дилема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 08:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дилема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емилија Розман во мрежести чорапи со високо кренати нозе и само една дилема: Дали навистина како зрачиш, такви ликови и привлекуваш? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-vo-mrezhesti-chorapi-so-visoko-krenati-noze-i-samo-edna-dilema-dali-navistina-kako-zrachish-takvi-likovi-i-privlekuvash-foto/ Fri, 03 Nov 2023 08:54:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325220

Емилија Розман е позната како дама со неколку професии. Од манекенка, мисица, модел, преку академска диплома, до сопственичка на свој бизнис огледан во продавница за подароци со цвеќарница и фирма за украсување... Некој би рекол мулти функционална, што не е далеку од вистината, иако оваа  долгонога убавица и по толку години се чини како се’ уште да се бара себе си… И професионално и особено приватно. Барем така делува според она што речиси секојдневно го споделува... Се разбира на своите профили на социјалните мрежи, каде најчесто поле за нејзините патувања, постапки и дејанија, нови хобија, мудри мисли, недоумици, нерасчистени дилеми... е нејзиниот Инстаграм и неговите приказни. Така на пример најново е дека г-ѓица Розмантична однеодамна посетува часови по клавир. Не дека има амбиции да стане врвен пијаниста, туку чисто онака, заради лична надоградба и сатисфакција... Или можеби зголемување на самодовербата? Помеѓу два часа пијано, Розман реши да го искористи убавото време и да ги улови последните сончеви денови, впивајќи го секој сончев зарак на себе онака како што самата решила да ужива: Хедонистички во мрежести чорапи со високо кренати нозе на гелендерот од балконот, небаре е царица на тронот. Очигледно кога е уживањето во прашање, долгоногата убавица има проверена куќна шема, во која сепак не е се така розово, зашто Розман ја мачи една дилема! И додека глетката можеби некого дразни, Емилија во продолжение на своите Инстаграм приказни споделила нешто што очигледно ја мачи и никако не може да си го објасни за да дознае, дали е можно во познатата фраза и самата да се препознае? „Некако ми е тешко да поверувам во оноа: Како зрачиш така и привлекуваш, зашто не е возможно да зрачам како психопат и малоумна 'сељандура' “ - напишала загрижената убавица, обидувајќи се попусто да ја разграничи теоријата од... личното искуство!? Фото: Инстаграм/rozmanticna  ]]>

Дилема: Можете да почнете нова врска или треба да почекате? https://arhiva.vistina.com.mk/dilema-mozhete-da-pochnete-nova-vrska-ili-treba-da-pochekate/ Thu, 19 Oct 2023 10:37:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323065

Колку време е потребно за целосно закрепнување по раскинувањето? Точен одговор, за жал, не постои. Сепак, знаеме одличен начин да ви помогнеме да се сфатите себе си и да одлучите дали ќе го поминете периодот пред нас во потрага по љубов или во разговор со себе. Време е да застанете, ставете го на пауза вашиот профил на Tinder и посветете време на интроспекција. Паузата ќе биде најдобриот противотров за нови порази на љубовниот фронт. Дали се трудите да им удоволите другите? Не си дозволувате да ја напуштите куќата без шминка, дури и кога ве мрзи да се нашминкате? Дали се обидувате да изберете секси облека за излегување, иако со задоволство би сакале да одите во удобна маичка и стари фармерки? Постојано заобиколување на сопствените желби за да ги задоволите другите луѓе или она што вие сметате дека го очекуваат од вас, е очигледен знак дека не се прифаќате себе си. Додека не ја засакате својата индивидуалност и не научите да ги цените вашите јаки страни, ќе биде тешко да изградите здрави односи. Можете ли да си го замислите животот без да бидете во врска? Имаме тенденција да ја гледаме самотијата негативно и тоа е наша вина. Обидувајќи се да ја пополниме внатрешната празнина што се појавува по паузата, се обидуваме одново да изградиме сè, без соодветно разбирање за тоа што се случило. Неуспешните романтични врски формираат маѓепсан круг. Паузата меѓу врски е одлична можност да се запознаете себеси и да посветите време на наоѓање хармонија со надворешниот свет. Ваквите моменти се важни за формирање на личноста. Игнорирањето може да доведе до емоционална криза. Дали сè уште мислите на поранешната љубов? Малку е веројатно дека обидот да се „префрлите“ на следниот партнер ќе биде крунисан со успех. Порано или подоцна, „новата љубов“ ќе сфати дека сте се согласиле на состанокот само за да ја „заборавите“ старата на некое време. Ќе недостига безгрижната леснотија и искреност што е присутна помеѓу двајца „тазе“ заљубени, а голема е веројатноста дека во новата врска уште правите потези кои се „мускулна меморија“ од старата врска. Дали чувствувате дека не сте се опоравиле целосно од токсичната врска? Дали по раскинувањето на претходната врска имавте чувство на гадење кон идејата за нова врска? Не можете да го решите ова без помош на психолог. Пред да влезете во нова врска, мора да се справите со тоа што го предизвикало вашето незадоволство и како може вакво сценарио да се избегне во иднина. Извор: Кајгана.мк]]>

