детски евросонг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png детски евросонг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домаќинот Франција повторно победи на детскиот Евросонг: Тамара Грујеска и покрај моќната изведба и импресивниот настап заврши на 12-тото место (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakinot-frantsija-povtorno-pobedi-na-detskiot-evrosong-tamara-grujeska-i-pokraj-moknata-izvedba-i-impresivniot-nastap-zavrshi-na-12-toto-mesto-video/ Mon, 27 Nov 2023 10:18:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328671

Веројатно најпрестижното европско детско музичко натпреварувања Детскиот Евросонг, годинава се одржа викендов во Ница, Франција. Нашата претставничка Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапи шеста по ред и со својот моќен вокал ги воодушеви присутните и во салата и оние кои покрај ТВ екраните го следеа преносот. Со својот импресивен и сигурен настап, Тамара достојно ја претстави Македонија иако на крајот македонската претставничка  се пласираше само на 12-тото место. Првопласирана беше Франција, која втортпат по ред победи на ова детско музичкото натпреварување, а неа овојпат ја претставуваше Зое Клозир и песната „Coeur“(Срце). Зад неа, како второпласирана заврши Шпанија, додека трета е Ерменија. Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и професионалните жирија, во сооднос 50:50 од вкупните поени. Предводничката на македонската делегација Дијана Гогова Атанасова од МРТ, се огласи на својот Фејсбук профил со заедничка фотографија и благодарност до целата екипа и сите останати кои помогнаа во реализиацијата, настапот на Тамара и учеството на Македонија на годинешниов Детески Евросонг 2023. Како изгледаше и звучеше настапот на Тамара, потстете се уште еднаш од видеото во продолжение: ]]>

Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2023 https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-grujeska-ke-ja-pretstavuva-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-2023/ Tue, 16 May 2023 12:28:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302313

Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ја избра Тамара Грујеска за претставник на Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг. Солистката Тамара Грујеска, поддржана од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставува земјава на Јуниорскиот Евросонг 2023 година, кој ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција. Тамара е родена на 02.12.2010 во Гостивар. Своите први почетоци во светот на музиката ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кој ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари. Првиот нејзин настап на интернационален натпревар е во 2021 година на „Езерски Бисери“ во Струга, каде што го освојува Првото место Лауреат I степен. Истата година учествува и на Интернационалниот Фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп каде што освојува највисока Гран при награда со нејзината песна „Музиката во мене има дом“. Истата година учествува и на интернационалниот Фестивал „Шкољкице“ во Нови Сад, Србија каде што повторно освојува Гран при награда. Во 2022 година Тамара учествува и на најпрестижниот фестивал и натпревар во Владимир „Golden Stars Rain“ каде што во конкуренција од 150 натпреварувачи од повеќе земји ја освојува Гран при награда. Гран при награда освои и на меѓународниот фестивал Angel Voice во Белград Србија. Тамара е ученичка во основното училиште „Гоце Делчев“-Гостивар во VII одделение и во Основното музичко училиште „Тодор Скаловски“-Тетово отсек „соло пеење“. Љубовта и посветеноста на музиката ја надградува и со онлајн часови и курсеви кај светски познатата вокална учителка Cheryl Porter од САД.]]>

Лара, Јован и Ирина ја промовираа „My life ahead of me” со која ќе ја претставуваат Македонија на детскиот Евросонг 2022 во Ерменија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-jovan-i-irina-ja-promoviraa-my-life-ahead-of-me-so-koja-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-detskiot-evrosong-2022-vo-ermenija-video/ Fri, 04 Nov 2022 12:57:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274434

