дијамнтска сензација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Sep 2018 09:35:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дијамнтска сензација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба ја немаше на модното шоу на „Сара Фешн“: Заштитното лице на брендот не се појави на „Дијамантската сензација“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-ja-nemashe-na-modnoto-shou-na-sara-feshn-zashtitnoto-lice-na-brendot-ne-se-pojavi-na-dijamantskata-senzacija-foto/ Fri, 14 Sep 2018 08:59:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47985

Македонската поп пејачка Викторија Лоба, чија кариера последниве две години имаше „скок од седум милји“, лани беше избрана за заштитно лице на  еден од најпознатите македонски брендови за долна облека, ноќници, чорапи, хулахопки, пижами, костими за капење… „Сара Фешн“!
Градските билборди, излозите, магазините, интернет порталита, а Бога ми и социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од пејачката, облечена во моделите на споменатиот бренд.
Ликот на Лоба ви се смешкаше или ги скокоткаше машките мечти, кога ќе ја видевте пејачката провокативно облечена токму во некое парче долна облека или костим за капење на македонскиот бренд, како сензуално го носи на себе.
Изборот на заштитното лице очигледно беше полн погодок. Така барем изгледаше рекламната кампања.
И кога дојде денот, токму „Сара Фешн“ да ја стави јаготката на шлагот со својата голема модна ревија насловена „Дијамнтска сензација“, која беше уште и  поврзана со „враќањето на ѕвездата“, ТВ магазинот „Бекстејџ“ и неговото повторно враќање во македонскиот телевизиски етер, „дијамантот“ во „сензацијата“ никаде го немаше!?
Кога сите очекуваа дека токму Викторија Лоба - заштитното лице на брендот кој со нејзиниот лик успешно ја градеше приказната, дека ќе запее на сцената која во случајов беше и модна писта, таа едноставно не се појави на нивната голема, гламурозна, славеничка модна ревија - „Дијамантска сензација“! Наместо неа, таа улога ја имаше Јана Бурческа!?
За да биде мистеријата уште поголема, распеаната русокоса Русинка со македонски пасош, ја немаше ниту меѓу присутните гости на забавата? Поканети или непоканети, сеедно!
Дали тоа, сексапилната блондинка си ги одработи спонзорските обврски кај македонски бренд и толку? Ама дури и да е така, останува нешто белким и потоа? Или „тиквата пукнала“ уште пред тоа, па соработката завршила неславно? Или можеби Лоба во моментов не беше во земјава, па  „заштитното лице“ не можеше да ги стави „своите усуги“ на располагање, тогаш кога најмногу му требаше на брендот од чиј асортиман на облека не излезе цела година?  Одговорот го должат, обете страни!
Како и да е едно е сигурно: пејачката ја немаше на „Дијамантската сензација“, а според многумина токму Лоба беше „дијамантот“ чие отсуство фрли сенка на гламурот со кој брендот таа вечер дефилираше.
А токму таа беше и „скапоцениот камен“ во нивната последна и се чини најголема рекламна кампања до сега!
Останува прашањето, дали  ѕвездата ќе се врати? Кај оние што ја избраа за нивно заштитно лице!
]]>