џабе живиш у скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Mar 2023 11:05:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џабе живиш у скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Цеки инспирацијата од книгата на Ѕоф ја преслика во песна со истиот наслов – „Џабе живиш у Скопје“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tseki-inspiratsijata-od-knigata-na-zof-ja-preslika-vo-pesna-so-istiot-naslov-dhabe-zhivish-u-skopje-video/ Tue, 21 Mar 2023 07:17:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294278

Македонскиот кантавтор и пејач Зоран Рудан - Цеки, инспириран од урбаната книга на авторот Зоран Спасов - Ѕоф, која е вистински бестселер меѓу читателите во  македонската метропола, направи песна со ист наслов - „Џабе живиш у Скопје“. Цеки изјави дека инспирацијата за стиховите ја добил од содржината на книгата ана Ѕоф, а стиховите на песната се ултраносталгични пишувани на максималноавтентичен или што би рекле „хардкор“ скопски сленг, кој за жал, по „поскопјанчувањето“ на престолнината со напливот од провинцијата, е сленг во изумирање. Така на шега, Ѕоф и Цеки велат дека се едни од последните Мохиканци кои се борат за зачувување на автентичноста на „јазикот на урбаните скопски предци и нивните потомци“... Останатите и онака, џабе живеат у Скопје. Инаку песната „Џабе живиш у Скопје“ содржи три строфи и заразен рефрен, во кои Цеки го пресликал можеби најдоброто од животот на повеќе генерации стари скопјани. Во неа ќе се најдат многумина родени помеѓу 50-ите и 80-ите години на минатиот век. Видеото со кое визуелизирана песната е своевиден кус документарец полн со носталгични кадри и емотивни фотографии за Скопје од едно време, со сите негови специфики и особености, култни места, препознатливи локации, навики, мода, начин на живот... Сето она што некогаш бше обележја на главниот град.  Секој стих и кадрите од неколку секунди што го следат е своевидна приказна за себе за Скопје од 50-тите, 60-тите, 70-тите, 80-ите, 90-ите... и толку! Како сето тоа звучи и изгледа спакувано во едно 4-минутно „аудиовизуелно пакетче“ насловено „Џабе живиш у Скопје“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>