дим – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Jul 2023 11:27:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дим – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димот од цигарите е штетен за вашите домашни миленици: Вие пушите, а тие се гушат https://arhiva.vistina.com.mk/dimot-od-tsigarite-e-shteten-za-vashite-domashni-milenitsi-vie-pushite-a-tie-se-gushat/ Thu, 27 Jul 2023 11:27:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311801

Дали некогаш сте помислиле дека пушењето е штетно и за вашите миленици? Поради оваа лоша навика и тие се пасивни пушачи чие здравје трпи последици. Низа научни истражувања потврдија дека димот од цигарите негативно влијае на крвта и органите кај мачките и го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви болести и проблеми со белите дробови. Американската агенција за храна и лекови објави детален прирачник за сопствениците на миленици заснован на последните истражувања. „Исто како и децата, мачките и кучињата најголемиот дел од времето го поминуваат на подот каде се концетрира остатокот од димот, а потоа лесно стигнува на крзното. Тогаш милениците ги вдишуваат штетните материи или ги внесуваат во организмот кога го лижат своето крзно“ – се наведува во истражувањето. Според ветеринарите, кога сопствениците дознаваат дека им го нарушуваат здравјето на своите миленици, најчесто одлучуваат да се откажат од цигарите. Со оваа одлука си помагаат себеси, но и на милениците. За почеток, ветеринарите советуваат да престанете да пушите внатре во домот и да избегнувате да ги галите своите миленици без да ги измиете рацете откако ќе ја изгаснете цигарата. извор:курир.мк]]>