дипломира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Oct 2022 08:36:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дипломира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Убавата Јана на Панки му ја наполни душата: Ќерката на пејачот на „Куку Леле“ дипломираше (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ubavata-jana-na-panki-mu-ja-napolni-dushata-kjerkata-na-pejachot-na-kuku-lele-diplomirashe-foto/ Wed, 05 Oct 2022 08:32:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270068

Ноќните скопски журки, со децении наназад не можат да се замислат без неколку домашни пејачки имиња кои како по правило се задолжени за најдобрите забави во престолнината... Своевремено Дуле и Коки, подоцна,  Жаре-Бербер, потоа, Џони, Панки... Овој последниот, познат и како вокал на познатото македонско дуо „Куку Леле“. Сашо Каимовски Панки познат градски лик не само по своите извонредни вокални способности и урбаната харизма која ја поседува, туку и по начинот на турболентен живот, деновиве имаше навистина и со што  да се пофали и со што да се гордее, а тоа нешто да нема никаква врска ниту пак допирни точки со музиката, ама затоа има со животот. И тоа оној семејниот, родителскиот. Регионалните медиуми, особено порталите  постојано се полни со децата на познатите. Најмногу со нивните убави женски наследнички.  Ќерките на најголемите балкански ѕвезди се секојдневно во фокусот на вниманието, а токму од својата убава наследничка Панки деновиве ги доживеа своите ѕвездени моменти на родителска среќа. Имено, познато е дека пејачот е татко на две прекрасни ќерки. Постарата Јана и помалата Каја, обете вистински убавици како од бајките. Помалата е 17-годишна средношколка, додека поголемата деновиве стана дипломиран академски граѓанин. Имено, убавата 22 годишна Јана Каимовска откако неодамна дипломираше на еден од смеровите на познатиот „University Aмerican College“ во Скопје, деновиве и беше свечено врачена и дипломата. На свечениот чин  на доделувањето кој се одржа во еден познат скопски хотел, задолжително присутен и тато Панки. „Браво Јана Каимовска, татина ќерка. Честитки за дипломирањето“ - напиша пејачот на својот Фејсбук споделувајќи фотографија од свечениот чин на кој неговата Јана му ја наполни душата. Инаку Панки многу малку и  ретко се експонираше себе си во јавноста со своите ќерки, па така сиве овие години од нив можеа да се видат едвај две-три заеднички фотографии на социјалните мрежи, најчесто кога девјките ги славеа своите родендени. Пејачот по ненадејната и трагична загуба на својата сопруга, не се прежени и остана сам посветено да се грижи за неговите девојчиња, кои пораснаа прекрасни млади дами, а деновиве Панки дочека и една од нив да дипломира и стане академски граѓанин. Честитки и од редакцијата. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/sasokaimovski
 ]]>

Ќерката на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка: Моника не е само млада убавица туку и едуцирана умница! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-svetlana-i-miki-crnokrak-diplomirashe-so-chista-10-ka-monika-ne-e-samo-mlada-ubavica-tuku-i-educirana-umnica-foto/ Wed, 24 Nov 2021 09:54:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228560

Кога ќе се помене презимито Црнокрак, несомнено веднаш на ум на сите им паѓа модното студио на брачната двојка Светлана и Миодраг - Мики Црнокрак. Најголемиот, најпознатиот и најтрофеен бренд во Македонија кога се манекенството, моделството, изборите за мис  во прашање... Место од каде што почнувајќи од самите сопственици некогашни познати модни икони во и надвор од Македонија, па е до стотици други девојки и момчиња кои ги направиле првите чекориво светот на ммодата, таму го учеле првиот манекенски „кет вок“, првите позирања, првите однесувања пред камера, на сцена, на модната писта... Годините минуваа, брачната двојка Црнокрак ги доби своите наследнички, ќерките Моника и Нина. И додека Мики е тој што успешно го менаџира брендот, Светлана која отсекогаш преставувала поим за вистинска убавина и денес на 43 години плени со свој раскош исто како и на почетокот од својата кариера. Постарата од двете ќерки - Моника, наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство, исто така е  успешна во манекенските води и има освоено неколку титули за убавина. Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Деновиве Моника докажа дека не само млада убавица, туку и едуцирана умница. Имено, ќерката  на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството му донесе уште едно признание и голема радост. Овој пат животна, зашто да се заврши на државниот универзитет како дипломиран економист со десетка, воопшто не е мала работа. Ниту едноставна, ниту лесна, па затоа задоволството, радоста, среќата... На неа самата, на мама и тато, сестричката, но и на целото потесно семејство беше неизмерна! Моника со дипломата  в рака и грст фотографии од среќниот момент за паматење. Со пресреќните мама и дада, со гордиот тато, сама... Сега убавината во брендот Црнокрак има нов смисол, добива ново значење... А, може и ново име, односно нов прекар: Моника -  „Економика“! Фото: Инстаграм/Фејсбук принтскрин/Miki Crnokrak]]>

