девојчето со долгата коса – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png девојчето со долгата коса – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефанија низ уметнички крик повикува на себеосвестување кон татковината, зашто сега најмногу сме и потребни во – „Бегаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-niz-umetnichki-krik-povikuva-kon-sebeosvestuvane-kon-tatkovinata-zashto-sega-najmnogu-i-sme-potrebni-vo-begash-video/ Mon, 19 Feb 2024 12:50:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339232

Овој видео запис е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023-та година. „Бегаш“ е крик на македонската уметница Стефанија, пејачка, која аудио визуелно ја доловува колевката на македонскиот народ и повикува кон себеосвестување, осврт кон својот корен, кон својата земја, кон својата вистина. Песна која ги повикува сите кои бегаат од својот дом да погледнат наназад од таму каде што стигнале и да ја вратат својата љубов кон земјата што ги израсна, затоа што сега најмногу и се потребни. „Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе станува и ограничен во својот израз. Јас го одбирам патот на љубовта, покрај сите потешкотии, без поддршка од Општина, од држава, сама создавам и творам со целото срце. Безнадежно е, но нема да Бегам од СЕБЕ, нема да Бегам од својот корен, нема да Бегам од својата Боженствена мисија. Сé е минливо, а делата остануваат! Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, составен е од авторска музика и текстови на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Претходно направениот аранжман на Петар Димитровски, добива нов аранжман од Стефанија, на кој свири гитара Владимир Враниќ, а нов микс и целосен мастеринг прави Владимир Аговски, кој на магичен начин ги спаси старите демо верзии и ги оживеа во нови дела.   Прекрасните видео записи ги изработува уметникот зад камера Владимир Бошковски, а видео монтажа и режија прави сама Стефанија, која всушност е и продуцент на делото со Аудио и Видео Продукцијата – Welcome to Stefanija’s Music World. Локациите на кои се снимаше спотот се местата од кои е посебно инспирирана – Анастасија Центар Битола (Anastasija Center – Performing arts, Fashion, Dance & Music Center) и еден од најстарите и најубавите манастири во Македонија Манастирот Трескавец – Света Богородица (Прилеп), издигнат високо над карпите со поглед кон Баба, Кајмакчалан и Бабуна, го има најстарото фрескосликарство од XIV век. Идејата е да бидат презентирани убавините, природните богатства и историските наследства на Македонија. Сите костими кои ги носи Стефанија се дело на нејзината мајка, моден дизајнер Анастасија Зулевска. За фризурата на Девојчето со долгата коса се погрижи Габриела од салонот со претставништво во Чикаго (Goran Coban/Chicago Hair Salon). ]]>

Запознајте го „Девојчето со долгата коса“: Стефанија е „Едно моме“, кадарно за многу нешта (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-go-devojcheto-so-dolgata-kosa-stefanija-e-edno-mome-kadarno-za-mnogu-neshta-video/ Tue, 12 Dec 2023 07:28:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330755

Новиот видео запис на Стефанија за песната „Едно моме“, дел од албумот „Девојчето со долгата коса“ кој неодамна беше промовиран во Анастасија Центар од Битола, во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, авторска музика и текст на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, микс на демо прави Петар Димитровски, нов микс и мастеринг доработува Владимир Аговски. Гости во песната се Владимир Николиќ на труба и Владимир Враниќ на гитара. Видеото го сними Владимир Бошковски, а видео монтажата ја изработи Стефанија. Аудио и видео продукција е на Welcome to Stefanija’s Music World. Костимите се на Анастасија Зулевска, комбинација од колекците „Бесконечност“ и „Петте елементи“, а за фризурата се погрижија стилитите „Goran Coban “, со салони во Чикаго. Во видео записот е вклучено делото насловено „Ден без дожд“ на уметницата Бојана Артиновска. Дел од видео записот на песната е снимен на познатите „Диховски капејнци“, со цел да се пренесе поврзаност, почит и восхит кон природата, да се пренесе инспирацијата која ја добиваат битолчаните од убавините на планината Баба со врвот Пелистер, преточувајќи ја понатаму во музика, откако се враќаат во градот, односно во креативната Битола. Стефанија, на промоцијата, ја долови поентата на самиот албум дека „Девојчето со долгата коса“ е всушност таа, малото девојче кое од дете расте и се развива на сцена, се пронаоѓа, прераснува во свесна личност, повторно се враќа на основните и суштински детски потреби, односно вистинските вредности како хуманост, љубов и среќа. Се открива себеси како единка која се наоѓа на ова македонско тло, носејќи ги со себе менталитетот и културата кои влијаат врз градењето на една личност. Опеано е тоа моме или девојче кое сака да споделува љубов и среќа, да помага на другите и да биде вистински поврзано со својата душа, давајќи акцент на природната убавина. Албумот е како една автобиографска музичка приказна која пренесува пораки и сите песни се поврзани една со друга. „Едно моме“ е прв од низата видео записи кои следуваат наскоро од Стефанија, а истиот проследете го во продолжение... ]]>