Diners Club Македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Dec 2022 12:50:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Diners Club Македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Diners Club Македонија добива ексклузивни франшизни права за 4 нови пазари https://arhiva.vistina.com.mk/diners-club-makedonija-dobiva-ekskluzivni-franshizni-prava-za-4-novi-pazari/ Wed, 07 Dec 2022 12:50:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279123

Благодарение на одличните резултати, изградената репутацијата и големите вложувања и активности на пазарот, Diners Club Македонија доби дозвола за откупување на франшизните права за проширување во четири земји, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, со што пазарот се зголемува од 2 на 16 милиони потенцијални членови. Стратегијата на компанијата е проширувањето и менаџирањето со овие пазари да се одвива централизирано од Скопје, а првиот чекор е да се овозможи прифаќање на картичките на Diners Club International и Discover Financial Services во секоја од земјите, со што македонските членови на Diners Club ќе можат да ги користат своите картички и добиваат поволности и во соседните земји.
„Драго ми е што вложениот труд и успешните резултати на целиот тим на Diners Club Македонија се препознаени од Discover Financial Services, под чија надлежност работиме во Македонија. Во изминатите 2 години, по откупувањето на сопственоста на Diners Club Македонија, нашата стратегија и активности целосно се насочија кон модернизирање на продуктот, на дигитализација на севкупните процеси во работењето со цел зголемување на задоволството на нашите членови. Веруваме дека досегашното работење во Македонија, знаењето и искуството на тимот е сигурна основа за успешно воведување на Diners Club во соседните земји“ - вели Божидар Јанковски, директор на компанијата.
Diners Club Македонија постои од 1995 година и во изминатите 27 години во компанијата се променети 3 сопственички структури. Во 2020 година компанијата за првпат премина во 100% македонска сопственост и е единствената франшиза на меѓународно ниво која е во сопственост на физичко лице, а не на финансиска институција. Diners Club Македонија работи на македонскиот пазар под франшиза издадена од Discover Financial Services во САД, интернационална компанија која е присутна во повеќе од 200 земји, има издадено повеќе од 280 милиони картички со вкупен годишен промет од 500 милијарди долари. Повеќе информации за работењето и услугите на Diners Club Македонија можете да најдете на www.diners.mk]]>

Секој петок скратено работно време за вработените на Diners Club Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-petok-skrateno-rabotno-vreme-za-vrabotenite-na-diners-club-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 09:33:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254467

Од април оваа година, работната недела за вработените на Diners Club Македонија завршува во петок во 14ч. Ова е последна од низата придобивки кои компанијата ги имплементираше како дел од позитивните корпоративни практики во грижата за своите вработени. Следејќи ги позитивните искуства и практики на компаниите ширум светот и земајќи ја во предвид потребата за поголема флексибилност во работното време, Diners Club Македонија повторно одлучи да им излезе во пресрет на своите вработени за кои викендите сега почнуваат порано.
„Светските искуства со флексибилно и скратено работно времe покажаа низа позитивни импликации врз продуктивноста во работењето и општата благосостојба на вработените која за нас секогаш била број 1 приоритет. Во Diners имаме примери на вработени кои се дел од компанијата повеќе од 15 години и тоа за нас е доволен мотив да продолжиме континуирано да вложуваме во нашиот тим“ велат од Diners.
Она што особено го радува менаџмент тимот на Dinеrs е што по завршувањето на работните обврски во 14 ч. новото слободно време вработените често знаат да го искористат за заедничко дружење што е исклучително важно за одржување на тимскиот дух во компанијата. Минатата година Diners Club Македонија во соработка со Еуролинк Осигурување обезбеди приватно здравствено осигурување за сите свои вработени со цел зголемување на достапноста до квалитетни здравствени услуги и обезбедување навремена лекарска нега.]]>