дијаспора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Mar 2023 10:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дијаспора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не можеа да го дособерат бакшишот: Нашите фолк – ѕвезди викендов ги забавуваа македонските иселеници (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mozhea-da-go-dosoberat-bakshishot-nashite-folk-zvezdi-vikendov-gi-zabavuvaa-makedonskite-iselenitsi-foto/ Mon, 13 Mar 2023 10:02:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292914

Викендов македонските иселеници несомнено уживаа во македонската музика, а за тоа се погрижија дел од нашите најголеми или во моментов најпопуларни фолк - ѕвезди. Тие  направија одлична забава за македонската дијаспора, а за тоа се пофалија на нивните профили на социјалната мрежа „Инстаграм“. Атмосферата насекаде каде што настапувале била прекрасна, а пејачите презадоволни и со полни раце бакшиш. Сузана Гавазова имаше настап најпрво во Мерхтем, општина која се наоѓа во белгиската покраина Фламански Брабант, а потоа заминала и во Брисел. Атрактивната струмичанка  со видео „стори“ покажа полна сала која ечеше со македонска песна. Облечена во најкраткото фустанче, во едната рака го држеше микрофонот и банкнотите, а во другата држеше полна рака бакшиш, па со нејзината објава го долови амбиентот и еуфоријата која владеела таму. Татјана Стефановска настапуваше во Штудгарт, Германија, а пејачката неуморно пееше и играше меѓу задоволната публика која крената на нозе вртеше оро на македонската музика. Марија Луиса Тодоровска настапи во Гомисвалд, општина во Валкрајс во кантонот Сент Гален во Швајцарија. Битолчанката објавила селфи од себе прд настапот... ...Па ја покажала и преполната сала на Инстаграм, а објави и фотографија од автомобилот каде покажа и дел од  снежната идила. Елена Велевска  викендов пееше во Гампелен, Швејцарија, додека во салата гордо се вееше македонското знаме, момент кој пејачката го долови со нејзината селфи камера. Македонскиот пејач Благоја Груевски објави  фотографија заедно со пејачката Елена Велевска каде покажа дека  патуваат од Шајцарија до Италија за таму да ја продолжат турнејата, заедно со дел од новосоздаденото друштво "Амицизиа" во Равена. Ова беа само дел од нашите фолк - ѕвезди кои викендов ги забавуваа македонските иселеници, кои пак беа пресреќни што можеа да се дружат со нив, а пејачите...? Пејачите презадоволни оти не можеа да го дособерат бакшишот! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук  ]]>

Додека Бујар Османи изигрува „НАТО стратег“, Хелена Роза откри дека нашите иселеници во дијаспората повеќе од една година не можат да си ги продолжат пасошите: „Министре, како ли мирно спијете… како не ви е срам на сите вас“? https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-bujar-osmani-izigruva-nato-strateg-helena-roza-otkri-deka-nashite-iselenici-vo-dijasporata-povekje-od-edna-godina-ne-mozat-da-si-gi-prodolzat-pasoshite-ministre-kako-li-mirno-spijete-kako-ne/ Mon, 19 Apr 2021 08:14:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199476

Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза веќе неколку години заедно со своето семејство живее на Нов Зеланд. Иако оддамна ја нема на ТВ екраните како водител, таа е активна на социјалните мрежи, каде знае да објави по некоја скокотлива фотографија,  но овој пат нејкзината објава е од сосема поразличен карактер, а тоа Хелена го направи од сосема поинаква причина. Имено, иселениците од дијаспората  имаат огромен проблем да добијат нови македонски документи, поточно да си ги обноват истечените патни исправи. Додека министерот за надворешни работи Бујар Османи наместо да води грижа за надворешната политика на земјата што го плаќа и нејзините иселеници, тој споделува твитови за солидаризација со една од големите светски велесили давајќи си сопствена важност во меѓусебните односи на САД и Русија. И додека тој „глуми НАТО стратег“, покажувајќи „храброст од фотелја“ скриен како „глувче зад слон“ упикувајќи му се на стратешкиот НАТО партнер, иако никој од него не побарал таква поддршка,  македонските исленици повеќе од една па и две години, мака мачат да си го продолжат својот македонски пасош, што им создава многубројни проблеми. Откако очигледно владата, ресорниот министер, амбасадите и нивните „заспани служби“  останаа глуви на сите обиди и молби на иселениците да го решат овој нивен горлив проблем, што всушност е елементарно човечко и граѓанско право, Хелена Роза упати јавен апел преку сопцијалните мрежи, поточно прку својот Фејсбук профил. Во него таа ги повика сите добронамерни луѓе да го споделат нејзиното обраќање, во името на македонските државјани кои живееат и работат во странство - Македонската дијаспора, но и јавно ја прозва владата, амбасадите, министерот Османи... Проблемот на Хелена Роза и Македонците кои живеат во Нов Зеланд не е единствен. Социјалните мрежи вријат од „неажурноста“, неподготвеноста и нељубезниот однос на „заспаната и арогантна“ администрација по амбасадите и конзуларните преставништва ширум светот, која Македонија ја плаќа од својот буџет, од парите на нејзините граѓани, а таа обичните едноставни процедури за издавање на било каков документ, ги прави комплицирани и сложени, одолговлекувајќи ги со недели и месеци, а како што слушаме и години... Наместо да добијат едноставна услуга, иселениците се соочуваат со „невозможна мисија“.      ]]>

Евровизиски поглед од зад „шарениот политички витраж“ https://arhiva.vistina.com.mk/evroviziski-pogled-od-zad-shareniot-politichki-vitraz/ Tue, 21 May 2019 12:41:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88945

