дин мартин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Dec 2020 12:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дин мартин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Тарабунов го преработи познатиот божиќен евергрин – „Let It Snow!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-go-preraboti-poznatiot-bozikjen-evergrin-let-it-snow-video/ Wed, 23 Dec 2020 12:01:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182285

Александар Тарабунов – Тара  излезе дека во 2020та е највредниот меѓу македонски поп пејачи. Во оваа, по сите основи „промашена“ година, во  време на корона пандемијата, кога естрадата е принудно „паркирана во лер“,  Тара е еден од ретките кои застојот како дополнително да го инспирира, па овој вакум го користи неуморно да работи, да снима и издава нови песни. По „Сењорита“, „Нема крај“ и „Дај ми“ и неодамнешната „Безвременска“, пејачот реши да сними уште една „безвременска тема“... Овој пат обработка на еден божиќен или подобро речено,  вечен зимски евергрин, оригинално испеан од големиот пејач и актер Дин Мартин, темата со наслов „Let It Snow!“... или во слободен превод „Нека снежи“!  Кавер верзијата на Тара не само што звучи одлично, туку и многу специфично, па иако не е авторска песна, тој и дал свој печат, своја уникатност во интерпретацијата на големиот хит на кој одново му вдахнал нов живот, го променил во модерно аранжерско-продуцентско руво, давајќи му современ дух со кој за крај на годината, во празничните денови, како што самиот вели, се надева дека ќе шири позитива!   Инаку, Let It Snow! “, е песна оригинално напишана од текстописецот Семи Кан и композиторот Џул Стајн и тоа не за врема на зима, туку среде лето, во  јули 1945 година. Напишана е во Холивуд, Калифорнија, за време на еден ужасно жежок бран, додека Кан и Стајн си замислувале како би изгледал денот во постудени услови. Слушнете како звучи преработката на Тара во едноставното симпатично видео со кое е илустрирана песната: https://www.youtube.com/watch?v=H-Oei4ZC7QU]]>