диригент – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Feb 2023 11:03:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png диригент – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бисера Чадловска, прва жена диригент: „Ѕвонењето на мобилните и шушкањето во публика нè вади од фокус среде настап“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bisera-chadlovska-prva-zhena-dirigent-zvoneneto-na-mobilnite-i-shushkaneto-vo-publika-ne-vadi-od-fokus-srede-nastap-video/ Fri, 24 Feb 2023 08:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290448

Бисера Чадловска е првата жена диригент во нашата земја и прва жена диригент вработена во Националната опера и балет. Има диригирано над 50 наслови на оперски и балетски претстави, но бројот на диригирани претстави е дури над 500-тини. На 24 февруари во НОБ прославува 20 години од нејзината кариера како диригент со операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. Уште во средношколските денови Чадловска сакала да стане диригент иако свирела на пијано.   „Јас тука започнав како хор мајстор. Прво работев со хорот, понатаму една по една се нижеа претставите. Мислам дека првата претстава што ја диригирав беше „Лилјакот“, тоа беше претстава за училишна програма. Потоа имав една премиера која јас за првпат ја поставив, тоа беше „Таен брак“, опера која јавноста не ја познава добро. На таа премиера дојдовме многу млади луѓе, колеги пејачи кои за првпат се појавија на сцената“, раскажа Чадловска за Репортер. Таа го има епитетот „прва жена диригент“, и вели дека со тоа го отворила патот за нејзини колешки кои се одлучиле за професијата диригент. „Се надевам дека на моите понатамошни колешки им го трасирав патот и полесно ќе им биде. Јас сум првата жена која активно се занимава со диригирање, пред мене имало неколку дипломирани колешки, но тие не живеат во државата“, рече Бисера. Еден работен ден на диригентот е со набиена агенда. Одржува проби со сите ансамбли одделно, оркестарот, хорот и солистите и потоа сите заедно се спојуваат. Понекогаш таа од утро до вечер е во МОБ. „Сум имала непријатни моменти, тоа дури и редовно се случува. Да не речам секоја втора претстава. Ми се кинела прерамка, стапчето ми паѓало, тоа не е страшно, но се случува. Нема застанување во таа ситуација, се оди напред“, раскажува диригентката. Она што најмногу и пречи за време на концерт или претстава е гласното ѕвонење на мобилните телефони на публиката кое деконцентрира.   „Шушкање на публиката, гледањето во мобилен телефон или зборењето, знае многу да не деконцентрира. Оние кои користат телефони не ги исклучуваат пред да влезат, не разбираат колку тоа пречи и колку гласната свирка на телефонот кога ќе заѕвони во текот на концертот или претставата може да не извади од фокус во истиот момент. Може да се случи да му ја пореметите интонацијата на тој што во моментот пее или свири. Ве замолувам да ги исклучувате мобилните телефони на претстава“, вели Чадловска. Таа вели дека секое движење на рацете на диригентот има свое значење. „Без разлика дали е само едно броење, со се си даваме знак, со очи, со израз на лице, со рака, негогаш еден поглед е доволен. Се што прави диригентот во моментот не е ништо туку така, се си има свое значење“, вели диригентката. Дрес кодот на концертите и претставите е црно бела облека. Она што таа го носи најчесто е нејзин личен избор, но за специјални прилики соработува со Никола Булевски, а порано соработувала со Ненад Секирарски. „Секогаш имам елегантен фустан на мене но правам исклучок додека сум доле во школката, имам патики бидејќи не можам да издржам долго време на високи чевли. Чевлите ми стојат од страна и ги облекувам само кога треба да се поклонам“, вели Бисера. Операта „Боеми“ со која одбележува 20 години јубилеј ја одбрала затоа што и била многу драга и голема желба да ја диригира. „Ја поставив на сцената кога јас бев уметнички раководител на опера, меѓутоа тогаш бев со други обврски и не стигнав да ја издиригирав претставата си ветив на себе дека еден ден ќе го направам тоа. И задоволство ми е што тоа е токму сега за 20 години. Од 2018 година не е поставена кај нас на сцена и еве ја после 5 години“, вели Чадловска.   Погледнете го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Почина маестро Фимчо Муратовски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-fimcho-muratovski/ Wed, 14 Sep 2022 08:14:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266795

