директор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Jan 2024 12:26:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png директор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бени Шаќири е нов директор на МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/beni-shakiri-e-nov-direktor-na-mkts/ Mon, 22 Jan 2024 12:26:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335698

Музичарот Бени Шаќири е назначен за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврди градоначалничката Данела Арсовска за САКАМДАКАЖАМ.МК. -Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи, пишува порталот. -Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Тогаш од Програмскиот совет на МКЦ рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири, пишува порталот. Фото: Фејсбук/Arben BENI Sakiri - THE KING OF ROCK Music]]>

Сузана Манчиќ поминала низ пекол поради Саша Поповиќ: „ Тоа беше тортура“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-manchik-pominala-niz-pekol-poradi-sasha-popovik-toa-beshe-tortura-foto/ Mon, 30 Oct 2023 09:36:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324438

Водителката Сузана Манчиќ откри дека минала низ пекол поради Саша Поповиќ. Имено, како што истакна таа, тој своевремено имал строги барања кога се во прашање водителите на неговите емисии. Имено, Поповиќ очекувал водителките на неговите емисии секогаш да изгледаат убаво. Сузана сега откри дека директорот не се шегувал и дека редовно ги проверувал за да не се опуштат. - Не мери на почетокот и на крајот на сезоната за да види дали се здебеливме, тоа беше невидена тортура - рекла Манчиќ која се послужила со трик со колешката за да не остане гладна. - Пред шоуто, за да не се онесвестиме, одиме во ресторан и нарачуваме салата од зелка и десет ќебапи, но во две чинии да ги поделиме и потоа да одиме на емисија. На празен стомак ништо не можам – изјави таа во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Да потсетиме, кариерата на Сузана ја одбележа шоуто „Лото“ кое го водеше долги години, поради што и понатаму носи прекар кој претходно не и се допаѓал. - Ми траеше само четири години и цел живот, „лото девојка“, тоа ме нервираше бидејќи бев и пејачка и водителка, имав различни амбиции, сама ги постигнав, но сега на оваа возраст кога ме викаат така , ми се допаѓа и што останав „Лото девојката“ од сите што го направија тоа - изјави Сузана која призна дека сепак е горда на својот успех. фото: Damir Dervišagić, Petar Aleksić/ Grand online/Instagram]]>

Целата палата на нозе: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон решени на големи промени https://arhiva.vistina.com.mk/tselata-palata-na-noze-printsot-vilijam-i-kejt-midlton-resheni-na-golemi-promeni/ Mon, 16 Oct 2023 11:13:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322467

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се во процес на реструктуирање на палатата - приватниот секретар Жан-Кристоф Греј ја напушта „Фирмата“, а на негово место ќе дојде ново лице, кое ќе ја извршува функцијата генерален директор. Вработувањето на извршниот директор означува огромна промена во насока на „Фирмата“, бидејќи тимот од високи членови на кралското семејство обично го води приватен секретар. Според Тајмс, Жан-Кристоф ќе ја напушти палатата Кенсингтон во пролетта 2024 година, тим за комуникации на тогашниот премиер Дејвид Камерон во 2012 година. Принцот Вилијам и принцезата Кејт првпат објавија дека бараат извршен директор уште во септември. Огласот за работа гласеше: „Ова е единствена можност да се придружите на посветениот тим во палатата Кенсингтон кој ја поддржува извонредната работа на Принцот и принцезата од Велс. Генералниот директор е најстариот и најодговорниот глава на домаќинството, кој директно одговара на принцот и принцезата од Велс“. Дали ова се новите чекори на принцот Вилијам и Кејт кон модернизирање на монархијата или едноставно им беше попрактично да имаат извршен директор наместо приватен секретар, останува да видиме. фото: Chris Jackson Getty Images for TGI Sport/

]]>

Почина Љупчо Јакимоски – поранешен пратеник, новинар, директор на МИА и МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-lupcho-jakimoski-poraneshen-pratenik-novinar-direktor-na-mia-i-mrt/ Tue, 07 Mar 2023 07:36:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291995

Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година. Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017. Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во среда, 8 март, во неговото родно Велестово.]]>

„Директоре, благодарам на поканата“: Антониа Гиговска „случајно“ на гости кај „несудениот свекор“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/direktore-blagodaram-na-pokanata-antonia-gigovska-sluchajno-na-gosti-kaj-nesudeniot-svekor-foto/ Wed, 09 Nov 2022 10:09:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274969

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на медиумите и јавноста. И заради музиката, но многу повеќе заради приватноста. Раскинувањето на врската со нејзиниот колега и момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов и аферата што ја следеа естрадно-кулоарските муабети и обајавите по медиумите за наводното неверство, Антониа не ја симнаа од насловниците на порталите и коментарите на социјалните мрежи. Сепак, пејачката по се изгледа успева „добро да се носи“ со „расклиманиот интегритет“ или барем тоа јавно не го манифестира, па е  подеднакво активна и при гостувањето во разни емисии, а и не престанува со настапи и гостувања по разни локали и манифестации. Така, Антониа деновиве беше специјална гостинка при одбележувањето на еден јубилеј. Имено,  државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје славеше своевиден јубилеј -  68 години работа и постоење, што не e баш мала работа. Особено ако се работи за една од ретките специјализирани образовни установи од ваков вид кај нас. А кога е јубилеј, разбирливо е дека треба да има и пригодна културна, уметничка и естрадна програма. И ја имаше, а дел  од неа, веројатно и главна ѕвезда во истата беше токму Антониа Гиговска. И тоа на покана на никој друг, туку токму на првиот човек на училиштето, директорот Бобан Спасенцовски, кој за пошироката јавност е познат  и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада. Антониа Гиговска ги удостоила дечињата, им отпеала како што самата кажува неколку свои песни, се дружела со нив како што се гледа од приложените фотографии, од кои на една пејачката се фотографирала и со директорот, па фотографијата ја споделила на своите Инстаграм приказни и во описот додала: „Денес училиштето за слепи лица, Димитар Влахов слави 68 години работа и постоење. Ја имав таа чест да бидам гостинка и да испеам две песни. Се радувам кога гледам толку  насмеани и распеани дечиња“ - напишала Антониа и додала: „Директоре, благодарам на поканата“! И тука нема ништо чудно, напротив, убав гест и од директорот што ја поканил и од пејачката што ја прифатила поканата. Она што одново ја „заскокотка“ јавноста е она што малкумина го знаат, а стана актуелно по аферата со разделбата на пејачката од нејзиното сега веќе, бившо момче. Имено, директорот на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“  Боби Спасенцовски е татко токму на токму Роберт Спасенцовски, музичарот од нејзината сегашна придружна група, претходно добар другар на Иван и младичот за кого се (о)зборуваше дека Антониа наводно со него  го изневерила Иван. Оттаму и загадочната љубопитност на јавноста, дали тоа Антониа Гиговска  беше „случајно“ на гости кај „несудениот свекор“? Се рабира, доколку приказната за наводната љубовна авантура со неговиот син била точна и ако е, доколку таа се' уште трае? Сепак, за нештата да бидат појасни, посетата на пејачката на оваа специјализирана образовна установа не и е прва. Имено, уште во 2019 година во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“  на деветтото издание на манифестацијата „Јас сум талент 2019“ присутните на овој настан имаа можност во живо да ги слушнат изведбите и на познaтите македонски ѕвезди, меѓу кои и поп пејачката Антонија Гиговска, Јуле од фолк групата Кисми, Иван Јованов од Либеро бенд и инструменталниот солист Робер Спасенцовски! Антониа и годинава  пак беше гостинка, само што овој пат Иван Јованов од „Либеро бенд“ изгледа...  не беше поканет!? Фото: Фејсбук/ Robert Spasencovski/и Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa  ]]>

