дезен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 09:46:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дезен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Карлеуша и Прија и наша Антониа: Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како моден тренд или комшиска имитација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-karleusha-i-prija-i-nasha-antonia-od-grlo-do-gluzhdovi-vo-leopardov-print-kreatsija-kako-moden-trend-ili-komshiska-imitatsija-foto/ Thu, 22 Feb 2024 09:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339687

Покрај песните и пеењето, однесувањето, изгледот, имиџиот... заедно со доброто менаџирање се пресудни за кариерата на еден естраден уметник. Особено за пејачките, кои покрај „златното грло“ би требале да поседуваат уште грст „златни нешта“ за да успеат, меѓу кои она што прво паѓа в очи е физичкиот изглед и секако стајлингот! Од фризура до обувки и се разбира гардеробата која ја носат на себе, зашто како што вели старата поговорка: „Руба краси, руба гнаси“ е особено изразена на естрадата! Таму мора да си впечатлив, уникатен, оригинален... да не изгледаш „евтино и петпарачки“, туку стајлингот да ти биде како „од милион долари“! Се разбира, секој/а не може да си  ги дозволи скапите брендови, ама затоа мора и може да си ги задржи оригиналноста и прилагоди вкусот на сопствениот физикус и комплетен изглед воопшто. Впрочем понекогаш и со поевтини модни парчиња, ако се добро вкомпонирани, може да се изгледа „холивудски“ иако на себе не носите скапи светски марки!
Сепак, многу често на естрадата се случува сакајќи да ги следат модните трендови, поедини естрадни ѕвезди случајно или намерно да бидат исто облечени во различно време и прилики!  Онаа што прва на себе ќе го исфорсира трендот е најчесто оригиналната, останатите што по неа ќе се променат во иста или слична комбинација се „бледа копија“? Или барем така сакаат да ги прикажат медиумите и обожавателите, иако можеби и не е баш така, зашто трендот е тренд и модата не е наменета само за една личност, ама сепак... Која прва ќе ја примени откако трендовски ќе се промени, таа е „модната кралица“, а останатите се само... „една од многуте по неа“! Токму една иста модна комбинација со животински леопардов принт е пример за тоа која е која на регионалната естрада кога е во прашање последната мода! Јелена Карлеуша во тој поглед важи за неприкосновена, па уште во почетокот на ноември минатата 2023-та, и овој пат беше првата која изгледаше како „дива мачка на вжештениот естраден подиум“! Од бунда од вештачко крзно со црни дамки... ...Преку длабоко деколтиран корсет и чизми до препони со истата шара, „белградската мала од скандала“ покажа дека и овој пат е уникат! Деновиве новата регионална фолк мегаѕвезда Александра Пријовиќ имаше серија концерти низ регионот. На еден од своите настапи во преполните сали во Хрватска, од грстот модни комбинации на сцената се појави во иста комбинација од леопардов принт, само малку стилски поразлична. Место корсет, деколтирано мини фустанче над колена, чизмите слични како кај колешката, а сето тоа надополнето со високи ракавици до надлактици, секако со истиот леопардов дезен! По Хрватска и Србија, дојдовме и до Македонија...  каде по Карлеуша и Прија вака „диво“ променета ја видоме и наша Антониа! Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како следбеник на модниот тренд или само комшиска имитација? Дилемата ви ја оставаме вам, кој како сака да го толкува овој стајлинг на Антониа, но едно е сигурно, дека и нејзе истиот ништо помалку добро не и прилега! Инаку, животинските дезени се нешто во што поретко ја гледаме Гиговска, но таа покажа дека одлично изгледа и во вакво издание. И покрај тоа што е закопчана до грло, Антониа изгледа мошне атрактивно и доволно провокативно за да ја разбранува фантазијата и дополнително поттикне возбудата на својот настап на кој вака се појавила. Патем,  креација е дело на македонската дизајнерка, кумановката Ива Спасовска и нејзиното модно ателје, а во која Гиговска исто така изгледа како „дива мачка“... Леопард, гепард или јагуар - проценете сами од шарата. Она што го пее меѓудругото на сцена, носи наслов - „Хиена“! Фото: Инстаграм/karleusastar/aleksandraprijovic/antoniagigovskaa
       ]]>

Дезен кој ќе го одбележи ова лето: Лесно се комбинира и одлично им прилега на сите жени https://arhiva.vistina.com.mk/dezen-koj-kje-go-odbelezi-ova-leto-lesno-se-kombinira-i-odlichno-im-prilega-na-site-zeni/ Wed, 14 Jul 2021 12:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211084

Женствен и елегантен, така би го опишале овој дезен. Тој лесно се комбинира, голем дел од жените го обожуваат, а оваа сезона повторно станува тренд број 1. Станува збор за точкестиот дезен. Тој секој ден e сè попопуларен, а во текот на ова лето ќе го гледаме на секој чекор. Ќе доминира на сите парчиња – од фармерки преку маици до долги фустани. Точкестиот дезен ја има таа моќ да го направи интересен секој стајлинг, а лесно се вклопува во речиси сите стилови и не е исклучиво резервиран само за романтичните комбинации. Црно-белата комбинација е класика која никогаш нема да излезе од мода, но оваа сезона се во тренд и малку посмели варијанти. Ние денеска ви претставуваме неколку интересни стајлинзи и предлози кои ќе ви покажат како можете да го носите овој тренд – погледнете: извор: точка.мк]]>

