девојќе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 01 Dec 2018 08:57:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png девојќе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се породи Наташа Мерсовска: Првото – девојче, второто во најава! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-natasha-mersovska-prvoto-devojche-vtoroto-vo-najava-foto/ Sat, 01 Dec 2018 08:57:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60852

Убавата и шармантна уредничка на бизнис вестите на ТВ Сител, Наташа Мерсовска за прв пат стана мајка. Таа својата врска најпрвин ја круниса со брак со својот избраник Александар, а деновиве се породи во една приватна скопска клиника донесувајќи на свет живо и здраво девојче.
Малечката доби необично, но убаво и модерно име - Каја! Откако ги минаа стандардните породилни процедури, мама Нате и малата Каја си дојдоа дома. А пред да стапне во својот дом, малата убавица ја направи и првата заедничка семејна фотографија со мама и тато на излегување од породилиштето.
Новинарката на економската редакција на ТВ Сител пак, групниот семеен портрет го постираше на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук профил. Покрај фотографијата постиран и текст со благодарност до лекарската екипа која како што самата Мерсовска вели, „се погрижила  на свет да ја донесе малата убавица и покрај ризичната бременост“.
Она што следи во продолжение е најинтересно. Поздрав и најава за повторна средба: „Се гледаме за две години“! Дали тоа значи дека Наташа и сопругот веќе го испланирале и второто дете?
Како и да е, две нешта се сигурни: Како прво, нека им е жива и здрава малата Каја и цел живот да ги прави горди и среќни родители, а како второ... Уште отсега е очигледно дека кај Мерсовска, штркот бргу ќе се врати!]]>