Вчера, 13-ти септември 2022 година на 91 годишна возраст, почина маестро Фимчо Муратовски, еден од основоположниците на диригентската уметност во земјава, и поранешен директор на Македонската филхармонија, објави Филхармонија. “Со маестро Муратовски нашиот оркестар реализираше низа незаборавни концерти, изведе комплексни дела од светската музичка литература, како и голем број праизведби на композиции од македонски автори“ - додаваат од Македонската филхармонија. Муратовски беше и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје во пензија. Со над повеќе од 40 години уметничка исполнителна дејност, Фимчо Муратовски е еден од доајените на македонската музичка, оперска, и балетска сцена, како и на концертните подиуми во земјата. Музичкото образование го оформува на Музичката академија во Загреб, а потоа престојува на едногодишен специјализациски престој на Конзерваториумот во Санкт Петербург. Од 1959 година, постојано е ангажиран, најпрво во Операта и балетот на Македонскиот народен театар, потоа како диригент и директор на Македонската филхармонија, за својот работен век да го заврши како редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, чиј декан бил во два мандата. Во текот на својата уметничка дејност поставил и диригирал повеќе од 40 оперски и балетски дела од класичниот, современиот и домашниот репертоар, а на концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела со посебен акцент кон домашното творештво, кое со посебен афинитет го пропагирал низ многубројните гостувања во поранешна Југославија, Полска, Германија, Италија, Бугарија, Романија, поранешните советски републики, Мексико и др. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар, и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Во текот на својата образовна дејност како професор, пренесувајќи го своето богато уметничко искуство воспитал генерации млади диригенти, пејачи и оркестарски музичари кои и ден денес успешно работат и делуваат во земјата и странство. Низ своето долгогодишно делување во културниот и јавниот живот бил носител на повеќе општествени функции, а за својата дејност добитник е на повеќе награди и признанија – наградата на Град Скопје „13 Ноември“ во 1969 г., републичката награда „11 Октомври“ во 1977 г., како и истата награда за животно дело во 1995 г. Погребот на Фимчо Муратовски ќе се изврши денес, на 14 септември, на градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13 до 14 часот, посочуваат од семејството на починатиот Фимчо Муратовски.]]>

Замина уште еден музички великан: Почина легендарниот композитор и диригент Војкан Борисављевиќ https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-ushte-eden-muzichki-velikan-pochina-legendarniot-kompozitor-i-dirigent-vojkan-borisavljevikj/ Tue, 23 Feb 2021 13:38:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191082

Композиторот и диригент Војкан Борисављевиќ, чија кариера траеше повеќе од пет децении, почина денес во Белград, јавуваат српски  „Новости“. Војкан засекогаш ќе остане запаметен како композитор на евергрините како: „Одисеја“, „Љveубовта е само збор“ или „А сега адио“... и многу други. https://www.youtube.com/watch?v=ou-Pa_e4wcw Војкан Борисављевиќ е роден на 5 мај 1947 година во Зрењанин, а од 1948 година живее во Белград. По завршувањето на средното училиште, студирал на Филозофскиот факултет во српската престолнина. Своето музичко образование го стекнал во белградските училишта „Д-р Воислав Вучковиќ“ и „Станковиќ“, како и на приватните студии во Париз. Активно се занимава со уметничка работа од 1965 година. Целиот работен век го помина како хонорарен уметник во рамките на Здружението на композитори на Србија со статус на истакнат уметник. Компонирал музика за театар, филм и телевизија, популарни и детски песни, инструментални композиции и аранжмани, кои сочинуваат неколку стотици дела од различни жанрови. На 22 март 2018 година тој одржа авторски концерт на Големата сцена на Народниот театар во Белград, наречен „Мојата одисеја“ и по тој повод му беше врачена наградата „Дарко Краљиќ“. Во 2018 година ја објави и книгата „Мојата одисеја“. https://www.youtube.com/watch?v=7fDaNvF7MuY]]>

