Детската балетска претстава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Mar 2023 13:15:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Детската балетска претстава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 31 март во МОБ: Детската балетска претстава „Петар Пан“ и кај нас https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-vo-mob-detskata-baletska-pretstava-petar-pan-i-kaj-nas/ Mon, 20 Mar 2023 13:15:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294201

На 31 март, во Националната опера и балет премиерно ќе бидат изведени две претстави на детската балетска претстава „Петар Пан“. Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата во претставите од 17.30 и 20.00 часот. Петар Пан е синоним за палавоста, волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен. Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либретото го пее Ѕвончица преку различни песнички. Сценариото и сонговите ги потпишува Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката ја потпишува Владимир Дојчиновски -Дојчин, режија е на Ирена Лозинска а продукцијата на М- Соунд. И уште нешто: Петар Пан е музичко балетски спектакл во кој учествуваат 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл. Билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.]]>