„Нокаут“ имаа осмомартовски концерт во Велес, а таму се најде една (не)очекувана гостинка: Ноне ја погоди песната или секој заслужува и втора шанса? https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-imaa-osmomartovski-kontsert-vo-veles-a-tamu-se-najde-edna-ne-ochekuvana-gostinka-none-ja-pogodi-pesnata-ili-sekoj-zasluzhuva-i-vtora-shansa/ Fri, 10 Mar 2023 08:53:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292691

Еден од најпознатите и најпопуларни македонски бендови „Нокаут“ во низата настапи, имаше закажан концертен настап за Денот на жената во велес. Поточно, во „Бела вода“, еден од најубавите угостителски објекти покрај Велешкото езеро „Младост“. На Пере и екипата популарноста со години им е на врвот, па така влезниците беа распродадени доодека трепнеш. Дотолку повеќе што како специјален гостин , кој неретко настапува со нив, беше најавен и македонскиот  шоумен, Игор Џамбазов. Салата преполна, атмосферата прекрасна, расположението пуштено на најсилно, а среде забавата и една (не)очекувана гостинка... македонската џепна венера, некогашната колешка на оние на сцената, сега светската морепловка или како што ја нарекуваат „најшетаната велешанка“, Нона Неделковска. Сите мислеа дека во моментов е преку седум мориња и океани, работејќи на големите крузери, кога ете ти ја Ноне меѓу гостите на концертната журка. Дотерана, средена, стокмена, налик на европска дама во црн комплет од широки светкави панаталони, ликра маичка на прерамки, качена на високи потпетици, со шминка и долга пуштена коса, бојадисан во модерна костенливо-црвенкаста нијанса, некогашната  пејачка навистина изгледаше светски. Покрај својата убавина и стил, Ноне доминираше и со својот телесен раскош, со што веднаш се издвои од масата и со префинетата елеганција, стилот и ликот кој не старее и не се заборава, иако долго време не е дел од естрадата. Во опуштената празнична атмосфера, дојде време и за романтични мигови, па амбиентот со запалените свеќи на масите го претворија во љубовна бајка звуците на баладите... „Нокаут“ и Џамбаз и тоа како знаат тоа да го изведат и да ги разнежнат присутните, па по се изгледа ја разнежнија и неа, нивната (не)очекувана гостинка и некогашна колешка, но се уште нивна пријателка... Стиховите кои и го допреа срцето на Ноне и направија мислите да и прошетаат низ минатото: „Сите погледи исти се, тешки и опасни... Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни...?“ Ама по се изгледа и да ја стават во нова дилема: „И само... Помисли на тоа што се можеме... Можеби е доцна, а може не…?“ Дали песната „Во бестрага“ толку ја погоди некогашната пејачка, што не одолеа да не сподели парче од рефренот и атмосферата, ама и дел од стиховите во постот на своите профили на социјалните мрежи?  Или пак песната Ноне  ја поттикна и наведе на помисла дека... Секој заслужува и втора шанса? А, кој да знае, освен самата Ноне? Впрочем... Можеби е доцна, а може не?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/perrenokaut/nona.nedelkovska]]>

