димитар атансовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Oct 2022 08:20:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png димитар атансовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Танцот на ѕвездите“ низ животот: Сара Мејс славеше роденден, сопругот Димитар Атанасовски и го честиташе со емотивно видео од местото каде љубовта се роди (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tancot-na-dzvezdite-niz-zivotot-sara-mejs-slaveshe-rodenden-soprugot-dimitar-atanasovski-i-go-chestitashe-so-emotivno-video-od-mestoto-kade-ljubovta-se-rodi-video/ Fri, 21 Oct 2022 07:50:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272333

Македонската харфистка и поп пејачка Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс која пред два месеци се реализираше како мајка по вторпат, откако на свет го донесе синчето Кирил, сега славеше роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, без оглед дали тие ги кријат или јавнмо кажуваат, ама затоа се брои нешто друго. Најмногу честитките, прегратките и бакнежите кои ги добиваат од драгите луѓе околу нив, кои им се повеќе или помалку блиски, но доволно искрени да им посакаат остварување на најубавите роденденски желби. Токму такви Сара за роденденот доби многу, но една е секако посебна и специјална! Нејзиниот сопруг,  водителот и марктетинг директор Димитар Атанасовски покрај оние директно упатените „во четири очи“, на својата убава сопруга и сподели јавна роденденнска честитка со која буквално ја трогна! Имено, се работи за едно видео, кое датира од времето на нивното прво запознавање или поточно, првите „средби од трет вид“ и тоа од местото каде нивната љубов ќе се роди. Оние кои се сеќеваат, паметат дека обајцата беа дел од лиценцираното музичко - танцово шоу, „Танц со ѕвездите“ кое ТВ гледачите го паметат како еден од најуспешните забавни проекти  на МТВ последниве години. До душа, нивната прва официјална средба била во емисијата „Тротоар“. Сара била гостинка, а Димитар водител на емисијата. Сепак, почнале да излегуваат години подоцна, за време на емитувањето на  „Танцот со ѕвездите“ каде и двајцата се натпреваруваа. „Често се гледавме, па така почна да се развива љубовта. Првиот бакнеж ни беше по завршувањето на емисијата посветена на англискиот валцер“ - ќе открие своевремено Сара. Токму со видеото кое „му го позајмил“ тогашниот танцов партнер на Сара, Мишо Спасовски, водителот ја потсети својата сопруга на времето и местото каде се' започна... Местото каде нивната љубов ќе се роди! На една од танцовите пробите за  „Танцот на ѕвездите“! „Драга Сара, ти посакувам… ма знаеш што се’ ти посакувам, а и тоа што не ми текнало, ти можеш сама да си го оствариш... Биди ни вечно здрава, насмеана, смела, инаетлива кога сакаш да си го оствариш своето и учи ги нашите деца да бидат точно тоа што си ти - бестрашна лавица!  Среќен роденден (кој иако е само бројка), партнерке во се“ - напишал во честиткта до својата сопруга водителот. При тоа му се заблагодарил и на нејзиниот танц-партнер за видеото и коментарите: „П.С. Мишо Спасовски -  фала ти за коментариве, одамна не сум го глеал видеово“ - додал Димитар. Славеничката по ова очигледно остана без зборови... Стаписан од среќа, Сара само во една реченица му возвратила на својот сопруг благодарност што направил повторно да заплови низ спомените: „Зашто ме расплакуваш вака сега? Те сакам најмногу на свет, бе“ - напишала таа, додавајќи љубовни емотикони со срциња. Исти онакви, како што нивните срца за прв пат затреперија токму на тоа место - „Танцот на ѕвездите“, од каде започна и нивниот „љубовен танц низ животот“!
Фото: Инстаграм принтскрин/Sarah Mace/dimitaratanasovski_  ]]>

Сара Мејс со полна уста комплименти за својот сопруг Димитар… а има и зошто: „Пак да се родам пак ќе те оженам“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-so-polna-usta-komplimenti-za-svojot-soprug-dimitar-a-ima-i-zoshto-pak-da-se-rodam-pak-kje-te-ozenam-foto/ Tue, 24 Aug 2021 09:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216483

