Диаверум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 10:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Диаверум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Диаверум клучен учесник во прва ренална експертска академија во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/diaverum-kluchen-uchesnik-vo-prva-renalna-ekspertska-akademija-vo-makedonija/ Fri, 03 Nov 2023 10:39:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325286

Повеќе од педесетина експерти од Шведска и Македонија учествуваа на првата ренална експерстка академија во организација на Министерството за здравство, Шведската амабасада и мултинационалната организација за здравствена заштита Диаверум. На Академијата, тие споделија нови сознанија и добри практики за подобрување на реналната нега на пациентите во двете земји. Експертската академија ја отвори министерот за здравство, Фатмир Меџити, според кој хроничната бубрежна болест е ургентен здравствен предизвик во Европа кој погодува милиони луѓе и ги оптоварува здравствените системи.
„Според регистарот на Европската Ренална Асоцијација, инциденцата на нови пациенти на хемодијализа е околу 160 - 180 на милион жители за нашата држава. Во време на Ковид кризата, смртноста на пациентите на хемодијализа, хоспитализирани на одделите за ковид пациенти, се движеше околу 20 - 25%. Тоа укажува дека овие пациенти се со висок ризик за морталитет, со многу придружни заболувања и со особена потреба да се стават во приоритетните групи на третман во здравствениот систем“, посочи Меџити.
Министерот Меџити објасни дека Академијата е можност преку разговори, дебати и размена на искуства, експертите придонесуваат да се подобри квалитетот на здравствена грижа на пациентите. „Шведска со години наназад дава поддршка на нашата земја во размена на знаења и искуства, со што Северна Македонија е активен партнер за натамошно осовременување на здравствените услуги. Нашите две држави во сферата на здравството имаат исти приоритети. Посветено работиме на тоа здравствените услуги да бидат достапни за сите, инсистирајќи да се запазат најсовремените медицински протоколи“. Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик, кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. Првенствено е предизвикана од болести на животниот стил, како што е дијабетесот и распространетоста се зголемува, особено во земјите во развој и меѓу поединците со ниски приходи. Во Северна Македонија, околу 10% од населението се погодени од ХББ. Фернандо Макарио, извршен медицински директор за Диаверум групацијата, во своето обраќање на Академијата, вели дека иако Диаверум се присутни во 24 различни земји, Северна Македонија е една од врвните земји каде се врши многу квалитетен третман за хронични бубрежни пациенти на дијализа.  „Сепак, се разбира дека има работи што може да се подобрат. Една од работите што можат да се унапредат е пред-дијализното следење на пациентите. Со зголемување на капацитет во предијализно следење може да ја одложиме прогресијата на болеста и да ја подобриме состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации. Тоа се двата клучни критични аспекти за подобрување на грижата за бубрезите во Северна Македонија во овој момент“. Димитар Клисаровски, извршен директор за Диаверум во Северна Македонија, истакна дека Академијата е  доказ дека за краткиот период колку што Диаверум е активен во земјата, нашата култура на вистинска нега и холистички пристап кон бубрежната нега веќе имаат значително влијание. „Со нетрпение очекувам да бидеме силен и стабилен партнер кој помага во обликувањето на идната ренална грижа во Северна Македонија", вели Клисаровски. Н.Е. Ами Ларсон Џејн, амбасадорка на Шведска во земјава, рече дека одржувањето на реналната академија е првиот чекор во долгорочната здравствена партнерска програма за борба против хроничната бубрежна болест. „За да создадеме промени, треба да имаме холистички пристап, каде што Владата, болниците, индустријата и академијата работат партнерски. Со веќе воспоставени деловни интереси и реномирани експерти во областа, Шведска со задоволство има улога во собирање на претставници од сите овие четири полиња. Академијата е резултат на одличната соработка помеѓу Шведска во форма на Бизнис Свиден и Амбасадата и нашите партнери во Министерството за здравство“, рече Ларсон Џејн. Од влегувањето на македонскиот пазар на крајот од 2018 година, Диаверум стана еден од водечките провајдери на бубрежна нега во Северна Македонија, со вкупно 9 клиники и повеќе од 250 вработени кои се грижат за над 700 пациенти низ целата земја.]]>

