детска евровизија 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 28 Nov 2017 12:42:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png детска евровизија 2017 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Втора победа за Русија, 12-то место за Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vtora-pobeda-za-rusija-12-to-mesto-za-makedonija-video/ Tue, 28 Nov 2017 12:42:54 +0000 http://vistina.mk/?p=5048

Во Олимписката палата во главниот град на Грузија, Тбилиси, денеска се одржа јубилејното, 15. по ред издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа претставници на 16 земји. Македонија, која се влучи во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат учествуваше по 13. пат, а наша претставничка годинава беше талентираната Мина Блажев, која се натпреваруваше со темата „Dancing Through Life“, потпишана од Александар Масевски.

https://www.youtube.com/watch?v=rDUASNf0l4c Младата пејачка имаше одличен настап на евровизиската сцена во Тбилиси, а според гласовите и од стручното жири и од публиката, нејзината песна се пласираше на 12. место, што воедно е седми пат за Македонија да го има овој пласман. 1Гласови од стручните жирија Ова јубилејно издание на популарниот фестивал понуди навистина одлични песни, а како што можеше да се забележи и од гласањето, најголеми фаворити беа домаќинот Грузија и Русија. Токму меѓу овие две земји се водеше најтесната битка, но сепак, сосема заслужено, победата ја понесе руската претставничка Полина Богусевич со нејзините „Крилја што освоија вкупно 188 поени. Ова воедно е втора победа за Русија, која претходно триумфираше во 2006 година со близначките Толмачеви, познати и за возрасната евровизиска публика по учеството на стандардната верзија на фестивалот во 2014 година, кога се пласираа на 7. место. https://www.youtube.com/watch?v=bMj52qjlLIU Со само 3 поени помалку (185), на второто место заврши грузијскиот претставник Григор Кипшиџе, а со 172 поени третопласирана беше Австралијанката Изабела Кларк. 2Вкупен резултат од гласовите од жиријата и од публиката За разлика од стандардната „Евровизија“, јуниорската верзија не се одржува во земјата што победила, па така следната година младите евровизиски обожаватели ќе се дружат во главниот град на Белорусија, Минск. Како што спомнавме, ова беше 13. учество за Македонија, чиј најдобар пласман досега сè уште е 5. место, кое го освоија Росица и Димитар во 2007 и Боби Андонов во 2008 година, додека најлош пласман, односно на последно место сме се пласирале во 2006, 2013 и 2015 година.
Настапот на Мина, како и победничката песна на Русија можете да ги погледнете погоре, а доколку го пропуштивте директниот пренос на МРТ1 или онлајн, целата манифестација можете да ја прегледате овде.
 
]]>