Македонскиот водител и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски и пејачката и харфистка Сара Мејс важат за една од најскладните естрадни двојки, а наивниот брак за прилично хармоничен кога се во прашање јавните личности. Водат семеен, но и динамичен живот и заради природата на професијата и заради духот на нивните личности, полни со ентузијазам, желба за потрага по нови заеднички возбуди и авантури во природа, на викенд, на секој одмор... Или само тие двајца, но најчесто заедно сите тројца, со нивната ќеркичка Илина.   А брачната хармонија произлегува од љубовта и обратно - љубовта созадава брачна хармонија, па затоа добро е човек понекогаш и да застане и да се потсети со кого тоа е во брачна заедница, со кого ги дели и убавите и оние помалку убавите мигови, со кого е и во добро и зло, со кого е и кога му е тешко и кога животот му е песна. Сара токму  понесена од оваа мисла, минувајќи покрај еден скопски билборд на кој го здогледа ликот на својот сакан кој патем, во последно време  се почесто е  лик од рекламите, го фотографираше, го сподели на својот Инстагарам па на фотографијата додаде: „Некогаш уште не ми се верува дека јас го оженив 'најпосакуваниот ерген'... Пак да се родам пак ќе те оженам“ - му порачува пејачката на својот сакан. И додека многумина се „топат од среќа“ од пораката, потенцирајќи за каква прекрасна жена се работи, други на на работитене гледаат баш така... Баш исто како и претходните, тврдејќи дека секое нешто, има и свое зашто! И ако ги пролистате следните фотографии од приказните на Сара Мејс, ќе видите дека среќната сопруга не попусто е „со полна уста“ комплименти за својот сакан животен сопатник. Димитар уште оддамна покаже дека не само што е успешен и познат, туку е и посветен сопруг, но и голем домаќин. Како што Сара покажа дека жена туку така, апансанс, без причина, не дели на маж комплименти... А, еве и зошто... Среќа што на домаќинот секогаш има кој да му помогне... Да го придржи да не падне додека тој ги закачува завесите, зашто „распеаната госпоѓа“ е баеги зафатена... Па некој мора и да фотографира, нели? Веројатно сега на Димитар му е многу појасно, од каде и зошто она: „Пак да се родам пак ќе те оженам“... напишано покрај неговиот билборд! Фото: Инстаграм принтскрин/sarahmace__]]>

По шест месеци, Сара Мејс објави фотографии од првиот роденден на Илина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-shest-meseci-sara-mejs-objavi-fotografii-od-prviot-rodenden-na-ilina-foto/ Wed, 01 Apr 2020 07:09:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142507

Поминувајќи го времето во изолација поради короната, имаме многу повеќе време за работи за кои претходно сме немале. Многумина од јавните личности на социјалните мрежи покажуваат како ги поминуваат деновите во четири ѕида. Македонската пејачка Сара Мејс деновиве исто така е активна на социјалните мрежи. Во согласнот со кампањата „Седам дома за“.... таа прво на „Инстаграм“ објави за кого седи дома, а нејзиниот список беше долг. Меѓутоа, деновиве пејачката имаше време да пребарува по албумите и да наиде на фотографии стари шест месеци односно на фотки од првиот роденден на ќерката Илина. Имено, наследничката на Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атансовски пред шест месеци наполни една година. По тој повод, парот и организираше забава на малата Илина која на тој ден изгледаше како принцеза. За оваа прилика, малата Илина беше облечена во  фустанче во комбинација со патики и наликуваше на мала принцеза. Мама Сара се одлучи за долг фустан, а Димитар за краток шорц и бела кошула, но насмевката не ја тргнуваа од лицето. Сара и Димитар тогаш многу не се пофалија со многу фотографии, но затоа сега тоа го направи пејачката која по шест месеци на Фејсбук објави неколку моменти од 1-от роденден на Илина. „Пред 6 месеци може немав баш време за ставање слики на фб, ама затоа сегааа... Ако Ви се свиѓаат за утре можам и да ги нацртам, да видиме со ликовно до кај сме..“ напиша Мејс во описот на објавата. За потсетување, Сара и Димитар во 2018 година за првпат се реализираа во улогата  на родители.]]>

Ни Сара Мејс не би го познала: Димитар Атанасовски ретко може да го видиме во вакво издание (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ni-sara-mejs-ne-bi-go-poznala-dimitar-atanasovski-retko-moze-da-go-vidime-vo-vakvo-izdanie-foto/ Mon, 18 Nov 2019 09:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118998

Сопругот на македонската пејачка Сара Мејс, водителот Димитар Атанасовки неодамна си ја скрати брадата и го промени личниот изглед. Дека водителот води грижа за својот изглед покажува и фактот што пред некое време Диме посети фризерски салон за услугата – миење на косата. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dimitar-atanasovski-na-chuden-tretman-chetiri-para-race-i-dve-lavaboa-za-edna-glava-foto/ Деновиве Диме повторно позираше во едно посебно издание, а сега ретко кој би го познал. Имено, по повод „Dance international competion“ , Диме се среди во такво издание што ретко кој би го познал, па дури и Сара Мејс. За оваа прилика, Диме се облече во елегантно црно одело, со средена фирузра и брада, а со ваквиот имиџ изгледа помладено. Тој се фотографираше пред огледало, а веруваме дека бил задоволен од самиот ефект. Меѓутоа, еден од неговите следбенци го праша Атанасовски дали ослабел. Атанасовски позираше до македонската згодна водителка Марјана Станојковска, па вака како водителски пар еден до друг изгледаат елегантно, културно и професионално. Станојковска за ова прилика одбра дол црвен фустан кој одлично и прилега на нејзината витка фигура. За потсетување, Диме и Сара претходната година станаа родители на нивната прва ќерка која наполни една година.]]>

Димитар Атанасовски на чуден третман: Два пара раце и две лавабоа за една глава! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-atanasovski-na-chuden-tretman-chetiri-para-race-i-dve-lavaboa-za-edna-glava-foto/ Wed, 25 Sep 2019 08:14:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108811