Карлеуша со приватен авион дојде во Македонија, а еве кој наш пејач беше првиот што ја пречека (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-so-privaten-avion-dojde-vo-makedonija-a-eve-koj-nash-pejach-beshe-prviot-shto-ja-precheka-foto/ Fri, 17 Jun 2022 08:17:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254804

Српската поп-пејачка Јелена Карлеуша со приватен авион долета во Македонија, а поводот беше настап во еден кабаре клуб во Битола. Како што е во нејзина пракса, голем дел од секојдневните моменти ги објавува на Инстаграм, па таков беш случајот и со патувањето и настапот во Битола.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Од фотографии и видеа пред полетување, за време на летот, пристигнувањето, изборот дневениот стајлинг, некоја поза плус, за на крај вечерниот изглед за настапот.
 
Но ликот кој ја пречека во клубот каде настапуваше не се најде на нејзиниот профил туку на неговиот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dimitar Andonovski (@dimitarandon)

Имено, станува збор за нашиот познат пејач Димитар Андоновски кој веќе извесен период е креативен и уметнички директор на кабарето „Голд фелициа“ во Битола каде настапуваат и домашни пејачи, а од кај соседите досега дојде голем дел од српската естрада меѓу кои: Теа Таировиќ, Хурикејн, Милица Тодоровиќ, Пеѓа Меденица, Јелена Томашевиќ, Наташа Беквалац, и многу други.
 
Директорот Диме има фото спомен со сите и неговиот профил е полн со вакви фотографии.
 
Освен настапите и компонирањето музика, Андоновски има полни раце работа, а во ова скапо време секој плус е и тоа како добредојден.
 
фото:Инстаграм/Јелена арлеуша/Димитар Андоновски]]>

Стојанче Ангелов доби конкуренција… или идеја за сопствен бизнис по заминување од политиката? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stojanche-angelov-dobi-konkuerncija-ili-ideja-za-sopstven-biznis-po-zaminuvanje-od-politikata-video/ Sat, 25 Dec 2021 09:46:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188749

Стојанче Ангелов, некогашен македонски бранител во конфликтот од 2001-ва, полициски генерал, денес политичар и актуелен  Директорот на Центарот за управување со кризи и е оддамна познат на македонската јавност по многу нешта. Покрај војникувањето и политиката, екс генералот стана познат и по своите боречки вештини. Меѓу другото,  сечење лубеница со катана (сабја) врз нечии стомак додека човекот лежи и особено по кршењето ќерамиди... Со рака, односно тупаница и секако, неговата потесна или што би рекле, суб-специјалност, кршење ќерамиди со глава! Понекогаш заради тренинг и челичење, понекогаш заради облог, но и заради чиста забава, како што тоа беше на манифестацијата за доделувањето на Твитер наградите. https://www.youtube.com/watch?v=XiKQ3cBf32A&feature=emb_logo Видео кое преку ноќ стана вирален хит на социјалните мрежи, па го прослави Стојанче меѓу народот повеќе и од военото јунаштво и од политиката, во која со последните изјави покажува „визионерски способности“... Небаре е Нострадамус или маалски гатач, па во една од последните свои изјави околу коронапандемијата, генералот „претскажува“:   „Политиките на Владата, се по основ на алгоритмите на СЗО, што се покажаа како успешни. Исто така, сметам дека има учени луѓе во опозицијата, поконкретно во ВМРО - ДПМНЕ, кои и самите знаат дека доколку и тие би биле на власт, состојбата би била иста, ако ме прашувате мене, можеби и полоша“ – рече Ангелов на ТВ 21... И тоа без да погледне во стаклената кугла. И додека штипскиот „ќерамидокршач“  ја претскажува политичката иднина, веројатно морајќи свесно да замижи пред суровата реалност на сегашноста во која живееме, како што мижат и оние на кои лубеницата им лежи на стомакот додека неговата катана ја сече,  генералот доби конкуренција! Имено, Стојанче веројатно бил инспирација за добар маркетинг, па  по мотитивите од неговото „ќерамидокршачко дело“, еден македонски бренд за мебел решил да направи реклама. Со тоа што малку ги испревртеле улогите, а и дрвото не е „ќерпич“ па така лесно не се преполовува. Можеби затоа што  главниот  јунак не е „генералот“ или дрвото на „Монако“ е ептен јако? Како и да е, Стојанче  и неговиот познат удар со глава, станаа инспирација за реклама! Но, генералот не е само туѓа инспирација, зашто не е единствениот во светот што  ја користи својата глава за стекнување на не само умствена слава. По светот има голема конкуренција што за Стојанче Ангелов може да биде нов предизвик, па дури и инспирација. Конечно, видеото подолу можеби ќе му послужи како идеја за отворање сопствен бизнис. Се разбира кога мандатот на прв човек на ЦУК ќе му истече, партијата чиј коалиционен приврзок е ќе падне од власт и замине во опозиција, а Стојанче остане без својата функционерска позиција. Впрочем, секој умен политичар што знае да ја користи главата, знае дека бргу минува славата, па по паѓање од власта веќе не  припаѓаш на истата каста... Затоа, не е лошо да се има „план Б“ за иднината, а иднината лежи во „преработка“ на органската храна, која е ем уносен бизнис, како за некого овде марихуаната,  ем е здрава... Особено ако имаш цврста глава! Фото: Фејсбук принтскрин  ]]>