Eксклузивна премиера на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Македонија  ќе биде претставена на  претстојната „Детска Евровизија 2022“ се случи вчеравечер, 3-ти ноември во Дневник 2 на МРТ. Песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Лара, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван по промоцијата во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, веќе од 20:30 часот со видеозаписот стана достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest. Автор на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) е маестро Симон Трпчески, музички продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Јован Трпчески и Лара Трпческа. На евровизиската сцена на која годинава ќе се пее под мотото: „Завртeте ја магијата“, нашите мали претставници ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија. Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската Радио Телевизија. Доколку се' уште не сте ја слушнале и виделе видеото, проследете ја  „My life ahead of me” (Животот е пред мене)  во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Децата од „Дајте музика“ со песната „Green Forces” го освоија деветото место на детската Евровизија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/decata-od-dajte-muzika-so-pesnata-green-forces-go-osvoija-devetoto-mesto-na-detskata-evrovizija-video/ Mon, 20 Dec 2021 07:39:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231727

Песната “Green Forces” со која штo детската група “Дајте музика” настапи на годинешната детска Евровизија  претставувајќи ја Македонија, заврши на деветото место. На изборот за најдобра детска песна настапија вкупно 19 учесници, нашите претставниви настапија претпоследни. Македонија најголем број поени доби од Албанија, вкупно 12. Додека македонското жири своите гласови ги подели и тоа на Бугарија(1), Ерменија (2), Азербејџан (3), Малта (4) Полска (5), Франција (6), Србија(7),Грузија (8), Албанија (10) и Русија (12). Количината на поени што публиката ги додели одговара на количината на поени кои ги дава националното жири. Оваа година жирито додели вкупно 1.102 поени (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10, 12 поени x 19 земји учеснички). Поените на публиката се одредија според процентот на добиени онлајн гласови. На пример, ако некоја песна добила 20% од гласовите, тогаш таа добива 20% од достапните поени - поточно 20% од вкупно 1.102 поени, односно добива 220 поени од публиката. Македонските претставници на изборот за најдобра песна на детската Евровизија имаа одличен настап. Понудивме пакет од модерна, хит песна, светска продукција, сигурен настап на децата со увежбана кореографија, солидна вокална изведба, тинејџерски имиџ... Се' што треба еден претставник да поседува на сцената за достојно да ја претстави својата земја, децата од „Дајте музика“ го имаа. Гласањето и пласманот се друга приказна, која како и кај Евросонгот за возрасни, многу малку или речиси воопшто нема допирни точки со музиката. Многу повеќе е стратегија, лобирање, логистика... а најмногу политика... Во која очигледно ние „не играме“ значајна улога за Европа ниту на главниот, ниту на детскиот Евросонг.   Сепак она што е најважно е впечатокот.  Кристина, Анастасија, Миха и Филип - децата од „Дајте музика“ оставија повеќе од силен. Имаа убедлив, достоинствен, сигурен, величествен, модерен настап и такава песна која ја компонираше Роберт Билбилов (музика и аранжман), додека Робин Зимбаков го напиша текстот. Она другото, што е наше - ќе си дојде... Порано или подоцна!   Инаку обедник на годинешниов детски Евросонг е Ерменија која до последен момент, до последните гласови водеше трка со Франција, но на крајот славеа Ерменците, односно нивната млада преставничка „Малена”. Погледнете го уште една  одличниот настап на нашите претставници, на кои Македонија е горда: ]]>

Песната „Green forces“ со која Македонија ќе настапи на Детскиот евросонг 2021 ќе биде промовирана на 12-ти ноември https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-green-forces-so-koja-makedonija-kje-nastapi-na-detskiot-evrosong-2021-kje-bide-promovirana-na-12-ti-noemvri/ Fri, 05 Nov 2021 13:16:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226978

Како што е веќе познато, децата од многу популарната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Деновиве беше објавено кусо видео од снимањето, а сега е потврдено дека песната ќе биде промовирана во јавноста во петок, на 12-ти ноември.  ]]>

Мила Москов ќе ја претставува Македонија на детскиот „Евросонг“ со песната „Fire“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tinejdzerkata-mila-moskov-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-detskiot-evrosong-so-pesnata-fire-video/ Fri, 25 Oct 2019 10:41:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114559

