Дион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Mar 2023 10:50:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Дион – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Либеро бенд“ го промовираа својот „Ангел“… што тера на грев (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/libero-bend-go-promoviraa-svojot-angel-shto-tera-na-grev-video/ Fri, 24 Mar 2023 10:48:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294939

Најбараниот македонски бенд за живи свирки по кафулињата и клубовите уште еднаш покажа дека со напорна работа и посветеност може да се дојде до речиси совршен музички производ. Имено,  такава е новата песна и висеоспотот За неа на момчињата од „Либеро бенд“, насловена „Ангел“. Песна која уште од прво слушање предизвикува возбуда, влегува во уво и го воодушевува слушателот. Направена по современ терк, сосема поразлична од она што досега го изведуваа како сопствен музички продукт и стил, Иван Иванов, Александар Темелковски, Дејан Стојановиќ, Алек Тасевски и Јордан Георгиевски своето најново аудио-визуелно остварување вчера, 23 март 2023 година го промовираа во познатиот скопски ресторан „Дион“. Пред, за вакви прилики изненадувачки многуте присутни новинари, музичарите појаснија дека долго се работело на конечниот изглед на песната и  видеоспотот. И заради зафатеноста на авторите кое се веројатно анјдобрите што во моментов Македонија ги има и заради желбата да се направи парче уметност кое ќе ги задоволи најстрогите уметнички критериуми и стандарди, а во исто време ќе биде и по вкусот на публиката која преферира и полесно ги прима покомерцијалните остварувања. И се чини дека во тој баланс „Либеро бенд“ максимално успеале, зашто „Ангел“ е навистина и музички и визуелно нивно совршенство во досегашната кариера... Но, не само нивно, туку и лекција и предизвик за многу други како се прави поизвод кој може да конкурира и на региналниот пазар во радио и ТВ етерот. Музиката и текстот ги потпишуваат познатите брат и сестра Лазар и Магдалена Цветковски, додека филмската визуелизација на нивниот „Ангел“ беспрекорно ја пренел на слика проверениот мајстор Даниел Јовески. Со автентична симболика во видеокадрите кои преку неговиот уметнички израз совршено ја следат лириката на стиховите, чија патина  вокално одлично ја пренел пејачот на бендот Иван Иванов. Се' на се', ретко компатибилен аудио-визуелен производ во кој сликата исполнета со силна симболика, впечатливо ја надополнува и пренесува емоцијата преточена во песна. Како звучи и изгледа љубовниот „Ангел“ на момчињата од „Либеро бенд“ , проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Либеро бенд“ имаат свој „Ангел“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/libero-bend-imaat-svoj-angel/ Wed, 22 Mar 2023 06:47:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294516

Еден од најистакнатите македонски бендови „Либеро бенд“ најавува промоција на нивното најново музичко остварување, песната која го носи насловот „Ангел“, а за која е снимен и видео запис. Промоцијата ќе се одржи во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“ со почеток од 12 часот. Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А тимот кој победува не се менува. Новата композиција на „Либеро бенд“ е дело на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, а зад видео записот се потпишува Даниел Јовески. „Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме во истото. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации. Бројот 3 има симболично значење во видео записот, а за што точно станува збор ќе откриеме на нашата промоција во четврток“ - вели фронтменот Иван Јованов. Момчињата од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што следува од нив во наредниот период. Во интервју за ТВ магзинот „Бекстејџ“ ги открија сите детали за промоцијата  во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Кралевите на ноќните свирки „Либеро бенд“, Панки и Боби Павловски со заедничка свирка на роденденската забава на „Дион https://arhiva.vistina.com.mk/kralevite-na-nokjnite-svirki-libero-bend-panki-i-bobi-pavlovski-so-zaednichka-svirka-na-rodendenskata-zabava-na-dion/ Thu, 14 Apr 2022 10:44:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246420

Ноќниот живот во македонската метропола отсекогаш имал поинаква магија. Посебна привлечност и уникатност, особено кога се во прашање одредени познати градски локали и оние кои важат за најдобри  музички забавувачи. „Либеро бенд“, Панки и Боби Павловски секој посебно на свој начин секако важат за своевидни „кралеви на ноќните свирки“.  Кога сите заедно ќе се најдат собрани на едно место, во една вечер, можета да замислите каква „лудница од забава“  ве очекува. Токму  ресторан „Дион“ е локалот кој важи за едно од култните места и за мирна дневна или семејна шема, а е познато и  по најдобрите афтерворк забави, додека ноќните концертни журки долго се паметат и раскажуваат. „Дион“ овој петок, на 15 април 2022 го слави својот  13-ти роденден, кој ќе го одбележи најлудата афтерворк забава во градот. Кога на нивното мото: „Славиме прекрасни 13 години со вас, исполнети со многу забава, љубов, вкусна храна и неизмерно дружење“  ќе им се придодадат споменатите „кралеви на забавата“, се очекува журката  да прерасне во вистинска роденденска магија. „Либеро бенд“, Панки и Боби Павловски секој одделно и сите заедно со свој настап, овој петок (15.04.2022), на големата роденденска афтерворк забава во култниот „Дион“ со почеток од 17 часот, за да пеете колку ве држи гласот, да танцувате, да уживате и да се забавувате! Екипата на персоналот  подготвена за акција, „кралевите на забавата“ ветуваат кулминација, недостасувате само уште Вие со Вашето присуство. Затоа резервирајте си навреме место на:   072 222 445.    ]]>