Почина директорот на “Белградската филхармонија“ Иван Тасовац https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-direktorot-na-belgradskata-filharmonija-ivan-tasovac/ Thu, 30 Sep 2021 10:35:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221260

Иван Тасовац (55) ненадејно починал вчера во својот дом во Белград откако му се слошило. Екипи на Итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат, но без успех. Тасовац е роден во 1966 година во Белград. Дипломирал и магистрирал клавир во Москва. За време на професионалната пијанистичка кариера имал голем број настапи во Италија, Швајцарија, Шпанија, САД, Русија, Белгија, Ирска, поранешните југословенски држави и останати земји. Беше директор на Белградската филхармонија од 2001 до 2013 година. На позицијата министер за култура беше назначен во септември 2013 и оваа функција ја извршуваше до август 2016 година. Во јануари 2017 повторно беше именуван за директор на Белградската филхармонија. Добитник е на голем број награди.]]>

Владо Јаневски има нов имиџ со кој е ист како еден македонски политичар: Кој доби двојник, пејачот или екс – функционерот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-ima-nov-imidz-so-koj-e-ist-kako-eden-makedonski-politichar-koj-dobi-dvojnik-pejachot-ili-eks-funkcionerot-foto/ Sat, 03 Apr 2021 06:53:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162657

