детска програма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Dec 2022 11:42:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png детска програма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „ДромФест – КултурДром“ во вашиот дом на 16, 17 и 18 декемвриво општина Аеродром https://arhiva.vistina.com.mk/dromfest-kulturdrom-vo-vashiot-dom-na-16-17-i-18-dekemvrivo-opshtina-aerodrom/ Wed, 14 Dec 2022 11:41:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279991

За прв пат во Општина Аеродром се оддржува културно уметничка манифестација која во себе содржи: музика, театар, улични артисти, поезија, базар на ракотворби, со единствена цел збогатување на културно уметничкиот живот на жителите на Аеродром и сите останати посетители. Зошто ДромФест? Затоа што заедница без уметност и култура е мртва заедница. Затоа што уметноста и вдахнува живот на заедницата. Затоа што уметноста е потребна секому, а достапна е само некому. Затоа што најголемата скопска општина скоро и да нема манифеатации од културата. Затоа што Аеродром има најголем број музичари, актери, уметници, поети, писатели, ракотворци... Затоа што нема простор, сцена, локација, објект за културни настани. Најпосле, за да покажеме дека на Аеродром му е потребен Дом на култура,  дом за сите уметници - творци, дом на култура за сите аеродромци. ДромФест – музички фестивал, 16 декември, од 17:00 до 24:00 часот, плато позади Капитол Мол. Настапуваат: Ласт Експедишн, Лоши Деца, Лара Иванова, No Name Nation, Пајак, Cruel, Sol Nocivo, Коноп бенд и Ди Џеј Жолти. ДромФест - Базар на ракотворби  е на 17 и 18 декември, од 10:00 до 20:00 часот во ТЦ Бисер. На базарот на ракотворби ќе бидат изложени ракотворби (филигран, слики од срма, врамени везови со македонски фолклор, рачно работени кукли, рачно работен накит, плетени додатоци за облека, новогодишни рачно работени украси....) од членките на Здружение домаќинки на Македонија. ДромФест – детска програма, на 17 декември, од 12:00 до 14:00 часот, во Капитол Мол, на приземје и втори кат. Пантомима шоу со единствениот Кирил Трајковски Максим, Интерактивна претстава за деца со многу забава, хумор и едукативна програма преку техники на пантомимата. Претстава со жонглери и акробати од Фазбабл. ДромФест – Театар на 17 декември, од 20:00 часот во Капитол мол, на трети кат, ќе се одржи театарска претстава „Пациенти“ на театар Провокација. Не ја пропуштајте урнебесната комедија во режија на Ѓорѓи Ризески,  во која играат: Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Радо Алексовски. ДромФест - СтихоДром на 18 декември, од 18:00 часот во Капитол мол, на втори кат, ќе се одржи поетското читање „Стиходром: врзете се поетуваме!“ што „Скопскиот поетски фестивал“ го организира во соработка со „Дром Фест ‒ КултурДром во вашиот дом“, на кој ќе настапат дванаесет поети од Општина Аеродром поддржани со диџеј сет на Кристијан Јордановски. Посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија од: Андреј Ал-Асади, Иван Антоновски, Јулијана Величковска, Диме Данов, Искра Донева, Светла Јакшиќ, Живко Новески, Лилјана Пандева, Димитар Пандев, Дијана Петкова, Глигор Стојковски и Виолета Танчева-Златева. ДромФест – школо за гитара Бојкоски на 18 декември, од 16:00 до 17:30 часот во Капитол мол, на втори кат. Малите виртуози од школата за гитара Бојкоски, ќе приредат незаборавно музичко патување низ класиката, џезот, забавната, рок и народна музика. Ристе Бојкоски e македонски уметник, виртуозен гитарист и професор во „Школо за гитара Бојкоски“. Покровител на фестивалот е Општина Аеродром.]]>

Стартуваше МРТ 5 – новиот специјализиран канал за детска програма https://arhiva.vistina.com.mk/startuvashe-mrt-5-noviot-specijaliziran-kanal-za-detska-programa/ Thu, 09 Apr 2020 13:33:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144232

Ве известуваме дека новиот специјализиран канал за детска програма МРТ 5  започна со емитување програма. Македонската Радио Телевизија, според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, е должна да создава и емитува програми од јавен интерес наменети за широката популација.
Претендирајќи да биде модерен јавен сервис кој има значајно место на медиумската сцена, а со цел реализација на препораките од Владата на Република Северна Македонија, ЈРП Македонската Радио Телевизија почнува со емитување на Детскиот канал на МРТ – МРТ 5, нов ТВ програмски сервис од јавен интерес. Следењето на мислењето и реакциите на јавноста, ја наметна потребата од специјализирани програми наменети за прецизен таргет на публика. Содржини за деца и млади ќе бидат основа за креирање на програмската шема на Детскиот канал на МРТ. Овој нов предизвик за МРТ, всушност претставува континуитет на улогата и влијанието што го има Образовната програма на МТВ во формирањето на личноста на децата и младите луѓе и во градењето на нивниот критериум за вистинските вредности. Современиот пристап во изборот на содржините кои едуцираат, информираат и забавуваат, како и понудата на сите жанрови програма за деца, се гаранција дека Детскиот канал - МРТ 5, ќе има голем број ТВ конзументи од целната група. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку кабелските оператори А1 и Телекабел, ќе можат да го следат новиот Детски канал - МРТ 5, откако ќе ги прескенираат своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите. Корисниците на Македонски телеком, без никаква интервенција, ќе ја добијат можноста да го следат Детскиот канал - МРТ 5. Гледачите кои ги следат програмите на Македонската Радио Телевизија преку DVB-T мрежата на ЈП МРД (односно го примаат сигналот со антена), за да го следат новиот Детски канал - МРТ 5, треба да ги прескенираат програмите на своите ТВ приемници или Сет-топ бокс уредите
]]>

Почина младата ѕвезда на детската програма на „Би-Би-Си“: Маја имаше само 16 години! https://arhiva.vistina.com.mk/tragedija-pochina-mladata-dzvezda-na-detskata-programa-na-bi-bi-si-maja-imashe-samo-16-godini/ Thu, 18 Apr 2019 09:06:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83720

Ѕвездата на програмата за деца на британската „Би-Би-Си“, Маја Леција Нејлор, почина на 16-годишна возраст. „Со неизмерна тага мораме да соопштиме дека за жал, Маја-Леција,  од детските сериии "Millie Inbetween" и "Nearly Never", почина. Маја-Леција беше сакан лик и дел од детското семејството на „Би-Би-Си“. Таа беше исклучително талентирана актерка, пејачка и танчерка. Многу ќе ни недостига“ -стои во објавата, во која не е наведено која е причината за смртта на девојчето.
Оваа тажна вест тукушто беше објавена од страна на Би-Би-Си на нивната веб-страница.]]>