.
Но, постои „оправдување“ зошто Хурем во Берлин се појави токму во оваа облека. Имено, таа во металик модна комбинација отиде на  премиерата на филмот "Place to B / Night at the Disco", а  ова беше најверојатно нејзиниот моден одговор на промоцијата на „диско“ филмот.
Причината можеби и ја прави нејзината облека оправдана, но тоа ни малки не ја поправа модната оценка. Кројката, материјалот и бојата на облеката не и прилегаат ама баш никако на актерката.

Повеќе на vistina.mk]]>

Мерјем Узерли, која домашната публика ја памети по улогата на султанката Хурем во схит еријата „Сулејман Величествениот“, пред неколку дена се појави на Берлинскиот филмски фестивал и направи голема модна грешка. Впрочем, погледнете го нејзиното модно издание. Дали изгледа како пристојна комбинација достојна за на црвениот тепих во Берлин? Не изгледа дека ќе е така.
Но, постои „оправдување“ зошто Хурем во Берлин се појави токму во оваа облека. Имено, таа во металик модна комбинација отиде на  премиерата на филмот "Place to B / Night at the Disco", а  ова беше најверојатно нејзиниот моден одговор на промоцијата на „диско“ филмот.
Причината можеби и ја прави нејзината облека оправдана, но тоа ни малки не ја поправа модната оценка. Кројката, материјалот и бојата на облеката не и прилегаат ама баш никако на актерката.]]>