девојка јана спирковск – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Feb 2023 10:40:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png девојка јана спирковск – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Антониа Гиговска уште една млада пејачка ќе биде снашка во фолк фамилијата Спасенцовски: На повидок дупла свадба? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-antonia-gigovska-ushte-edna-mlada-pejachka-ke-bide-snashka-vo-folk-familijata-spasentsovski-na-povidok-dupla-svadba-foto/ Tue, 21 Feb 2023 09:27:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289768

Антониа Гиговска ја изненади јавноста со серијата случувања во приватниот живот. По првиот шок дека не е повеќе во врска со пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов, следуваше и оној вториот - афтершок, кога се дозна со дека го изневерила со еден од неговите (нај)добри другари, музичарот Роберт Спасенцовски. Не помина долго време, пејачката кулминираше  со веста дека е во блажена состојба и наскоро ќе се оствари во улогата на мајка. За Роберт Спасенцовски, алиас Џокер, се знае дека покрај тоа што влета во љубовна врска со младата пејачка, дека е и дел и од нејзиниот придружен бенд. Инаку младиот хармоникаш и сајзерист е постариот син на фолк пејачот и музички педагог Бобан Спасенцовски. Она што е помалку познато е дека музичкото семејство Спасенцовски има уште еден член кој е во музико-естрадните води! Имено,  помалиот брат на Роберт и син на Бобан, Александар Спасенцовски е исто така музичар, одосно пејач. До душа не така познат и медиумски експониран, иако јавноста она што прво поконкретно можеше да го слушне и види од него на пример, се неговата прва авторска песна и видеото за истата насловени „Лавиринт“, кои се појавија кон средината на месец септември минатата, 2022 година.   Но, за естрадно-семејната приказна кај Спасенцоски да биде до крај заплеткана како лавиринт, се погрижил и најмалиот Александар, кој исто така „ќарил” пејачка и тоа онаа од неговиот бенд. Информациите велат дека во прашање е Јана Спирковска, која настапува заедно со Александар во истата музичка група, односно акустичното трио. Инаку, Спирковска за брзо време ја освои публиката со нејзиниот убав глас, лик и стас на кој по се изгледа не останало рамнодушно и имуно и срцето на нејзиниот колега Александар Спасенцовски. Таа остави силен впечаток со својот забележителен настап на последниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип со изведбата на песната „Дел од себе“. Така, покрај Антониа Гиговска и новата несудена „снашка”  во семејството Спасенцовски е повторно пејачка. Или што би се рекло, двајцата браќа, Роберт и Александар случајно или намерно се погрижија  семејството Спасенцовски да биде 100 % комплетно музичко. Како потврда на естрадната љубов со колегата, Јана објави и фотографии со Александар на која двајцата изгледаат заљубени до уши. Можеби насловот на макфестовската песна на Спирковска - „Дел од себе“ се однесуваше токму на него? Александар пак, непосредно пред Нова Година  објави своја песна визуелизирана со лирик видео посветена на Јана, која носи наслов: „Желба новогодишна“. Засега љубовните желби на двајцата браќа се остваруваат, а да веруваме дека остварувањата во семејството Спасенцовски и вечно ќе траат. Останува да видиме дали можеби почетокот на ваквата двојна естрадно-љубовна семејна сага, ќе биде крунисана и со дупла свадба во фамилијата Спасенцовски!? Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм/Фејсбук  ]]>