„Гранд“ ѕвездата Зорана Миќановиќ со една фотографија ги стави сите во дилема: Дали пејачката се појави без гаќички на сцена? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/grand-zvezdata-zorana-mikanovik-so-edna-fotografija-gi-stavi-site-vo-dilema-dali-pejachkata-se-pojavi-bez-gakichki-na-stsena-foto/ Tue, 14 Feb 2023 11:01:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288795

Откако се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и стекна регионалната слава со хитот „Сиктер“, Зорана Миќановиќ напорно работи и ужива во секој сегмент од славата што ја носи естрадата.Покрај во пеењето, Миќановиќ е свесна дека мора да инвестира и во својот изглед, па се посвети на редовно вежбање во теретана, но и се потруди со секој свој нов стајлинг да го привлече вниманието на јавноста
Таа беше затрупана со лавина од коментари и лајкови кога на својот Инстаграм сподели серија фотографии во провокативен кожен фустан со длабок шлиц од страна со шнирови со кој ги „запали“ своите фанови и следбеници на социјалните мрежи. Имено, атрактивната црнка позираше во тесен црн фустан со врвки од страните децидно покажувајќи ја нејзината линија на телото, а сите забележаа дека Зорана не носи долна облека. Или барем тоа така изгледа, зашто гаќичките или се добро скриени или сошиени за фустанот за пејачката да не се најде во непријатна ситуација додека настапува. Намерна голотија или оптичка илузија е прашањето кое остана дилема, дали „Гранд“ пејачката се појавила без гаќички на сцена? „Вистина е дека сум себична, понекогаш можеби и обична“ – напишала Зорана во описот на објавата која досега собра над 11 илјади лајкови. Фото: Инстаграм принтскрин/zorana_micanovic_official]]>

Одговор на дилемата која ја има секој маж кој сака да ја задоволи партнерката https://arhiva.vistina.com.mk/odgovor-na-dilemata-koja-ja-ima-sekoj-maz-koj-saka-da-ja-zadovoli-partnerkata/ Mon, 31 Oct 2022 13:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273604

Мажите генерално мислат дека женското тело е комплицирано и вечно се обидуваат да го разберат тоа, за да им пружат задоволство на своите партнерки. Тимот на лекари објасни дека не постои универзален рецепт и дека секоја жена е индивидуален случај. -Зборот „ероген“ значи особено чувствителна на сексуална стимулација, па ерогена зона е секој дел од телото кој реагира на допир на тој начин што се чувствува возбуда, бјаснува докторката по гинекологија Шери А.Рос. Таа додава дека ерогената зона не мора да биде специфичен дел од телото, туку целото тело. -Треба да се оттргнеме од идејата дека гениталиите или само одредени делови од телото се области низ кои чувствуваме задоволство. Такво искуство можат да пружат различни делови од телото, додава д-р Рос. Д-р Џил МекДевит се согласува со д-р Рос дека целото тело може да биде чувствително на допир. Таа додава дека тоа апсолутно не значи дека секоја жена чувствува возбуда при допирање на дел од телото. -Деловите од телото кои можат да се стимулираат и да доведат до возбуда многу се разликуваат од жена до жена бидејќи секоја жена има различни искуства, вели МекДевит и напоменува дека затоа е важно добро да го запознаете сопственото тело, а не да слушате искуствата на другите и веруваат дека задоволството да се биде ист. Таа додава: -Со текот на времето може да се менуваат и ерогените зони, како што старееме, а лесно може да се случи задоволството при допирање на дел од телото да се намали со текот на времето. Тоа навистина се разликува од личност до личност. Заклучокот е дека не постои точен број на ерогени зони на женското тело. Докторката додава дека се уште има некои универзални ерогени места, како што се гениталиите и градите: -Секој дел од телото треба да се истражува на различен начин. Разберете дека одредени делови од телото понекогаш полесно, а понекогаш потешко се стимулираат и дека тоа зависи од бројни фактори, од расположението на личноста до температурата во просторијата, заклучи докторката, додавајќи дека истите правила важат и за мажите. извор:курир.мк]]>

