дилбер стана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Oct 2023 09:12:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дилбер стана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската традиција вткаена во фестивалот: Бојана Скендеровски како „Дилбер Стана“ – на „Макфест 2023“ носеше креација инспирирана од романот на Стале Попов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-traditsija-vtkaena-vo-festivalot-bojana-skenderovski-kako-dilber-stana-na-makfest-2023-noseshe-kreatsija-inspirirana-od-romanot-na-stale-popov-foto/ Tue, 24 Oct 2023 07:39:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323529

Годинешното 38. фестивалско издание на „Макфест 2023“ не помина без двократниот победник на единствениот фестивал на забавна музика кај нас - Бојана Скендеровски, која на сцената ја донесе одличната тема „Да те немам“. Станува збор за брза, клубска песна чии аранжман и музика ги потпишува самата, додека текстот е дело на Робин Зимбаков.   Песната е во малку поинаков стил, но некако сакав на мојата публика да ѝ приредам мало освежување, а воедно сакав да донесам и нешто ново и поразлично и во мојот репертоар“, вели Бојана и открива дека нема да застане тука. Веќе наголемо, вели, се работи на нови песни, се размислува за дует, солистички концерт, а, секако, тука е и проектот „Македонијо во срце те носиме“ кој продолжува напролет. Освен што на сцената донесе стилски поразлична песна, Бојана се потруди и комплетниот настап и појавувањето да биде уникатно и впечатливо. „За мојот изглед овој пат беше задолжена Ивана Кнез, која инспирацијата за креацијата ја најде во приказната од романот „Дилбер Стана“ на Стале Попов – девојка заробена во прекрасна гардероба и сопствени соништа во копнеж и мечта по љубов. Бисерите како заштитен знак на Ивана Кнез симболизираат моќ за трансформација на негативното во позитивно, кога од проблем се создава волшепство исто како што школката од зрно песок го создава бисерот. Со вера, надеж и љубов, од жена за жени...“ - раскажува Бојана и вели дека и таа како во приказната за бисерот ќе се труди и понатаму да создава волшебства. Бојана е двоен победник на Макфест – прв пат во 2003. година кога ја отпеа темата „Немам одбрана“ и втор пат во 2015 г. кога триумфираше со „Диви цветови“. Уживајте во „Да те немам“ и бидете подготвени за новитетите што следуваат од Бојана: Фото:  VoStip.mk]]>