Претстојниот „Евросонг јуниор“ ќе се одржи во Полска, а Македонија ќе ја претсатвува 14-годишната тинејџерката Мила Москов со песната „Fire“, која за неа ја напишаа братско-сестринскиот авторски тандем хитмејкери, Лазар и Магдалена Цветковски. Нашата претставничка била избрана меѓу 18 пријавени пејачи на аудицијата што беше оддржана уште пролетта во просториите на МРТ. Таа е ученичка во ОУ „Кочо Рацин“ во  Прилеп, а има нижа музичка наобразба и искуство со свирење пиано и соло пеење. Мила во 2017 година била дел од фестивалот „Мелфест“ и настапувала на неколку хуманитарни манифестации. Инаку изборот за детска песна на „Евровизија 2019“ ќе се оджи за помалку од еден месец, на 24 ноември во  „Гливице Арена“, во градот Гливице во Полска и на него ќе земат учество малите претставнивци на 19 земји. Тој како и сениоркиот „Евросонг“ е во организација на ЕБУ (Европската бродкаст унија). Слушнете ја песната „Fire“ на македонската претставничка Мила Москов и погледнете го видеото за неа кое го изработи Даниел Јовески: https://www.youtube.com/watch?v=1nzx1qeI-5I]]>

Марија Спасовска со песната „Дома“ и го донесе 12. место на Македонија на детскиот „Евросонг“ https://arhiva.vistina.com.mk/marija-spasovska-so-pesnata-doma-i-go-donese-12-mesto-na-makedonija-na-detskiot-evrosong/ Mon, 26 Nov 2018 11:31:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59748

Во арената „Минск“ во белоруската престолнина вчера, 25 ноември 2018  се одржа 16. издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа рекорден број од 20 земји. Нашата земја, која учествува во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат ја претставуваше 13-годишната Марија Спасовска со песната „Дома“, потпишана од авторите Дарко Димитов и Елена Ристеска. Емотивната балада беше меѓу омилените на евровизиските обожаватели, но сепак не успеа да добие доволно поддршка за да победи на фестивалот, ниту да го собори досегашниот рекорд од највисокото освоено 5. место (2007 и 2008). Имено, нашата Дома“ од стручните жирија доби 64 поени, а од публиката 35, така што со вкупниот збир од 99 поени го освои 12. место,што за нашата земја е дури осми пат да заврши на оваа позиција.
Откако беа објавени гласовите од сите жирија, на ред дојдоа оние од публиката, која гласаше онлајн изминативе два дена. Милионите гласови од гледачите беа претворени во поени, започнувајќи од дваесетина до над сто, така што неизвесноста беше голема до самиот крај, кога победата ја понесе полската претставничка Роксана Венгиел, чија песна „Anyone I Want To Be“ освои вкупно 215 поени.
На второто место се пласираше Французинката Анжелина со темата „Jamais Sans Toi“ (Никогаш без тебе), што е одличен пласман ако се има предвид дека земјата годинава учествува само по вторпат откако се врати во натпреварот по пауза од 12 години, а на третото место заврши фаворитката на жиријата – Австралијанката Џаел со темата „Champion“.                                                                                      Финална табела со поени
Без оглед на крајниот резултат, нашата Марија имаше навистина спектакуларен настап во Минск, а многумина прокоментираа дека оваа моќна балада беше соодветна дури и за големата Евровизија. За сето тоа да биде одлично поставено на сцена се погрижи режисерката Љупка Јакимовска, која се               погрижи „Дома“ да изгледа како бајка.
Честитки за целиот тим што работеше на ова можеби најдобро претставување на нашата земја досега, а како изгледаше и звучеше Марија на евровизиската сцена во Минск дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=0LI1VXv9BIk Извор: РадиоМК]]>

МРТ го претстави видеото за песната „Дома“ со која Марија Спасовска годинава ќе не претставува на детскиот „Евросонг“ https://arhiva.vistina.com.mk/mrt-go-pretstavi-videoto-za-pesnata-doma-so-koja-maja-spasovska-godinava-kje-ne-pretstavuva-na-detskiot-evrosong/ Mon, 22 Oct 2018 10:46:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54117