Кристина Димитриевска од прашањата на нејзините Инстаграм следбеници извлече неколку поенти: Непристоен предлог, самоубиствена понуда и една дилема – бившиот сопруг е „лошо“ момче или таа е „лоша“ девојка? https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-od-prashanjata-na-nejzinite-instagram-sledbenici-izvleche-nekolku-poenti-nepristoen-predlog-samoubistvena-ponuda-i-edna-dilema-bivshiot-soprug-e-losho-momche-ili-taa-e-losha-devo/ Fri, 05 Nov 2021 08:27:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226087

Македонмнската мисица, манекенка, модел и пејачка Кристина Димитриевска почна се' почесто да одговара на прашања на нејзините Инстаграм следбеници. На тетовската убавица очигледно и стана интересно и забавно на тој начин да комуницира со обожавателите на социјалните мрежи, па едно-две, еве нова барање од неа тие да ја прашаат што сакаат, а таа да им одговори онака како што сака... Или како што и одговара!? Последната тура прашања и одговори сепак многу говори, зашто мисицата ја зачинила со неколку извлечени поенти од нејзината комуникација со фановите во кои се содржани три клучни нешта: Еден непристоен предлог, една „самоубиствена“ понуда и една дилема...! Но да тргнеме со ред: Еден од следбениците - прилично конкретен. Со (не)пристоен предлог на невидено... Всушност, на 50% од виденото, зашто тој знае кому нуди брак, ама таа не знае кој и нуди брачна идила, во прашањето: „Да те земем за жена, кажи ДА“? Покажаната тетоважа на прстот, на местото од брачната бурма, како симболичен одговор на убавиицата на непристојниот предлог на нејзиниот таен обожавател со брачни амбиции. Вториот ем вљубен во Кристина, ем спремен да „гине“ за неа... Неговата самоубиствена понуда уште порадикална од онаа на претходникот. „Цел живот би го дал за тебе, совршена си лепотице“, е неговиот суициден заклучок, на кој наместо одговор, добил само поглед директно в очи од онаа, за која вљубениот хазардер животот го дава или барем на коцка го става. Но, она што е некако највпечатлива поента, нешто што најмногу „боде очи“ и се наметнува како дилема е прашањето на третиот обожавател или Инстаграм следбеник, на русокосата убавица. Неговото прашање до неа: „Зошто фините момчиња не можат да си фатат добри девојки?“,  разоткрива или отвора нова недоумица, содржана во одговорот на Кристина: „Сакаат 'лоши' девојки“! Тогаш, ако навистина е така, останува да виси дилемата: Дали бившиот сопруг на мисицата, пејачот Даниел Кајмаковски  е „лошо момче“ или добрите момчиња навистина сакаат „лоши девојки“... за врска или брак, сеедно? Кристина Димитриевска е на потег да ви ја открие загатката што самата ја постави во одговорот на прашањето на нејзиниот Инстаграм следбеник, во врска со врските на добрите момчиња и „лошите“ девојки! Фот: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry  ]]>

Игор Џамбазов „прави разлика“ како може да се има само една жена, ама неговата разлика отвора нова дилема? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-pravi-razlika-kako-moze-da-se-ima-samo-edna-zena-ama-negovata-razlika-otvora-nova-dilema-foto/ Fri, 22 Oct 2021 07:25:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224064