Не е ништо ново да одите на фризер, каде после шишање, бојосување на косата или било кој друг вид на услуга ќе ви ја измијат косата. Некои одат дури и специјално само за миење глава. Како водителот Димитар Атанасовски, на пример. Арно ама, или тој не ги разбра добро фризерките дека тој ден им е гужва, или реши сам да проба како изгледа да си на нивно место, па онака „апансас“ влета во фризерскиот салон каде што редовно го разубавуваат! И ни пет-ни шест,  ете ти го Диме нацртан, подготвен за третман на глава! Ама џабе глава за миење, кога главата не размислила претходно дека не е баш се' така лесно како што изгледа. Зашто едно е кога ти прават, а друго е кога ти сам треба да го правиш... а не си дома! Во салонот гужва, па вработените не можат да постигнат даим посветат време за сите! На Димитар му се брзаше, па водителот тргна сам со разубавување по принципот на „самопослужување“! Ако со зборување стекна слава, не значи дека умее сам да ја „одржува“ таа глава. До душа проба, ама некако - тенко... Персоналот виде - невиде, па откако сфатија дека муштеријата тешко сам се снаоѓа,  за водителот да не им ја поплави фризерницата, пратија стручно лице да ја заврши работата. И додека вработената го шампонира, водителот лице мие, уши трие, тушот го бара за да направи гаргара... Чисто за да го исплакне грлото зашто нему му е главен инструмент за работа. А, главата? Четири пара раце и две лавабоа за една глава, едвај беа доволни! Што ли ќе биде следниот пат кога водителот ќе дојде да прави фризура? Веројатно ќе треба да се собере целата гарнитура... Фризерски конзилиум за „фризура - делириум!“  ]]>

Димитар Атанасовски има еден проблем… или се два: „Шо мислеше, шо мислеше, ка’ се онадеше?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-atanasovski-ima-eden-problem-ili-se-dva-sho-misleshe-sho-misleshe-ka-se-onadeshe-foto/ Sat, 07 Sep 2019 08:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105637

Македонскиот водител и маркетинг менаџер Диматар Атансовски има голем проблем. Имено, тој и неговата сопруга пејачката и харфистка Сара Мејс ја имаат ќеркичката Илина, која веќе потпорасна, а тие секојдневно мораат да ги исполнуваат своите работни обврски, па малечката убавица нема кој да ја чува. Веројатно опцијата за одење во градинка не им се бендисува заради возраста на малата Илина или од некоја друга причина, па засегнатите родители решија да бараат друго чаре.
Маркетинг менаџерот најдобро знае како социјалните мрежи можат да се искористат и во сопствени цели, за да ти го решат проблемот, па довитливиот Димитар преку својот Фејсбук профил имсе обрати на пријателите со јавен повик за помош:
„ Пријатели, ако познавате некој кој чува деца и е слободен периодов, ве молам пратете ми контакт во инбокс... Излезе дека ова била најтешката работа во животот, затоа помагајте“! Е била... Ама најтешка, никако. Ееее, уште ништо не си видел водителе. Допрва ти е „назад зимата“. Вака отприлика би му рекле поискусните родители, особено татковци, ама и пријателите не останаа покуси, па му возвратија. Кој на шега, кој со сериозна понуда... па и предлог.
„Шо мислеше, шо мислеше ка се онадеше“, „Плачко“... беа некои од машките шеговити коментари на пријателите на водителот, а меѓу нив и една женска понуда од типот:
„Јас ќе се вратам за детето твое. Свое немам, туѓо гледам, германски ќе учиме заедно“! 
Понудата прифатена и проблемот за Димитар решен. Или со понудата проблемите од еден стануваат два? Во зависност од тоа што ќе каже на ова Сара Мејс!
Ќе биде: имаме бејбиситер или бејби(сиктер) за некого? Зашто во понудата не е баш најјасно нагласено со кого тоа бејбиситерката има намера да учи заедно германски... Со малечката или со таткото?]]>

Јелена Томашевиќ, Димитар Андоновски и Тајфата на 27-ми август ќе ги забавуваат кривопаланчани https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-tomashevikj-dimitar-andonovski-i-tajfata-na-27-mi-avgust-kje-gi-zabavuvaat-krivopalanchani/ Thu, 23 Aug 2018 08:33:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44360

Познатата српската пејачка Јелена Томашевиќ во понеделник ќе одржи концерт во Крива Паланка. Концертот е закажан за 21 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.  Јелена гостува по  повод одбележувањето на Денот на рударите,  кој ќе се празнува следниот ден, на 28. август. Организаторите упатуваат отворена покана за концертот на кој посетителите ќе може да уживаат во познатите хито  „Јутро“, „Нема Кога“, „Оро“, „Кошава“, „Океани“ и многу други. Пред да настапи популарната пејачка Томашевиќ како нејзина предгрупа се најавени Димитар Андоновски и „Тајфата“. Инаку, на 25 август на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на „Џојфест“, каде што ќе настапи на Рибја Чорба. извор: ипортал]]>