„Секое дете заслужува топол дом“, порачува Марија Спасовска со прекрасната балада „Дома“, песна со која ќе ги брани боите на нашата земја на детскиот Евросонг, чие 16. издание ќе се одржи следниот месец во белоруската престолнина Минск. За овој прв евровизиски предизвик, 13-годишната надежна пејачка ги здружи силите со еден од нашите најдобри автори со богато искуство на овој фестивал - композиторот и продуцент Дарко Димитров, како и со својата постара колешка и наша евровизиска претставничка со најдобар пласман досега – Елена Ристеска, чиј потпис како коавтор стои на стиховите.
„Иако бев мошне зафатен, кога ми се јавија од МТВ за да направам песна, веднаш се согласив кога слушнав за кое девојче станува збор“, рече Димитров пред премиерата на евровизиската песна во емисијата „Стисни плеј“на МРТ.
„Дома“ визуелно ја дополни и режисерот Чедо Поповски со продукцијата „Сутерен студио“, а во видеото снимено во МОБ, Марија е облечена во креација на Елена Лука, специјално дизајнирана за оваа пригода. Потписот на Лука ќе стои и на креацијата која Марија ќе ја носи на сцената во арената „Минск“, каде што следниот месец ќе се одржи и главниот настан.
Во меѓувреме, Марија вокално се подготвува со професорката Ана Костадиновска, а за сценскиот настап и комплетната кореографија и режија за најдобро претставување на оваа приказна работи со младата и успешна режисерка Љупка Јакимовска, со која соработуваше и за претходните меѓународни настапи, меѓу кои и минатогодишниот „Славјански базар“, исто така во Белорусија, каде што освои трето место како и во оној во Москва, од каде што во април годинавасе врати како победник.
Како звучи и изгледа евровизиската „Дома“ на Марија Спасовска дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=43&v=kx0Xc78exK8]]>

Талентираната Марија ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/talentiranata-marija-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-video/ Fri, 24 Aug 2018 11:29:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44624

Марија Спасовска, ученичка во осмо одделение од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје ќе ја претставува Македонија на 16-то издание на Јуниорскиот Евросонг кој се оддржува на 25 ноември во Минск, Белорусија. Како што информира Македонската радио телевизија, на 18 август се одржала аудицијата за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Јуниорски Евросонг 2018. На аудицијата се пријавиле 11 кандидати, а настапиле десет. Комисијата, како што се наведува, по преслушувањето на сите кандидати едногласно ја избра Марија Спасовска. Според мислењето на комисијата, Марија имала најдобар настап, потврдила дека поседува извонедни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Македонија во Минск. Марија има богато музичко искуство. Има издадено свое ЦД со вкупно седум соло песни и освоено и две втори награди на настапи во Минск, Белорусија и во Струга. Ја доби наградата за трето место на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи. Марија има освоено и други награди и признанија на европската музичка сцена за млади таленти, а има настапувано и во неколку познати шоу програми за млади таленти во регионот каде има постигнато забележителни успеси.  ]]>

Аудиција за претставник на Македонија на Јуниорски Евросонг 2018 https://arhiva.vistina.com.mk/audicija-za-pretstavnik-na-makedonija-na-juniorski-evrosong-2018/ Thu, 09 Aug 2018 12:02:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42068

Аудиција за избор на вокален интерпретатор, кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг 2018, ќе биде одржана во сабота (18 август), со почеток од 10.00 часот, информира Македонската радио телевизија. Пријавувањето за аудицијата, што ќе се спроведе во студиото М-3 на Македонската радио телевизија, е отворено од 6 до 16 август 2018 година. Децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација, што ќе биде одржана на 25 ноември 2018 година. Тие треба да исполнат две композиции по сопствен избор, а дозволен е и караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук аудио ЦД. Овогодинешниот Јуниорски Евросонг ќе се одржи во Минск, Белорусија.]]>