Игор Џамбазов и Илина Арсова, во љубов како од бајките, од соништата, од приказните... Иако секоја љубовна идила не е токму „онаа вистинската“ и не завршува баш како во приказните: ...„И така среќно си живееја до крајот на животот“...!  Впрочем и големиот, нему омилен Балашевиќ пееше: „Сите вистински љубови се тажни“... Секако, тоа воопшто не мора да значи и да биде така! Бројни примери го покажуваат токму спротивното, па оттаму и дилемата кај многумина „казанови и донжуани“ кога ќе ја најдат „вистинската“, дали многуте пред неа биле само предигра, пред да се појави таа или и таа е една од многуте? Игор Џамбазов очигледно ја нема таа дилема. Не дека сегашнава му е прва, туку дека веројатно за прв пат ја чувствува како „последна“... „Таа е таа“ и ниту една друга. Ни пред неа, ни скраја да е, по неа! Од швалерска страна, можеби не спаѓал во „тарзани“ и не е бил кој знае колко добар швалер како Маленко, иако далеку од тоа „дека е бил зајче“, па за некои негови љубови се слушаше надалеку, од Скопје до Галичник и Јанче. Но, од сите бивши од Скопје, преку Виница и Каменица до Дојран и Струмица, по се' изгледа најмногу при срце му легна оваа сегашнава мома што се качува по карпи и ја освојува секоја планина, а се вика Илина! Затоа и споделил еден пост на својот Инстаграм во кој прави разлика помеѓу „имање многу жени“  и „многу имање“, една жена! „Страшно ме нервира кога некој ќе рече дека ИМАЛ многу жени. Јас под ИМАЊЕ подразбирам целосна предаденост, целосна конекција и нешто трајно, бесконечно. А така може да се ИМА само една жена“ - споделил Џамбазов на својот Инстаграм. Оние, неискусните фраери и помладите  девојчиња веднаш ќе речат: „Леле, колку романтично... Браво“! Додека „старите мачори“ и „дамите со минат труд“ и во тоа романтично ќе најдат нешто симптоматично, па ќе се подзамислат, сомничаво анализирајќи го постот во дилема и недоумица: Дали тоа шоуменот целосно искрено „се отвори“ или само сака на сегашнава, „отворено и јавно“, дополнително да и се додвори? Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov
     ]]>

Македонските јавни личности во дилема: Пари или моќ… Или можеби обете одат заедно? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-vo-dilema-pari-ili-mokj-ili-mozebi-obete-odat-zaedno-video/ Thu, 29 Jul 2021 07:25:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213073

Луѓето најчесто се однесуваат според некои зададени и поставени норми. Но дали е тоа вистинското лице, вистинскиот карактер на секоја личност? Велат, стави го човек во одредена ситуација и тој ќе го покаже карактерот, ќе се открие каков е навистина. Дај му слава, моќ, позиција, пари... и ќе му го видиш паметот. Дали е тоа тој  што го познаваш или можеби бил мајстор на мимикријата, „волк во јарешка кожа“, како што вели една стара поговорка. Но во сето ова стои и констатацијата дека луѓето кога ќе почувствуваат слава, моќ, пари... се менуваат! Но, што ако сте веќе славни или барем доволно познати, а немате баш многу пари ниту моќ, не барем како некои други од соседството или светот, како што е случајот на пример со нашите естрадни, спортски, актерски, водителски, манекенски... ѕвезди, односно јавните личности воопшто. Македонија е „примамлива сцена“, но мал пазар... Конкуренцијата е огромна, зашто неа ја прават и нашите и оние ѕвезди кои доаѓаат однадвор, а финансиската моќ на народот е таква каква што е... Па, пари нема за сите, или поточно, добра заработка  има само за оние - најголемите, а тие најчесто доаѓаат однадвор! Или како што некој рече: „Мала бара, ама полна крокодили...“! Но, што ако ви се понуди можност за дебела заработка или голема моќ? Што ќе одберете? Кое добро? Или кое од „двете зла“? Помалото? Се' или нешто? - прашање е сега, а било и секогаш! Токму на оваа тема, куса анкета меѓу македонските јавни личности направи најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, за да видиме како размислуваат познатите, кој предизвик би го прифатиле, со кое искушение попрво би се соочиле: Голема моќ или многу пари? Погледенете и слушнете ги нивните размислувања, констатации, одговори... во видеото во продолжение: ]]>

Катарина Ивановска пред хамлетовска дилема: На Ева Херцигова наликува или е иста Линда Еванџелиста, прашање е сега? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/katarina-ivanovska-pred-hamletovska-dilema-na-eva-hercigova-nalikuva-ili-e-ista-linda-evandzelista-prashanje-e-sega-foto/ Fri, 07 Aug 2020 08:11:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162223