Дигиталната иновација ја поттикнува грижата за бубрежно болните пациенти во Диаверум https://arhiva.vistina.com.mk/digitalnata-inovacija-ja-pottiknuva-grizata-za-bubrezno-bolnite-pacienti-vo-diaverum/ Fri, 09 Sep 2022 08:53:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266106

Технологијата се повеќе навлегува во светот на медицината. Комбинацијата на човечкиот фактор и современите технолошки решенија го стандардизираат третманот, овозможувајќи индивидуален пристап за секој пациент. Диаверум, водечки глобален снабдувач на услуги за бубрежна нега, е решен да игра клучна улога во овој процес на глобално и на локално ниво. Диаверум Северна Македонија обезбедува бубрежна нега која го подобрува животот откако влезе на пазарот во 2018 година. Денес, 250 вработени се грижат за над 660 пациенти со хронична бубрежна болест (ХББ) низ 9 центри во Скопје, северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата.

Иднината на дигиталните иновации, денес

Диаверум тргнува на амбициозно патување да го претвори своето 30-годишно искуство со дијализа во дигитални решенија кои ќе обезбедат највисоки стандарди за грижа за своите пациенти. Голем број од овие решенија се веќе лансирани во Северна Македонија. d.CARE е систем за управување со информации поврзани со бубрежната нега на пациентот кој е целосно развиен од страна на Диаверум. Овој систем овозможува спроведувањето на процесите и подобро менаџирање на прескрипцијата на лекови во рамки на центрите, преку користење на огромна база на податоци поврзани со менаџирање на центрите, медицински извештаи, клинички процеси и администрација. Апликацијата за пациенти d.CARE овозможува пациентите на Диаверум да се вклучат во нивната здравствена заштита преку активна комуникација со докторите за нивниот третман, преку нивните паметни телефони или таблети. Заедно со оваа алатка се користи систем за вештачка интелигенција кој им помага на лекарите во обезбедувањето персонализирана грижа за пациентите. Дополнително, Treatment Guidance System (TGS) на Диаверум, кој моментално се инсталира низ сите центри во Северна Македонија, го поддржува медицинскиот персонал да се придржува до стандардизираните клинички процеси во сите нејзини центри. Преку таблетот кој е поставен до дијализното место, TGS собира и доставува информации во текот на целиот третман, во средина во која нема употреба на хартија и хартиени материјали, поточно во дигитализирана средина за корисникот.

Нов стандард за грижа за пациентите со ХББ

Заедно, овие иновации имаат потенцијал да отклучат невидено ниво на персонализирана, стандардизирана, ефикасна и висококвалитетна грижа за пациентите на дијализа во земјата, вели Димитар Клисаровски, Генерален директор на Диаверум Северна Македонија.
„Преку имплементација на овие дигитални решенија, обезбедуваме спроведување на стандардите за третман, притоа минимизирајќи ја можноста за грешка. Секој пациент, иако има свој индивидуален пристап кон лекувањето, ќе помине низ истата процедура на третман како што е пропишана. Таблетот ќе им помогне на нашите медицинските сестри да спроведуваат стандардизирана клиничка пракса, минимизирајќи ја варијабилноста во грижата и можноста за грешка“. Клисаровски додава дека „културата на Вистинска грижа на Диаверум во основата ја има мисијата да ги поттикне нашите пациенти и нивните најблиски, да живеат исполнет живот. Поради оваа причина, ќе продолжиме да пронаоѓаме технолошки решенија кои ќе го олеснат секојдневниот живот на луѓето со хронична бубрежна болест, како во Северна Македонија така и пошироко.“
]]>