На социјалните мрежи човек може се' да види... Само отворете ги и полигонот за забава, понекоја информација и помалку едукција е тука. Широко ќе ви ги отвори своите видици, а  во непрегледното поле на лаги и вистини, на трачеви и озборувања, на потврдени информации и спинови, на агенциски и лажни вести... буквално можете да наидете на се' и сешто! Инстаграм во главном шокира со фотографии, понекое кусо видео и споделен пост кој  најчесто го појаснува визуелното доживување при перцепцијата на „воајерот“ на туѓи слики. Она што осамна во вид на неколку фотографии на профилот на еден од најпознатите македонски поп пејачи веројатно изненади многумина, а најмногу неговите обожаватели. Владо Јаневски ионака оддамна тера американски имиџ на „недопирлив среде паланка“, па со години или воопшто не комуницира со новинарите и медиумите или комуникацијата му е сведена на „нужен минимум“ и тоа само кога нему му треба. Кога има нова песна, спот или концерт и потреба истите да ги испромовира и изрекламира. Токму затоа посетителите на социјалните мрежи останаа вчудовидени од фотографиите кои ги затекнаа на неговиот Инстаграм профил, кој патем, пејачот ретко го ажурира. На нив Владо Јаневски со брада!? До сега никогаш невиден во јавноста во вакво издание... Или не барем во пошироката, зашто комшиите од маало не се бројат. Покрај фотографиите споделен и пост во вид на текстуална информација која дословно гласи: „Во инбокс нѝ стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во Хепи радио кој замоли да остане анонимен, а на сликите е #владојаневски со брада! Мислевме дека знаеме сѐ за него, но не и дека некогаш носел брада. Се испостави дека во годините кога бил партнер и директор во Хепи радио вработените секојдневно го гледале во вакво бајаги посериозно и бизнисменско издание. Што мислите вие за овој негов имиџ?“ Од она што се знае е дека пејачот навистина беше директор во некогашното „Хепи радио“, подоцна „преименувано во „Хит радио“, а сега со нов сопственик во радио „Лидер“, кое тогаш заедно со  „Нова ТВ“ важеше за еден од медиумите на бизнисменот Сеад Кочан. Дали имал партнерски однос со него во бизнисот, знаат самите, но факт е дека Јаневски беше тоа што беше - директор на „Хепи радио“, кое беше лоцирано во истиот објект како и телевизијата. Ако подобро го загледате новиот имиџ на „чаирскиот пејач-бизнисмен“, особено оние кои ја следат и музиката и политиката веднаш ќе забележат дека Владо Јаневски вака „забраден“ неодоливо потсетува на еден доскорешен македонски политичар. Или што би рекле, чаирчанецот Владо Јаневски е ист со кумановецот Чедомир Чедо Краљевски, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа и на  ВМРО-НП, инаку отприлика и врсник на пејачот по години.  Роден 1956 година во Куманово, правник со правосуден испит и адвокат, кој работел во Управата за јавни приходи, бил претседател на Антимонополската управа, а своевремено беше и пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во еден од претходните парламентарени состави на Македонското собрание. Според споделените фотографии, не само што пејачот што е „плукнат во лик“  на политичарот, туку споделениот пост и поставеното прашање, се наметнуваат две нешта: Или Владо Јаневски прави штик проба за да го опипа пулсот на својата публика од која сака  да го слушне нејзиното мислење дали да тера или не ваков „брадосан“ имиџ или дискретно дава до знаење дека промената на ликот е најава за нова „бизнис авантура“ на пејачот, која следува наскоро? Што и да е, како што и самиот прашува, најважно е само едно:  Што мислите вие?  Дали во вакво „белобрадо издание“,  Владо Јаневски е „ист“  Чедо Краљевски?  

Дарко Спејко ги остави реалните шоуа зад себе, стана директор, а сега има уште една голема и важна титула во животот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-gi-ostavi-realnite-shoua-zad-sebe-stana-direktor-a-sega-ima-ushte-edna-golema-i-vazna-titula-vo-zivotot-foto/ Wed, 17 Mar 2021 07:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194493

Кумановецот Дарко Петковски –Спејко веќе извесен период има нов начин за живот за разлика од порано. Беше редовен учесник во регионалните ријалити шоуа, освои дури и победа во „Големиот брат“, беше ултра активен на социјалните мрежи, но сега како сето тоа да го остави зад себе.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by D A R K O S P E J K O (@spejko)

Тој веќе некое време е стациниран во родното Куманово каде извесен период работи како спортски директор на КК Куманово, а своите животни и професионални издигнувања не ги остави само на тоа. Имено, тој се пофали дека е на ново ниво, односно дека дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а на тој голем ден се фотографираше за спомен и фотографијата ја сподели јавно. -„Честитки“, „Само напред“,„Добро сторено, многу успех“, се радеа коментарите. Ако претходно можевме да видиме се повеќе провокативни фотографии од Спејко, сега како профилите на социјалните мрежи да ги поседува друга личност. Сериозен, во елегантно издание со костум и став на еден сериозен господин кој се сигурно гради едно ново поглавје од животот.]]>