На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: Концертна журка со „Амадеус бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-17-ti-mart-vo-restoran-dion-vo-skopje-koncertna-zurka-so-amadeus-bend/ Tue, 15 Mar 2022 06:44:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243201

Најпопуларниот музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, на 17-ти март, четврток, со почеток во 20.00 часот во скопскиот ресторан „Дион“ ќе одржи уште еден незаборавен настап во живо. Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната. Настапот на „Амадеус бенд“ е настан на кој кога еднаш се присуствува, постојано се раскажува, а нивниот следен - не се пропушта. Бројот на места е ограничен, затоа не пропуштајте да резервирате на: 072/ 222 - 445 Настанот ќе биде организиран според сите важечки протоколи за Ковид 19.  ]]>

11 нешта кои среќните мајки ги имаат исфрлено од својот живот https://arhiva.vistina.com.mk/11-neshta-koi-srekjnite-majki-gi-imaat-isfrleno-od-svojot-zivot/ Thu, 16 Aug 2018 17:22:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43214

Еве кои нешта среќните мајки не ги прават: Не ја оценуваат сопствената вредност врз основа на туѓото мислење. Луѓето секогаш ќе имаат „добронамерни совети“ (читајте критики) кон вас за начинот на кој го храните, облекувате, воспитувате, бањате и негувате вашето дете, но она што вие треба да го направите е да не дозволувате тие забелешки да ви предизвикаат чувство на вина и да ве наведат на помислата дека сте лоша мајка. Не сте! Секоја мајка е најдобра за своите деца, дури и кога прави грешки. Среќните мајки знаат дека не можат да одговорат на сите туѓи очекувања и не се ни обидуваат. Не се споредуваат себеси со другите мајки. Туку се прифаќаат онакви какви што се. Не се изолираат од светот откако ќе станат мајки. Среќните мајки не го жртвуваат својот друштвен живот откако ќе добијат дете, затоа што знаат колку се скапоцени пријателките. Одвреме-навреме тие ги оставаат децата со тато или баба за да се „издуваат“ на час-два со пријателките. Не е грев да поминувате време подалеку од децата. Не одбиваат прегратка. Туку максимално ги користат и ценат малите моменти кога нивното детенце сака да ги прегрне. Тие никогаш не ги разочаруваат подадените рачиња за да свртат уште еден телефонски број или да ги извадат алиштата од машината, туку им возвраќаат. Среќата честопати се крие во ситниците. Мајка Не очекуваат да имаат совршено уреден дом. Зарем некој може да има идеално подреден и чист дом кога има мало дете во него? Се разбира дека не. Децата се нескротлива сила која уништува играчки, рони трошки, чкрта ѕидови, турка полни чаши без оглед каква течност има во нив... Тие можат да го претворат и најуредниот дом во вистински хаос за само неколку часа. Не ги оценувајте вашите мајчински квалитети според изгледот на вашиот дом. Не ги исмеваат другите мајки, туку им помагаат. Луѓето зборуваат лошо за другите само кога се несреќни. Не пропуштаат да седнат на подот за да си поиграат со своите деца. Среќните мајки се смеат наглас и си дозволуваат да бидат детинести. Кога последен пат „лудо“ сте танцувале со вашето дете, не грижејќи се дали некој ве гледа? Кога последен пат сте биле авион, мечка, куче или коњче? Заборавете на нечистите плочки во кујната и разбудете го повторно детето во себе. Мајка Не ја оставаат приказната недочитана за да ги измијат валканите садови.Колкупати ви се случило да ви светне дека имате заостаната обврска додека му читате на вашето дете и одеднаш да „скокнете“ за да ја завршите? Среќните мајки не се чувствуваат виновно поради садовите во мијалникот или необесените мокри алишта, зашто знаат дека тие нема да одат никаде. Тие умеат да ги поттурнат обврските за да се забавуваат со своите малечки. Запомнете: „Деновите се долги, но годините се кратки“. Не очекуваат совршен ден... туку реален ден. Мајчинството е несовршено, но е прекрасно. Не ги занемаруваат сопствените интереси. Среќните мајки имаат свои хобија и интереси кои им овозможуваат релаксација. Градинарство, фитнес, трчање во паркот... Најдете што ве усреќува, а потоа одделувајте си време за тоа. Не живеат во каење. Како мајка, неизбежно ќе направите грешка. Можеби ќе му се развикате на вашето малечко без тоа да е воопшто виновно или ќе му дозволите да игра подолго време на таблетот за да завршите некоја обврска. Заборавете на каењето, бидејќи тоа е сигурен пат кон несреќа. Научете да уживате во малите скапоцени моменти кои само мајчинството може да ви ги понуди и користете ја секоја прилика за да им покажете на вашите деца колку многу ви се важни. Тоа е она што ќе ве направи среќна мајка. Запомнете дека вашето дете не сака совршена мајка, вашето дете само сака среќна мајка.]]>