За разлика од многу жени, кои по породувањето се борат со вишокот на килограми и се обидуваат на секој начин да ја вратат формата од пред бременоста, македонската манекенка и модел Катарина Ивановска изгледа нема таков проблем. Виткото тело, тенката линија и откако стана по втор пат мајка, се нејзиниот заштитен знак... Се разбира, покрај „ангелскиот лик“ на кој му стои секаква шминка, а Бога ми и фризура или поточно боја на коса!? Дека тоа е така покажа последните фотографии кои Кики (како што пријателите ја викаат) ги сподели на својот Инстаграм, кои кај нејзините обожаватели и следбеници предизвикаа хамлетовска дилема: На кого личи Катарина како русокоса, со перика на глава, на чија тоа слава потсетува, прашање е сега? На Ева Херцигова наликува или е иста Линда Еванџелиста? Кој ја следел светската музичка сцена и спотовите на познатите пејачки ѕвезди во 90-ите, веднаш ќе се сети на Џорџ Мајкл и неговиот мега хит „Freedom“,  во чие видео се појавуваат неколку од светски најпознатите манекенки.  Главна меѓу нив и таа - тогаш во зенитот на славата и популарноста, Линда Еванџелиста. Токму спотот на покојната поп ѕвезда помогна да се расчисти дилемата, за јавноста да не биде во недоумица како во турска сапуница, на кого повеќе личи „нашево девојче“ како русокоса со перика на глава, на чија тоа потсетува слава?! Одговорот гласи:  Многу слична, ако не и иста - Линда Еванџелиста! Впрочем, погледенете го видеото за потсетување, па самите заклучете дали „држи вода“ ваквото споредување? https://www.youtube.com/watch?v=diYAc7gB-0A]]>

Среде свадба, Лила во дилема: Да го фаќа бидермаерот или не, па брзо откри што и кој и лежи на срце?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/srede-svadba-lila-vo-dilema-da-go-fakja-bidermaerot-ili-ne-pa-brzo-otkri-shto-i-koj-i-lezi-na-srce-video/ Mon, 21 Oct 2019 08:08:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113569

Лила Филиповска беше на свадба. Не на своја -  кај свои пријатели. Еднаш, па уште еднаш... Сите бевме убедени дека и е доста од сопствени свадби. Арно ама, по се' изгледа дека не ќе е така. Водителката очигледно понесена од свадбената атмосфера и штимунгот што го направи музиката каде главна ѕвезда беше познатиот скопски забавувач  Жаре - „Бербер“, почна да размислува поинаку од досега. Како и растеше расположението, така се' повеќе и работеа емоциите, па откако музиката и ја погоди песната, водителката среде чочек запеа заедно со „Береберот“, па несакајќи откри „што и лежи на срце“. Имено, како свадбата течеше се наближуваше и моментот кога невестата треба да го фрла бидермаерот, по кој Лила вообичаено „не трча“, ама сега... Како да и влезе некој црв, да и подзаигра срцето, па во неа почна да се буди желба за... „трета мајка“!  Среде свадба Лила во дилема:  „Да го фатам бидемаерот, или... не?“ Обавезно или никако?   „Треќа - среќа“ или „мачка во вреќа?“  Вистинска желба или само моментална слабост на водителката? За да не биде дека донела погрешна одлука набрзина, Лила побара совет од своите обожаватели и следбеници на Инстаграм. Не дека веднаш ќе го добие одговорот, ама барем кога другиот ден ќе ги собере гласовите,  да „не и е криво“! Во меѓувреме, Лила сепак реши да земе парче од „невестинската торта“, кое им следува на сите немажени девојки за „да ги фати маја“, па што побргу и ним да им дојде редот за мажачка. Своето парче торта Лила си го кркна како „поп сарма“, па кај мажите го запали црвениот аларм: „Земав торта, мислете му ја!“ До душа, некој ќе се радува, а некој нека му ја мисли... Зашто Лила си кажа „што и лежи срце“... Уште да каже и кој?! Всушност и кажа... Низ песна! Ти, ти, само ти...!!!
 
View this post on Instagram
 
????? #wedding #sunday #sundayfunday #happiness #love #friends

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on