Традиционален „Василичарски концерт“ со најголемите хитови во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/tradicionalen-vasilicharski-koncert-so-najgolemite-hitovi-vo-mob/ Mon, 04 Jan 2021 18:35:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183851

Традиционалниот концерт во чест на празникот Василица кој се одржува во Македонската опера и балет, годинава е насловен „Најголемите хитови“. На концертот што ќе се одржи на 12-ти и 13-ти јануари, повторно диригент ќе биде Бисера Чадловска. „Оваа година концертот e со наслов „Најголемите хитови“, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните Василичарски концерти, со симфониски аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од Оркестарот“, најавуваат од МОБ. Билетите чинат 1.000 и 1.200 денари, и се во ограничен број, а се продаваат онлајн и на билетарата на Македонската опера и балет. Концертите ќе се одржат според протколите за одржување јавни настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, со задолжително носење заштитна маска.]]>

Среде концерт на диригентот му паднаа панталоните – цела сала плачеше од смеење (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/srede-koncert-na-digigentot-mu-padnaa-pantalonite-cela-sala-placheshe-od-smeenje-video/ Tue, 22 Oct 2019 10:04:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113937

Диригентот Михај Тангу доживеа неверојатен пех пред преполната сала кога среде сиригирање остана по гаќи бидејќи му паднаа панталоните. Имено , во миланскиот „Teatro del Verme“, беше одржан концерт по повод обележувањето на годишнината на Народна република Кина. Како на концертот му се ближеше крајот, така диригентот даде се’ од себе да го заврши како што доликува. Во еден момент толку се занесе, што остана по гаќи свртен со задникот кон публиката. Оваа смешна ситуација ја забележаа и музичарите во оркестарот, кои за среќа не се занесоа до толку во смешната глетка, па успаеаја да отсвират како што треба. Диригентот пак, без многу драма и паника, ги крена панталоните и продолжи да си ја врши работата. ]]>

„Женски приказни“ – осмомартовски концерт на Македонската филхармонија под палката на Елена Митревска https://arhiva.vistina.com.mk/zenski-prikazni-osmomartovski-koncert-na-makedonskata-filharmonija-pod-palkata-na-elena-mitrevska/ Tue, 06 Mar 2018 09:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15147

Концертот на Филхармонијата што ќе се одржи в четврток е насловен „Женски приказни“ и ќе настапат две дами – солист ќе биде руската пијанистка Олга Шепс, а оркестарот ќе го води младата диригентка Елена Митревска. Во Скопје таа ќе дојде од Овиедо, каде што од 2016 е ангажирана како хор-мајстор во операта во тој шпански град. Митревска дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008 и продолжила во Виена на Универзитетот за музика и изведувачки уметности каде дипломирала – најпрвин хорско диригирање, а потоа и оркестарско диригирање заедно со престижниот Виенски камерен оркестар. За време на студиите активно работела како диригент на неколку хорови во Виена и го основала ансамблот „Глезум“ со кој во 2013 ги изведува Чичестер псалмите од Леонард Бернштајн. Уште од почетокот на студиите е редовен член на хорот „Арнолд Шенберг“ каде од 2012 година работи и како асистент на концертните, но и на оперските проекти во виенскиот театар (Theater an der Wien). Има настапувано во престижни сали, како „Музиквереин“ (Musikverein), „Винер концертхаус“ (Wiener Konzerthaus), „Сантори хол“ (Suntory Hall), и соработка со диригенти како Николаус Харнонкур, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ратл, Рене Јакобс… Во 2014 ја добила наградата „Ервин Ортнер“ за значајни достигнувања во областа на хорското диригирање во Австрија, а во 2015 го презела уметничкото раководство на хорската и оркестарска музичка работилница во Хинтершмидинг, Германија. Македонското деби како диригент Елена Митревска го имаше во 2015 година со Камерниот оркестар на Музичка младина на „Охридско лето“ и на „Скопско лето“. В четврток таа ќе раководи со концертот на кој оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе две дела од Бетовен – Концерт за пијано и оркестар бр. 3 и Увертирата „Леонора“ бр. 3, како и „Арлезијанка“ – свити 1 и 2 од Жорж Бизе. Извор: Нова Македонија]]>