Тамара Ангеловска стана оперска певица „со тапија“: Пејачката дипломираше во Бугарија, ама прашање е дали ќе се врати во Македонија или со уште еден наш уметнички кадар ќе го засилиме источниот сосед? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-angelovska-stana-operska-pevica-so-tapija-pejachkata-diplomirashe-vo-bugarija-ama-prashanje-e-dali-kje-se-vrati-vo-makedonija-ili-so-ushte-eden-nash-umetnichki-kadar-kje-go-zasilime-istochniot/ Thu, 24 Jun 2021 07:13:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208170

Некогаш талентираната македонска поп пејачка Тамара Ангеловска полека станува позната и во Бугарија, каде тукушто ги заврши студиите по музика. Имено шармантната убавица стана дипломирана оперска певица на Новиот бугарски универзитет, па така сега Тамара е уметница „со тапија“, која останува на неа како и каде ќе ја искористи.

Кога сме веќе кај можностите, додека беше дома, во Македонија,  младата македонска поп пејачка најчесто настапуваше на домашните и меѓународните фестивали од каде носеше и награди... Уште како средношколка во  во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, се определи музиката да и биде животна професија. Класиката или естрадата, флејтата која учеше да ја свири како инструмент во средношколските денови или оперскиот глас, кој го школуваше во Бугарија?

Или можеби нешто сосема петто, за кое не одела на училиште, но нејзиниот харизматичен лик и талент за уметност го препознале и продуцентите на познатата, па и кај нас популарна бугарска ТВ серија - „Украден живот“ која се емитува(ше) на ТВ „Алфа“, во која  сега тукушто дипломираната оперска певица, заврши како глумица и ја добила улогата на бремената Тања.

Дали Тамара на музиката која толку ја сака дефинитивно ќе и го посвети животот или глумата ќе и го „украде животот“ на музиката, која цел живот ја учеше и усовршуваше, останува на определбата на младата македонска уметница. Како и уште една, можеби поважна работа и лично за неа, ама и за Република Македонија: Пејачката дипломираше во Бугарија, ама прашање е дали ќе се врати во дома и ќе го најде „своето место под сонцето“  во Македонската опера и балет или со уште еден наш уметнички кадар ќе го засилиме источниот сосед? „Б'лгарите, њама дилеми“ дека со раширени раце ќе пририфатат уште еден македонски „украден уметнички живот“ да го претстават како... нивен успех!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Angelovska (@tamaraangelovska)

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/]]>

Дарко Спејко ги остави реалните шоуа зад себе, стана директор, а сега има уште една голема и важна титула во животот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-gi-ostavi-realnite-shoua-zad-sebe-stana-direktor-a-sega-ima-ushte-edna-golema-i-vazna-titula-vo-zivotot-foto/ Wed, 17 Mar 2021 07:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194493

Кумановецот Дарко Петковски –Спејко веќе извесен период има нов начин за живот за разлика од порано. Беше редовен учесник во регионалните ријалити шоуа, освои дури и победа во „Големиот брат“, беше ултра активен на социјалните мрежи, но сега како сето тоа да го остави зад себе.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by D A R K O S P E J K O (@spejko)

Тој веќе некое време е стациниран во родното Куманово каде извесен период работи како спортски директор на КК Куманово, а своите животни и професионални издигнувања не ги остави само на тоа. Имено, тој се пофали дека е на ново ниво, односно дека дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а на тој голем ден се фотографираше за спомен и фотографијата ја сподели јавно. -„Честитки“, „Само напред“,„Добро сторено, многу успех“, се радеа коментарите. Ако претходно можевме да видиме се повеќе провокативни фотографии од Спејко, сега како профилите на социјалните мрежи да ги поседува друга личност. Сериозен, во елегантно издание со костум и став на еден сериозен господин кој се сигурно гради едно ново поглавје од животот.]]>