5 дезени што ќе ги гледате насекаде оваа пролет https://arhiva.vistina.com.mk/5-dezeni-shto-kje-gi-gledate-nasekade-ovaa-prolet/ Tue, 18 May 2021 14:00:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202491

Време е конечно да ги приберете зимските палта и џемпери и да ја прегрнете пролетта! Оваа сезона, модните дизајнери советуваат да носите повеќе додатоци, привлечни парчиња облека и да се потсетите на некои одамна заборавени стилови и дезени, а еве кои ќе бидат во тренд оваа пролет: Зебра принт
Можеби е во модниот свет со години, но тоа е оправдано затоа што овој дезен е класичен. Она што го прави безвременски е тоа што дава шик нота без многу напор. Комбинирајте го зебра принтот со чизми или со еспадрили и подготвени сте за пролетната сезона! Шаховска табла
 
View this post on Instagram
 
A post shared by natasha (@natashahmedx)

Обвинувајте ја серијата „The Queen’s Gambit“, но во изминатите неколку месеци, девојките направија „шах-мат“ кога е модата во прашање. Побарајте парчиња облека со правоаголни дезени, во две бои, кои потсетуваат на шаховска табла. Мермер
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Cartier Rose Surjan (@cartiersurjan)

Мермерот е земјена и помлада варијанта на дизајнот „tie dye“, популарна во 60-тите години на минатиот век. Во зависност од парчето облека и од пригодата, мермерот може да изгледа модерно, но и елегантно. „Тie dye“
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ellie Beatrice Joslin (@missjoslin)

Освен во шеесеттите години, овој дезен беше апсолутен хит и во деведесеттите години, а сега е повторно во мода. Оваа сезона комбинирајте го со тесни панталони или фармерки кои ги откриваат глуждовите. Цветен кич
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Olivia & Alice (@oliviaandalice)

Цветниот дезен од хипи ерата на шеесеттите години се врати во мода, но со малку помодерен изглед. Цветните дезени сега се комбинираат со уште посилни и поживописни бои. извор:попара.мк]]>

Што открива за вас бојата на маската што ја носите? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-otkriva-za-vas-bojata-na-maskata-shto-ja-nosite/ Tue, 07 Jul 2020 12:20:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157523

Модните дизајнери брзо се вклучија во борбата против ковид-19 и преку дизајнирањето маски заработуваат многу пари. Други ја искористија ситуацијата за да го искажат своето политичко мислење, па може да видите и маски со национални знамиња и пораки. Денес, маските откриваат многу за личноста што ги носи. Но, и оние што не носат маска испраќаат јасна порака дека се неодговорни, несоработливи и дека не можете да сметате на нив. 1. Смешна маска Ако веќе мора да се носи маска, тогаш нека биде интересна – така мислат луѓето кои секогаш имаат позитивен став кон животот. 2. Зелена маска Обична зелена маска купена од аптека носат луѓето кои се сигурни, приспособливи и одговорни. 3. Шарена маска Луѓето кои секој ден успеваат да носат маска во склад со гардеробата што ја носат, заслужуваат многу пофалби. Овие луѓе се грижат за својот изглед и успеваат да го извлечат максимумот од секоја ситуација. 4. Детски дезен Маските со пораки се интересни, но ако сте возрасни и носите маска со детски дезен, тоа значи дека сте незрели. Ова е особено точно за луѓето кои имаат неколку вакви маски и ги менуваат секој ден. Од друга страна, ако некој има една таква маска што ја добил како подарок, за него не важи оваа карактеристика. 5. Дизајнерски маски Без разлика дали се оригинални или кинески, често можете да видите луѓе како носат маска со натписот на некој бренд. Овие личности се „модни робови“. извор:кафепеуза.мк]]>

Овој дезен ќе доминира на модната сцена во текот на летото (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-dezen-kje-dominira-na-modnata-scena-vo-tekot-na-letoto-foto/ Thu, 18 Jun 2020 11:35:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154417

Беше голем хит во текот на 90-тите години, а оваа сезона повторно станува актуелен. Овој принт го сакаа сите, а ова лето повторно ќе биде на модната сцена. Без сомнение, повторно ќе ги освои срцата на сите дами. Овој шарен принт ќе го најдете на речиси сите парчиња облека, од сандали, маици, па сè до марами за коса. Најдобро од сè е што одговара на сите стилови и не можете да погрешите кога го комбинирате. Ќе ја направи секоја комбинација интересна и сите ќе гледаат во вас. Модните експерти велат дека доколку сакате да бидете во тренд ова лето, набавете барем едно парче со овој дезен. Веќе можете да најдете сандали и капи во сите бои на „бандана“. Доколку изберете панталони или маица со овој принт, ќе имате ефективна и импресивна комбинација без многу труд. Погледнете како модните блогерки го комбинираат овој принт.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Arizona Love (@arizona.l.o.v.e) on

View this post on Instagram
 
A post shared by Sandra Semburg (@sandrasemburg) on

View this post on Instagram
 
A post shared by S T R E E T S T Y L E (@streetstyleout) on

View this post on Instagram
 
A post shared by Каталог изделий от Антоновой (@fashionknot) on

извор:кафепауза.мк]]>