дино имери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Jun 2021 12:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дино имери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Last Expedition“ и пријателите од силната љубов кон место во кое живееме ја создадоа – „Мајка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/last-expedition-i-prijatelite-od-silnata-ljubov-kon-mesto-vo-koe-ziveeme-ja-sozdadoa-majka-video/ Thu, 10 Jun 2021 12:11:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206560

Во море на патриотски и навивачки песни, една тема побудува особено внимание. „Мајка“ – новата песна на „Last Expedition“  и пријателите се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.„Мајка“ се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енис Хаџиќ - Енко, лидерот на култниот македонски бенд.
Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол. „Свири 'Експедишн' во полн состав, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, еден од нашите најдобри пијанисти, потоа тенорот Христо Арсовски, попознат како Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Kaly, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите –вели Енис Хаџиќ. За песната е реализирано лирик-видео, со преубава зајдисонце фотографија на Дарко Стојановски, забележана на Преспа. Дека сето тоа звучи изгледа одлично без сомнение, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=BTRahAeLDXY
]]>

Омаж на Руџеро Леонкавало со македонскиот тенор Благој Нацоски https://arhiva.vistina.com.mk/omaz-na-rudzero-leonkavalo-so-makedonskiot-tenor-blagoj-nacoski/ Wed, 25 Sep 2019 13:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109030

По повод 100-годишнината од смртта на италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, на 28 септември со почеток во 20 часот, Амбасадата на Италија во Скопје организира концерт со македонскиот светски познат тенор Благој Нацоски и Дино Имери на пијано. Гкако гостин на концертот че настапи хелена Суѓа - сопран. Концертот ќе се одржи  во Камерната сала на Македонската филхармонија. Влезот е слободен.]]>

Филхармонијата на 25 октомври ќе ја започне концертна сезона https://arhiva.vistina.com.mk/filharmonijata-na-25-oktomvri-kje-ja-zapochne-koncertna-sezona/ Thu, 19 Oct 2017 11:04:02 +0000 http://vistina.mk/?p=525

Со мало доцнење поради исполнување техничко-правни процедури за новиот објект, Македонската филхарминија на 25 октомври ќе ја почне сезоната 2017/2018 со концерт симболично насловен „Нов почеток“. Солист ќе биде пијанистот Дино Имери, оркестарот ќе го води Борјан Цанев, а на програмата ќе бидат дела од Чајковски (Концерт за пијано и оркестар бр.1), Респиги (Римски фонтани) и Рихард Штраус (Ѓаволштините на Тил Ојленшпигел оп. 28).

Поради доцнењето со отворањето, испуштени се некои планирани гостувања, како што беше претходно најавеното на виолинистот Роман Симовиц. На 9 ноември ќе гостува познатиот пијанист Борис Березовски, а во вториот дел на концертната сезона, од јануари 2018,  рече Илиески, ќе гостуваат големи музички имиња.

Илиески информираше дека за краток период успеале и да обезбедат  приклучок за парно греење со што е избегнато  враќање на оркестарот на старата локација, во Домот на АРМ. Обезбеден е и пристап, функционални лифтови и места за седење во големата сала за лица со хендикеп.

- Чест ми е што ја водам оваа институција значајна за државата и за Скопје, еден репрезентативен оркестар кој конечно, по 74 години, го доби своето заслужено место во овој прекрасен храм на музиката, во дом во кој ги имаме сите услови за работа и за креирање музика и интерпретација на најдобрите и најспецифичните дела од железниот репертоар. Установата ги има сите можности за оркестарот и услови за администрацијата, рече Илиески.

Филхармонијата има и студио опремено со врвна техника за аудио записи, ново лого со ликот на новиот објект и редизјанирана веб-страница. Воведува нов начин на презентација на концертната програма - рекламирање на концертите со спотови, со цел да се приближат до сите граѓани. Покрај поддршката од Министерството за култура, Филхармонијата ќе почне и партнерство со големи фирми и брендови за да овозможи носење на големи и звучни стрнаски солисти и диригенти. Во стратегијата на куќата е и сите заборавени македонски музичари да имаат можност да настапат на нејзината сцена.

Диригентот Борјан Цанев и виолинистката Ана Кондратенко искажаа задоволство што почнуваат да работат во концертна сала со услови какви што имаат нивните колеги низ светот.

- Во превод значи имаме стадион, сега ни се потребни фудбалери да даваат голови. Се подоготвуваме многу интензивно, имаме одличен тим. Треба време да се прилагодиме на тоа што е ново, но на новото човек секогаш поубаво се прилагодува, рече Цанев, кој идната среда ќе го води првиот концерт во новата сезона.

Следниот концерт ќе биде на 2 ноември - Симфонија на тажни песни со Ана Дурловски и диригентот Емил Табаков.