детско село – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Jan 2023 10:19:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png детско село – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ракометно-естраден спектакл: Македонската репрезентација против селекцијата на ветерани и богата музичка програма https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-sc-boris-trajkovski-rakometno-estraden-spektakl-makedonskata-reprezentacija-protiv-selekcijata-na-veterani-o-bogata-muzichka-programa/ Tue, 03 Jan 2023 06:34:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282518

Сите билети за ревијалниот натпревар меѓу македонската ракометна репрезентација и селекцијата на ветерани се распродадени. – Билетите за хуманитарниот ракометно-музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА!! Се гледаме! – објави Ракометната федерација на Македонија. Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните. Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која учество потврдија македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Сите приходи од настанот „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село. Спортско музичкото шоу ќе почне вечер во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.]]>

„Место со срце“, нова кампања на СОС Детско село https://arhiva.vistina.com.mk/mesto-so-srce-nova-kampanja-na-sos-detsko-selo/ Wed, 27 Dec 2017 10:19:51 +0000 http://vistina.mk/?p=7931

Од 27 до 29 декември ќе има 22 локации низ главниот град на Македонија, Скопје, кои ќе се претворат во места каде се негува сржта на празничниот дух, хуманоста и подарувањето радост. Овие локали и ресторани се дел од кампањата „Место со срце“ на СОС Детско село. Оваа тридневна активност има за цел да се подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. СОС Детско село е посветено на мисијата „Топол дом и грижа за секое дете“ и секоја поддршка и помош ќе помогне да згрижат повеќе деца и да обезбедиме ниту едно дете да не расте само и напуштено. Александра Спасевска од СОС Детско село истакнува: „Место со срце е само уште едно надополнување на бројните активности кои ги преземаме за исполнување на нашата мисија. Прекрасно е чувството што ваков голем број на ресторани, локали и игротеки се вклучија оваа година. Ова ни дава надеж и мотивација да продолжиме и во иднина да ја водиме оваа кампања. Се надевам дека еден ден сите ќе имаат желба да се вклучат во кампањата и цел град, и другите градови во Македонија ќе прераснат во Место со срце“. СОС Детско село ги поканува сите кои сакаат да им дадат радост на децата без родители да ги посетат „Фурна“, „Соул кичн“, „Пастрмајлија грил хаус“, „Интермецо“, „Воденица мулино“, „Дукат“, „Бруклин“, „Чептер“, „Тренд“ (сите 4 локали), „Плеј кафе“, „Имагинариум“, „Мартини“, „Мр. Џек“, „Чардак“, „Бела виста“, „Каса Кубана“, „Дион“, „Палма“ и „Сити хол центар“. Тие се директно вклучени во поддршката на кампањата и може да се најдат според уникатниот брендинг на влезната врата или на овој линк.   Бројот за донација за СОС Детско село е: 143 456 #МестоСоСрце и #ТополДомиГрижаЗаСекоеДете]]>