детенца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Dec 2019 07:34:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png детенца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога познатите беа деца: Ги препознавате ли слатката мала „крофна“, струмичката „пулицајка“ и скопското „магаренце“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-poznatite-bea-deca-gi-prepoznavate-li-slatkata-mala-krofna-strumichkata-pulicajka-i-skopskoto-magarence-foto/ Tue, 10 Dec 2019 08:52:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122988

Постои една позната изрека која вели: „Ѕвездата е родена“, ама пред неа постоои уште една многу постара, наша поговорка, која пак кажува: „Никој не се родил ниту учен, ниту славен“... Така и нашите, македонски естрадни фаци не се родиле познати, иако рака на срце, некои од нив веќе потекнуваат од многу познати семејства, од каде ги наследиле талентот во гените и уште во старт дел од славата! На овие три фотографии се две девојчиња и едно момче. Тогаш само слатки мали дечиња во предучилишна возраст, денес познати и етаблирани естрадни имиња. Сите тројца и припаѓаа на естрадата, а оној од посилниот пол и на глумата. Но, да тргнеме со ред... Русокоса и тогаш и денес, со симпатични детски црти на лицето и невин поглед... Впрочем како и секое детенце на таа возраст. Помалку збунета на фотографијата на која главна играчка покрај нејзиното кученце од бел плиш, е полицискиот мотор... И тој играчка се разбира. „На времето ка сакаах да станам пулицајка“ - напишала на својот „мајчин“ струмички дијалект денес познатата девојка која сепак не стана полицајка. Пендрекот го замени со микрофонот, а полициската станица со естрадната сцена. Ако се' уште не ви е јасно за кого се работи и не ја препознавате, пејачката Александра Јанева е подготвена да ви слета како комета за да го поправи или развесели вашето расположение со својот моќен вокал и нејзините песни.
 
View this post on Instagram
 
Тино Стојановски на гитара и клавир. ?

A post shared by Aleksandra Janeva (@aleksandrajanevaofficial) on

Втората русокоса малечка денес и е колешка на првата, а на фотографијата е девојченце во розово издание, со широко отворени очи, симпатична насмевка, слатка како... „крофничка“! А, „слатката мала крофничка“,  денес е предводник на дамите од новата пејачка генерација на естрадата. Со моќен вокал и веќе доволно стекнато искуство, на добар пат е да ја покори не само домашната сцена туку и регионот. Можеби звучи претенциозно и невозможно, но... „Никогаш не вели никогаш“, како што пее и самата таа - Антониа Гиговска. За крај, тој, единственото момче меѓу двете девојченца тогаш, или единствен џентлмен меѓу двете дами денес. Најпознат од сите нив, како впрочем и од многумина други, со најдолг стаж и најголемо искуство. И на естрадата и на штиците што живот значат, телевизијата, филмот... Мултимедијален уметник, актер, водител, пејач, забавувач, шоумен... „Шо убаво дете бев, шо магаре станав“ - напишал покрај фотографијата на која се присеќа на 25 годишнината од премиерата на неговата монодрама „Детски работи“. Самарот на животот и сопствената судбина се уште го носи на грбот, иако ова самарче не е она - волшебното... „Староста доаѓа“, а неговата популарност, важност и значење не проаѓа... Да, да... маестро Игор Џамбазов се крие зад ликот на оној „жолтоклунец“ во плетени куси панталончиња кој стои... со прстот в уста! ]]>