дибиров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 May 2018 09:38:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дибиров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дибиров и Македа добија своја „копија“ во две познатите македонски фаци! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dibirov-i-makeda-dobija-svoja-kopija-vo-dve-poznatite-makedonski-faci-foto/ Tue, 01 May 2018 07:28:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24105

Ракометарите на „Вардар“ направија уште еден спортски подвиг! Сами меѓу трите француски екипи на претстојниот фајнал фор во Лигата на ракометните шампиони. Македонската публика како и секогаш беше вардаровиот „осми играч“! Мотивирачки  Х-фактор на ракометните великани. Атмосферата во салата уште пред натпреварот помеѓу Вардар и Кил, беше збогатена со емотивен момент. Навивачите на Вардар, популарните „Комити“ во еден глас, заедно со грлото на Стефан од „Некст Тајм“, ја пееја познатата  „Ја излези Ѓурѓо“. https://www.youtube.com/watch?time_continue=58&v=DmKI-Z2pB5w Спортскиот центар „Јане Сандански“  громогласно ечеше заедно со пејачот, по што следеше грмогласен аплауз за величествената изведба, но и велечиствената атмосфера што ја направија навивачите. Вардар и покрај минималниот пораз оди меѓу четирите најдобри во Европа. А двајца од неговите ракометари добија свои двојници. Имено, по маестралната изведба на „Ја излези Ѓурѓо“ заедно со вардаровите „Комити“, пејачот на „Некст Тајм“ во друштво на својот близок пријател, македонскиот атлетичар Александар Кираџиев направи шега на своја, т.е. нивна сметка.
Стефан се фотографираше со својот другар - маратонец, па објавената фотографија ја постираше на сопствениот Фејсбук профил и покрај неа напиша: „Дибиров и Македа“, очигледно асоцирајќи на физичката сличност на вардаровите асови со неговата и онаа на неговиот другар!
Дека личат, личат, ако не друго барем во имиџот... Можеби не се баш нивни двојници, иако од посочената фотографија е јасно кој е чија „копија“!?
   ]]>