„Настапот на Тамара на последното издание на Евровизија во Израел го остави популарниот музички свет воодушевен: речиси се неподелени оценките на многу европски музички експерти дека таа ја имаше една од најдобрите песни на фестивалот, во секоја смисла, вклучувајќи ја не само нејзината пејачка интерпретација, туку и нејзиниот сценски и, воопшто, целосен настап на оваа меѓународна гала манифестација“  – пишува новинарот  на 1ТВ и колумнист Сашо Орданоски  во својата последна колумна насловена:  „Тамара во челустите на политиката“ за Цивил медиа.мк!
И ако не  100%, барем  80-90%  е така. Недостасуваа детали врзани за  осветлувањето, анимациите во видео делот, кореографија, придружните вокали кои не ги ни видовме во преносот, па слободно можеа да бидат и снимени во матрицата за да не правиме фазла трошоци, кога веќе не ги покажавме... На Евровизија постојано водиме екипа  и со неа  „100 беспотребни приврзоци“, а не носиме режисер кој ќе го осмисли и режира пакет -перформансот во тие 3 минути на сцената! Но, тоа е друга тема на муабет... Останатото беше маестрално и апсолутно кореспондира со констатацијата на Ордановски. Она што не е „црно-бело“ , поточно многу повеќе „црно“ отколку „бело“, а  Ордановски се обидува да ни го претстави „во боја“, секако гледано низ призмата на неговите „розови очила“ , се неговите немузички анализи „во челустите“ на неговата  колумна. Англичаните ни дадо 12-ка, а  „Би – Би – Си“  излезе со неколку свои констатации. Едната од нив  и онаа дека оние кои не знаеле каде географски се наоѓа нашата земја, вечерта научиле.  Очигледно, некој ептен споро учи...  Или барем баеги заостанува. А, тоа што тие ја измислиле поп музиката, ништо не значи. Да значеше, не ќе беа  последни! Впрочем,  истиот  тој  „Би-БИ-Си“ и  си го призна самиот тоа. Дека таканаречената „Голема евровизиска четворка“, оддамна веќе не е (толку) голема... Нивниот пласман, само ја потврди тезата.
А, признаа и уште нешто, што е многу поважно:  Дека Евровизија не може без политика! Таму, ама и дома! Се согласуваме дека е навредливо и недоветно да го славиш фактот дека таа вечер Тамара не победи само затоа што пееше за Северна Македонија, а при тоа истата таа Тамара го направила најголемиот успех за татковината. Та како и таа да се вика, по твоја волја или не, крстена како што сакаш, или прекрстена како што несакаш...  Таа е, твоја е! Наша! Македонија! Ама исто така е недоветно и уште посрамно да удриш со сета сила и жестина по оние кои не мислат како тебе, та биле дома или од дијаспората. Да биде уште пострашно, Ордановски ги заплеска само Македонците иселени од Македонија. Па нели сме мултикултурно општество,   исполнето со богатството на „прекрасниот витраж“ ( Папата Франциск –н.з.) што го претставува секоја современа, победничка државна заедница на граѓани? Тогаш зошто само кон Македонците иселени од Македонија го вперуваш прстот за „целата таа националистичка фрустрација?“  Зарем ширум Европа се немаат иселено и стотици илјади Албанци, на пример,  од заедничката татковина? Каде е тогаш нивниот  „патриотски“  СМС глас за Тамара? Или тие си гласаа за својата претставничка од Албанија? Зарем таковината не е заедничка за сите, па и за нив? Или тие заминале на гурбет од мака, а Македонците од  фрустрација? Или пак тука имаме „лична математика“  и овие факти е подобро да ги премолчиме, па најдобро е да удриме по оние кои никако не ни се вклопуваат во „математиката“?  Овие другите, исто така се тука кога треба да се гласа... Ама не на Евровизија, туку на избори! Само тогаш кога треба да се подели власта се вади „шарениот стаклен витраж“  полн со мултиетничко и мултикултурно шаренило?  Вака, кога  витражот се сведува на поглед- секој во своето огледало, најдобро е плукнеш во него. Ама ако подобро погледнеш, така плукаш и во својот одраз или поточно по себе! Конечно, можеби Македонците не гласаа за Северна Македонија, зашто пред да замнинат од Република Македонија  ги слушаа(т) само Лукас, Цеца, Јеца...? Зашто освен „Гранд“ и „Пинк“,  друг тип на забавно-музички шоуа и емисии од домашен карактер не им понудивме. Оти нема простор од  бесконечните турски серии и Вашите секојдневни, убиствено здодевни дебати... Речиси на сите национални телевизии!
„Чудна е оваа 2019 година. Македонија и Тамара шампионски поминаа на Евровизија“ – заклучува Ордановски. Како прв пат да ја откриваме Тамара која во оваа „прекрстенава“ како и во онаа „крстената“ Македонија егзистира цели 25 години на естрадната сцена и по трет пат се појавува на Евровизија. Ама како што вели и „Би-Би- Си“ – Евровизија не може без политика. Таму, ама и локално – дома. Па така, на успехот на Тамара и евровизискиот тим им се пришлепа половина влада. Немаше чочек, ама затоа имаше аеродромски дочек на пејачката од страна на министрите.  За први да се пофалат со големиот евровизиски успех на „Северна Македонија“... Демек видете, одма е друго... Ни тргна! Не дека ова не е успех, туку е и досега најголем, ама сите нас ќе остане да не мачи една голема недоумица: „Ќе беше ли ист пласманот на Тамара и евровизискиот тим, доколку се’ беше исто: и песната и екипата и пејачката и настапот..., а само името на државата и натаму „нерешено“ во спорот со јужниот сосед? Ќе ни делеа ли тогаш Британците и останатите „велики“ сили 12-ки како од ракав, ако и натаму бевме F.Y.R. Macedonia?  Или ова е само естрадно-забавното парче од „колачот на благодарноста“ на Европа кон нас, за спуштените гаќи? Пардон, за свитканата кичма?!“
Да, како што резимира Ордановски, веројатно и формално ќе станеме членки на НАТО. Оти им требаме. Беспрекорно го дочекавме Папата во Скопје. Прашање е само зошто Папата дојде токму сега? На демократски избори за прв пат добивме неоспорен претседател на Републиката... Секако, со по кој знае кој пат „гласовите од витражот“. Оти без нив, ќе беше претседателка! Датумот за почеток на преговори со ЕУ ни се насмевнува годинава… Иако шансите повторно да останеме „насмеани“ се исто толку големи! Ако се случи и Нобеловиот комитет да се истакне во декември, 2019 ќе влезе во Гинис за Република Северна Македонија. А и не мора... Зашто ние веќе сме во влезени во Гинис, како единствен пример во светот: Земја што самата себе си си го сменила името, си се „прекрстила“, против волјата на народот! Па, кој сака да сече вени – бујрум!  Кога веќе  „не се сечеа глави“... на време! Се разбира, не со гилотина!
 ]]>