дирлада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 10:57:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дирлада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вулгарно сквернавење на македонската музика небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во град среде Македонија: Кога „Дирлада“ ќе зазвучи како песна со полна уста омраза! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vulgarno-skvernavene-na-makedonskata-muzika-nebare-doaga-od-provintsiska-deponija-a-ne-od-kafule-vo-grad-srede-makedonija-koga-dirlada-ke-zazvuchi-kako-pesna-so-polna-usta-omraza-video/ Mon, 12 Feb 2024 10:52:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338369

„Меморија“ е секако една од најголемите македонски поп-рок групи во историјата на македонската музика. Бендот кој постои 40 години и се уште е активен секако дека залужува место меѓу легендите. „Нена“, „Оган по ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Зошто Боже“, „Снежо, Снежана“... и уште дузина хитови од нивниот репертоар се вбројуваат во оние безвременски песни кои се слушаат со години и децении и ги пеат сите генерации. Меѓу нив секако е и култната поп-рок химна „Дирлада“, која  одолевајќи му времето доживува разни стилски трансформации и преработки, но останува една од ретките македонски евергрини која ќе се пее довека! Една од ретките македонски песни која има речиси 7 милиони прегледи на Јутјуб! Арно ама, дека баш и не знаеме да си го негуваме, чуваме и цениме своето, покрај бројните примери од типот: „Туѓото е подобро“, покажаува и една од последните срамни случки кои спаѓаат во оние уште пострашни и попогубни, не само за македонската музика, туку и а целото македонско битисување, постоење и живеење! Имено, лидерот и основоположник на „Меморија“, бас гитаристот Петар Георгиевски - „Камиказа“ на својот Фејсбук споделил една снимка од кафуле, за кое се тврди дека е локал во централна Македонија, иако мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку во прашање е друг македонски град. Но сеедно, каде и да се случува, она што може да се види на видеоснимката е атмосферата во еден ноќен локал во кој „извесен бенд“ музицира и наводно ја забавува клиентелата. И навидум ништо необично, освен ако убаво не ги заслушате стиховите на песната што се пее во локалот, каде веднаш можете да препознаете дека во прашање е токму споменатиот македонски мегахит - „Дирлада“... Арно ама со стихови испеани во сосема друг контекст, конотација и содржина... Срамна, брутално понижувачка, преточена во вулгарно сквернавење на македонската музика, небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во голем град среде Македонија! За жал, на снимката така звучи „Дирлада“... Како песна испеана со полна уста омраза! Како поинаку да го протолкувате нејзиното брутално сквернавење со зборовите: „Дирлада“, да го е*ам цело Скопје и нашата држва, Дирлада, да ви е*ам мајката, да го е*ам цело Скопје и... скопјанките“! „Се прашувам, дали песнава заслужува вакво скрнавење?! Кавадарци е местото на изведба на овој срам“ - напишал лидерот на „Меморија“ во објавата на срамното видео иако како што веќе споменавме, мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку велат дека е во прашање е сосема друг македонски град. Сеедно каде е... Вакво недолично, срамно и понижувачко пеење во јавен локал без никаква причина и повод е надвор од умот и никому не служи на чест. Ниту на изведувачите што претендираат да бидат познати и популарни на ваков начин, ниту на оние што со нив прифаќаат ова да го пеат во локалот, иако далеку од тоа дека е во прашање колективно прифаќање, уште помалку за сопственикот кој ангажира и дозволува вакви недолични „примитивци од бендот“ да му го уриваат угледот! Конечно, срам за сите нас, на кое мизерно дереџе спаднавме! Фото и видео: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza]]>

Кога душата се радува: Секоја историска или голема спортска победа на Македонија се слави со песна на Меморија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-dushata-se-raduva-sekoja-istoriska-ili-golema-sportska-pobeda-na-makedonija-se-slavi-so-pesna-na-memorija-video/ Mon, 18 Apr 2022 10:34:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246757

Култната македонска поп-рок група „Меморија“ како да е предодредена да и биде судбинска на Македонија. Или поточно нејзините песни. И тоа уште од самиот почеток  на независноста, од првите секунди на прогласувањето на самостојноста и сувереноста на, па се' до ден денес, до најголемите спортски успеси на земјата. Оние што добро паметат, пред 31-на година, на 8-ми Септември 1991-та кога на градскиот плоштад во Скопје беше прогласена независноста, самостојноста и сувереноста на Република Македонија, на сцената тоа се случи со звуците на песната „Македонија“ и настапот токму на членовите на „Меморија“! Минатата година, кога Македонија или поточно нејзината фудбалска репрезентација го обезбеди првиот историски пласман на едно големо натпреварување како што беше ЕП во фудбал, македонските навивачи на улиците на Букурешт каде што Македонија ги играше првите натпревари, одново ја загреваа атмосферата со песна на „Меморија“, пеејќи го во еден глас нејзиниот голем хит „Дирлада“. По првиот натпревар кој иако го загубивме на улиците на романската престолнина од грлата на навивачите ечеше „Оган под ѕвездите“... Што ли ќе беше да победевме? Веројатно истото и уште посилно од тоа, како што беше вчеравечер ( 17 април 2022) во Скопје, во соблекувалните по натпреварот на нашите ракометари и победата над чешка во клучниот бараж натпревар и пласманот на Светското првенство. Ако за навивачите е можеби вообичаено, за спортските херои уште повеќе... Да се сплотат грлата и емоциите и прослави успехот со... „Оган под ѕвездите“! Како некое непишано правило, како „неофицијална химна“ која спонтано се пее од душа и срце, со полни гради и гласни грла при секој успех, при секоја историска или голема спортска победа на Македонија... Од плоштадите, улиците, трибините, соблекувалните... Љубовта кон светото име на татковината и нејзините достигнувања секогаш кога душата се радува, спонтано се слави со песна на Меморија! ]]>

Меморија + Блејзери со концертната верзија на „Дирлада“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/memorija-blejzeri-so-koncertnata-verzija-na-dirlada-video/ Fri, 22 Dec 2017 12:47:02 +0000 http://vistina.mk/?p=7526

Пред нешто повеќе од еден месец, на 18 ноември годинава, легендарната македонска попо-рок група „Меморија“ го одржа својот голем повратнички концерт во арената „Метрополис“, каде што илјадници љубители на нивните безвременски хитови во еден глас пееја со комплетната постава на бендот. Неколкучасовната забава беше збогатена и со настапи на специјалните гости и пријатели на „Меморија“, како што се: Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски - Џафер, групата „Зијан“, Гранит Таќи од „Лева патика“ и неговата ќерка и колешка Леа.
Освен двата албума со најголемите хитови што беа објавени годинава, „Меморија“ в година ќе нè почести и со сосема  новв материјал од кој како вовед ќе ја слушнеме темата „За тебе“, чија премиера се очекува во февруари. За потсетување на сите оние што присуствуваа на концертот, но и за да видат што пропуштиле оние кои не успеале или не можеле да бидат таму, групата деновиве премиерно го претстави видеото од бисот и спектакуларната изведба на познатата „Дирлада“, во придружба на блех оркестарот „Блејзери“, што ја сумира целата атмосфера на незаборавниот настан, а како изгледаше сето тоа можете да видите подолу. ]]>