Димитар Ѓоргиев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Oct 2021 11:52:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Димитар Ѓоргиев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс! https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-gjorgiev-e-nov-svetski-shampion-vo-kik-boks/ Fri, 22 Oct 2021 11:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224221

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик. Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија. За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.]]>