дијана гогова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Feb 2021 07:29:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дијана гогова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се породи водителката на утринската програма на МТВ: Дијана Гогова на свет донесе машко детенце кое доби необично име (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-voditelkata-na-utrinskata-programa-na-mtv-dijana-gogova-na-svet-donese-mashko-detence-koe-dobi-neobichno-ime-foto/ Fri, 05 Feb 2021 07:47:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188347

Неа ја знаеме долги години како телевизиско лице, новинар и ТВ водител во националниот сервис – МТВ. Згодна, убава, привлечна, атрактивна… вистинска дама. Дијана Гогова заедно со колешката Кристина Талеска Големтеова, со години се и ударна двојка и заштитни лица, своевиден трејд марк на утринската програма на Македонската телевизија (МТВ) – „Македонија наутро“. Убавата ТВ водителка која долго беше најпосакувана мома, кон крајот на минатата 2020 година стана сопруга, а деновиве за прв пат и мајка. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-dijana-gogova-beshe-nevesta-foto/ Имено, таа и нејзиниот сопруг Александар деновиве за прв пат се реализираа како родители, а Дијана на свет донесе машко дете, кое доби барем за македонски околности, мошне необично име. И тоа не било кое, туку според лик од најчитаната книга на светот - Библијата, по човекот кого Бог го избра да го спаси опстанокот на светот... Малечкиот убавец го доби името Ноа! Среќната мајка која уште претходно објави фотографија дека е во последните месеци од својата бременост, овој пат среќната вест не ја објави со фотографија од себе или своето новороденче тукку среќната вест ја обзнани на својот Фејсбук профил илустрирајќи ја со фотографија која носи универзална порака: три раце, две на брачни сопружници со бурми на рацете и рачето на приновата како симбол на заедништво и круна на создавањето на едно ново семејство! „Момче, ох, момче е и е совршено... Добредојде Ноа!“ - напиша пресреќната мајка. Разбирливо, на честитките од најблиските, пријателите и колегите им немаше број, се нижеа како нишка од бисери, посакувајќи му добредојде на малечкиот Ноа на овој свет, и честитајќи и го на мајката или на обата родители проширувањето на фамилијата! На местото на Дијана во утринската на МТВ сега е колегата Ване Марковски, која ја менува водителката додека таа е на трудничка пауза. Но, затоа пак во семејството Атанасови, како што сега гласи новото, односно додаденото (кон нејзиното) презиме на водителката, сега чука уште едно ново срценце. Она најмалто, најдрагото, најсаканото, срцето на нивното новородено синче, малиот Ноа. Нека им е жив и здрав, среќен и успешен и цел живот мама Дијана и тато Александар да ги прави горди родители!    ]]>

Се омажи уште една македонска ТВ водителка: Дијана Гогова беше невеста! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-dijana-gogova-beshe-nevesta-foto/ Tue, 27 Oct 2020 08:18:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173063

И покрај тоа што коронавирусот и пандемијата ни го свртеа животот наопаку, комплетно не изместија од колосек, ни го донесоа таканареченото „ново нормално“, што всушност колку до вчера беше „ненормално“, сепак животот и понатаму продолжува да тече. Во „новото нормално“, некои стари работи сепак за среќа не исчезнаа и веројатно никогаш и нема. Љубовта, заедништвото, семејството и семејните вредности... сега ни се потребни повеќе од било кога, па затоа и покрај Ковид 19 експанзијата, сите препораки, мерки, протоколи, забрани... на луѓето  никој не може да им го одземе елементарното право... на заеднички живот! Неа ја знаеме долги години како телевизиско лице, новинар и ТВ водител во националниот сервис - МТВ. Згодна, убава, привлечна, атрактивна, сексапилна... вистинска дама. Заедно со колешката Кристина Талеска Големтеова, со години се и ударна двојка и заштитни лица, своевиден трејд марк на утринската програма на Македонската телевизија - „Македонија наутро“. Дијана Гогова, убавицата која им ги разведрува утрата на гледачите на националниот сервис конечно стапна на лудиот камен. Во рамките на пропишаните мерки, препораки и протоколи, тивко и ненаметливо каква што е и самата таа, без никаква медиумска помпа, во најтесниот круг на најблиските Дијана, која долго беше една од најпосакуваните девојки од ТВ етерот,  го кажа судбоносното - ДА! Во бел едноставен, но елегантен невестински фустан, со букет врака и под рака со својот избраник Александар, го обавија чинот на венчавката во еден од македонските православни храмови во Скопје. Запловувањето во новите животни води, оние- брачните, младите заедно со најтесниот круг на блиски и пријатели го одбележале во еден познат скопски ресторан... Без свадби од 300 луѓе, без трубачи и плех музика, беспотребни чалами... Тивко и скромно, но со многу љубов. Онака како што налагаат моменталните прилики, но и како што им доликува на едни цивилизирани интелектуалци. Дури ниту на социјалните мрежи невестата не се пофали премногу со чинот на влегување во новиот, заеднички живот...   Освен две-три фотографии и датумот на нивниот брачен „ден - Д“ - 22-ри октомври 2020 година и еден емотикон во вид на срце. Големо и заедничко, кое отсега ќе чука само за нивното нив двајца како брачна двојка, како маж и жена, како семејство... И секако, за нивното идно потомство! Нека е благословена новата брачна заедница... Среќни и вечни!  ]]>